Колку е Балканот дефектен?

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Кај што влегла Америка и се замешала во политика се е то дефект
ремонт не не оправат " судбина "
 
Таква е темата па морам да ги споменам (валда нема да ја утнам темата)...злото се партиите кои последните години засилено работат на угнетување на секаков обид за слободно мислење и делање.
Кога се нема визија ни пари ни економија...
Мислам, се знае што е. Проблем е што никад нема да се реши тоа корумпираност, грамзивост и желба да се покаже моќ и надмоќ над другите, а сето тоа само и исклучиво преку тие (простете и бришете ако треба) проклети партии.
Партиите, платите, неказнување на стопанскиот и политички криминал, корумпираноста и безработицата (кои се повторно последица на партизираноста). Отвори весник -избори, пушти тв -избори. Преку глава
 
"Колку е Балканот дефектен?" - Damaged beyond repair!
 
Доволно дефектен да не се поднесуваме едни со други, недоволно дефектен да се почне од почеток, на ново... Западо барем испукат се едни со други, мине и мерако и одат напред... На нас никак мерако не ни мине... :-)
 
Смешно е Балканот да се споредува со останатиот дел од Европа кога до пред еден век бевме под Турска чизма, потоа следеа Балканските војни(1ва и 2ра), па светските војни, промена на системи и.т.н. и.т.н.
Смешно е Балканот еве да речеме конкретно нашава држава да се споредува со некоја земја од внатрешноста или од западот на Европа или пак со САД и.т.н. кога до пред неколку децении 90+% од Македонското население беше тотално неписмено ... после војната(2 с.в.) за првпат овдека е започната помасовна еманципација на населението, индустријализацијата, масовната преселба на населението село-град и.т.н.
Што мислите дека за неколку децении(50ина год.) можеш еден народ да промениш за 360 степени, тоа е невозможно, потребно е уште многу време да се оправат работите(пред се ментално) !
Генерациите што сега доаѓаат на свет можеби ќе бидат прави Европјани, а сето останато(што денес мрда) е загадено со Балкански синдром ... и старо и младо и машко и женско ... некој помалку, некој повеќе ... економијата ни е лоша поради општо крајната неорганизираност во нитуедно поле, национализмите кои сеуште се живи на Балканот се поради сеуште ниското културно-цивилизациско ниво на Балканците ... и ред други работи ... секој што бил во странска земја(зборам за нормалните земји) или пак секој што остварил контакт со странец ја осетил разликата ... се е до главата, ако се има памет ќе се има се, ќе се има организираност а со самото тоа и подобра економија и изчезнување на национализмите и воопшто омразата помеѓу луѓето ... мада такво нешто овдека нема шанси да се случи ниту во поблиска ниту во подалечна иднина !
 
Как шо пишат тука повеќе човеци, излева оти ние уопште не можеме да различеме добро од лошо.
Интересно. :)
 
Кај што влегла Америка и се замешала во политика се е то дефект
ремонт не не оправат " судбина "

Каде и кога тоа Америка влегла кај нас овдека ...
Мислиш на Американските(НАТО) трупи што беа во БиХ(СФОР), мислиш на НАТО трупите во Косово(КФОР), мислиш на онаа тврдинана на Кале ... не зезај, тоа е само симболика, амбасада, два-тројца Американци има во државава(во таа амбасада/тврдина) и тоа е се ... камо среќа да бевме навистина под Америка(макар и окупирани) сигурно ќе бевме подобри од она што сме сега, мало изолирано гето на крајот од Европа !
Камо среќа барем малку да сме со Америка ... но не, ние сме едно изолирано гето на крајот од Европа и тоа е тоа ...
Кога една Албанија не помина, па и кога едно Косово(вчера станаа држава) ни се приближува и ќе не помине ... нема што воопшто да се прави муабет !
--- надополнето: 11 март 2013 во 18:06 ---
Как шо пишат тука повеќе човеци, излева оти ние уопште не можеме да различеме добро од лошо.
Интересно. :)

Како и да е за едно 50 год.(по мои проценки) ќе тргнат работите кон подобро ...
П.С. Доколку остане некој човек во државава до тогаш ... што е знак прашалник ... со оглед на нискиот наталитет од една страна и иселувањето на младите од друга страна ...
Подобро човек да биде макар и роб(некаде на запад), отколку тука да лежи во гроб ... :)
 
Можеби за тебе е симболика потикнувањето на војни и немири како во србија подржувањето на косово и албанија да дивејат не само на балканот туку и во либија ирак иран и не знам уште каде имат потикнато војни и немири
 
Можеби за тебе е симболика потикнувањето на војни и немири како во србија подржувањето на косово и албанија да дивејат не само на балканот туку и во либија ирак иран и не знам уште каде имат потикнато војни и немири

Не бе не ни треба Америка, не ни треба ниту Европа, ниту никој ...
... тоа сме си што сме си мало е*ано и изолирано гето на крајот од Европа ...
 
Не бе не ни треба Америка, не ни треба ниту Европа, ниту никој ...
... тоа сме си што сме си мало е*ано и изолирано гето на крајот од Европа ...

А кој не направи нас то ти шо викаш ебано гето на европа
сега им се лижиме на европа и америка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom