Денес во јавноста многу малку се зборува за Мировна конференција во Букершт одржана од 30. VII до 10. VIII 1913 година. На оваа мировна конференција одржана по Втората балканска војна учествуваа делегации на државите-победнички: Србија, Црна Гора, Грција и Романија, од една и на поразената Бугарија, од другата страна. Единствено Турција, која учествувала во војната, не учествувала на Мировната конференција во Букурешт. На првата седница била усвоена одлука за запирање на непријателствата, за воспоставување цврст мир и правична рамнотежа на силите на Балканот. На седницата одржана на 7. VIII биле усвоени новите граници, а Конференцијата завршила со потпишување на Мировниот договор на 10. VIII 1913 г.
Со Букурешкиот мировен договор меѓу Грција, Србија, Црна Гора и Романија, од една, и Бугарија од друга страна, била извршена поделба на териториите по промените создадени со војната и утврдиле нови граници. Македонија била поделена меѓу Грција, Србија и Бугарија. Србија го задржала окупираниот Вардарски дел од Македонија, без Струмичко, а Грција окупираниот Егејски дел од Македонија на исток до реката Места во Егејското Море. На Бугарија и бил оставен најмалиот Пирински дел од Македонија.
Токму 10 август 1913 година Македонија беше распната на крст и сета подоцнежна историја на Библиската земја беше исполнета со трагични настани предизвикани од нејзините окупатори. Од тој пекол кои го создадоа соседите и „братските народи“, единствено делот кој беше под српска власт успеа да се ослободи и да создаде своја независна и суверена македонска држава.
Но, тоа не значи дека престанаа сите маки на македонскиот народ. Речиси истите тие кои ортачки ја поделија Македонија во 1913 година, цел еден век продолжуваат со истата политика кон македонскиот народ, притоа непочитувајќи ги меѓународните пресуди, договори, ниту пак конвенциите за човековите и малцинските права. Денес, во Егејскиот и Пиринскиот дел од Македонија на македонскиот народ му се оспорува правото на името, јазикот и црквата, му се случува асимилација и геноцид.
Наместо Европа и светот да превземат мерки да ја дисциплинираат Бугарија и Грција за да ги спроведат мерките за кои се имаат обврзано пред маѓународната заедница, тие преќутно го дозволуваат геноцидот врз македонскиот народ во окупираните делови.
Со ваквиот однос кон македонското прашање, меѓународната заедници не ги исполнува своите обврски прифатени со Договорот од Севр од 10 август 1920 година, кој стапил на сила на 6 август 1924 година, а кои значат гаранција од страна на Друштвото на народите за малцинските права. Овој договор кој се однесува за правата на малцинствата посебно во рамките на грчката држава важи и денес.
Но, како и колку се исполнува, и зошто не реагира меѓународната заедница е сосема друго прашање
Одредени делови од Договорот кои се однесуваат на Грција го говорат следното:
Член 7 – 14
„Сите грчки националности ќе бидат еднакви пред законот и ќе ги уживаат истите граѓански и политички права без разлика на расата, религијата и јазикот“;
„Не ќе се наметнуваат ограничувања на слободната употреба на јазикот..“
„Грција ќе овозможи, во поглед на државниот образовен систем, во градовите и во окрузите во кои живеат значителен број на националните заедници, различни од оние што зборуваат грчки, да бидат изградени адекватни капацитети во кои ќе се осигура дека во основните училишта наставата ќе се изведува на исто ниво како и за оние каде што таа настава ја следат на грчки јазик“;
Во членот 9 кој носи посебни одредби за жителите на териториите кои по 1.01.19013 година биле припоени кон Грција (се однесува за Тракија и Македонија) се вели дека:
„Во областите и градовите во кои живееле значителен број на граѓани кои зборуваат друг јазик, различен од грчкиот, на овие малцинства им се дозволува настава на мајчин јазик во училиштата.
Исто така Грција се согласила на обврската да биде ставена под гаранција на Лигата на народите, како и тоа дека Грчката влада се согласила во врска со несогласувањето, спорот, ако другата страна смета дека има потреба, може да се обрати до Постојаниот суд на меѓународната правда. Одлуката на Постојаниот суд ќе биде конечна и ќе има иста силина и дејство како одлука според членот 13 од Конвенцијата на Лигата на народите“.
Потписници, односно верификатори на Договорот (земји кои секогаш може да поведат расправа или спор според членовите од договорот) се:
Британија, Франција, Италија, Јапонија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка и Индија.
(извор:Севол Брага, Правата на ароманското малцинство во Грција, Скопје, 2004)
Сепак и покрај овој Договор, Грција никогаш во текот на овие 99 години не ги почитувала правата на македонскиот народ. За неа е неважечка и одлуката на Меѓународниот суд на правдата и таа продолжува Македонија да ја попречува да стане членка на ЕУ и НАТО.
За ваквиот однос на Грција молчи меѓународнта заедница, како што молчеше и сеуште молчи за геноцидот извршен врз македонскиот народ во Егејскиот дел од Македонија. Сеуште молчи и за децата бегалци кои сеуште неможат да се вратат на своите родни огништа ниту пак да си го повратат имотот доколку не се пишат како Грци по род.
Грција е срамот на Европа.
Меѓутоа, Европа и светот можат да се поправат. Наредната година ќе поминат точно 100 години од Мировниот договор во Букурешт.
Редно е по речиси стогодишна голгота, на македонскиот народ да му се насмее среќата.
99 години од Букурешкиот договор
.