- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 1.255
Големо Kосово е поголема опасност од голема Албанија
Екстремизмот што би се појавил при поделба на Kосово лесно би се прелеал во Македонија, оценуваат експертите
Развојот на настаните околу северно Kосово, особено варијантите за поделба или размена на територии се најголемиот безбедносен ризик во регионот затоа што можат да предизвикаат екстремизам кој може да се прелее и во Македонија, оценуваат безбедносни експерти. Белград и Приштина с` уште немаат договор околу најгорливото прашање - статусот на заедницата на српски општини на Kосово, а косовскиот премиер Хашим Тачи е на удар на партијата Самоопределување, која и самите преговори ги смета за предавство, наведува професор Томе Батковски од Факултетот за безбедност во Скопје.
- Во Kосово, реално е да се очекува развивање протести во врска со преговорите со Србија, пред с`, од партијата Самоопределување, што има не толку мало влијание меѓу албанската популација во Македонија. Значи, прелевањето на екстремизмот од овој вид во Македонија може да се очекува, особено ако бидат „разиграни“ одредени варијанти на поделба на Kосово со барање решение за „Северно Kосово“, од една страна, и за „Источно Kосово“ (Прешево-Бујановац-Медвеѓа), од друга - оценува Батковски.
Според него, засега не би можела да се даде попрецизна претпоставка за тоа како ќе завршат преговорите меѓу Kосово и Србија.
- Во секој случај, стабилизирањето на состојбата помеѓу Kосово и Србија е исклучително значајно и за Р. Македонија. Имено, во безбедносна смисла, би спласнала националистичката тензија на Kосово, а истовремено би се смириле и тензиите во Прешевската Долина, со што би се намалил, објективно, и притисокот врз Македонија од северната страна - смета Батковски.
И пензионираниот полковник Благоја Марковски, доктор на военополитички науки, се согласува дека Kосово е клучно за регионалната безбедност.
- Се менува сликата за голема Албанија. Албанците во Албанија, Kосово, Македонија, Црна Гора и во Грција имаат повеќе разлики отколку сличности. Но разликата не важи помеѓу Албанците во Kосово, Црна Гора, Македонија и во јужна Србија и тие многу лесно би се закотвиле во нова држава големо Kосово, до што би се дошло со размена на територии – северно Kосово за јужна Србија - Прешевската Долина, на што би се приклучиле и северозападниот дел на Македонија и деловите од Црна Гора каде што живеат Албанци. Во прилог на оваа идеја е и големата роднинска поврзаност меѓу Албанците на овие територии, кои, затоа, се и најгласни, ако не во сегашната состојба, да се поврзат со зачленување на сите земји во ЕУ кога границите ќе станат ирелевантни – смета Марковски.
Сепак, интерес на меѓународната заедница е регионот што поскоро да се стабилизира и затоа веднаш реагира на големодржавни претензии, нагласува професорот Батковски.
- САД, НАТО и ЕУ, поради своите пошироки сфери на интерес и влијание, немаат интерес од дестабилизирање на регионот, напротив, настојуваат што побрзо да дојде до стабилизирање на севкупните состојби, а во таа смисла, пред с`, до пресекување во корен на какви било големонационалистички посегања – оценува Батковски.
Тој наведува дека позитивниот развој на односите меѓу Србија и Хрватска, кои најавија можност да ги повлечат меѓусебните тужби за геноцид пред Хашкиот трибунал, ќе придонесе за стабилизирање на целиот регион.
Двајцата аналитичари се согласуваат дека иако високи функционери во Албанија знаат да направат испад со изјави за големоалбански претензии, веднаш добиваат реакции од меѓународната заедница и остануваат лојални на евроатлантските аспирации. Во Босна и Херцеговина не се очекува поместување во внатрешната состојба. Според Марковски, застојот на демократскиот развој и криминалните групации во Бугарија довеле до пад на владата, а профашистичкото движење во Грција е резултат на кризата и многу лесно може да се искорени со помош од ЕУ, која ~ е извонредно наклонета на земјата. Марковски оценува и дека Србија ги продлабочува врските со Русија, особено во одбраната, безбедноста и кризниот менаџмент.
БЛАГОЈЕ ГРАХОВАЦ, АНАЛИТИЧАР
Балканот пати од братство и единство на политичарите, мафијата и службите
Балканските држави треба што поскоро да се обединат, прво во соработка на поранешниот југословенски простор, па регионално, и сите да влезат во ЕУ за да се стесне просторот за ординирање на државните и воените служби, на парадржавните, паравоените служби и на мафиите, затоа што сите тие се во големо бра тство и единство, смета пензионираниот генерал Благоје Граховац, геополитички аналитичар од Црна Гора.
- Западен Балкан е многу загрозен од разни државни и воени служби, разни мафии, од албанскиот екстремизам и од клерството. Тоа се гледа низ организираниот криминал и корупцијата, кои во Западен Балкан сите народи и држави ги држат во „прегреана состојба“ - оценува Граховац.
Според него политичките елити громогласно ја раскажуваат приказната за европски и евроатлантски интеграции.
- Токму ним не им одговара интеграција во ЕУ и во НАТО бидејќи ако влезат, таквите политички елити мора да преминат во други државни институции - во затвори – смета Граховац и вели дека лобистичката мрежа на балканските политичари е „најопасната корупциска мрежа во светот.“
- Брисел и Вашингтон мислат дека добро си ја сработиле работата, а тајкуните и олигарсите од Истокот се задоволни бидејќи бизнисот на Западен Балкан им цвета. Политичките елити и мафијашите ја држат состојбата вжештена преку развивање екстремен национализам кај сите народи.
Заклучокот би бил дека тука дошло до спрега на геополитички игри и организиран криминал на највисоко можно ниво - нагласува аналитичарот.
Граховац нагласува дека е загрижен од т.н. трансферзала на радикален ислам, за која некои аналитичари предупредуваат дека се формира низ балканските земји, но уште повеќе од „православниот фундаментализам“.
- Има и исламистичка, но би рекол дека православно-словенскиот е најголем фундаментализам на Балканот бидејќи токму тој фундаментализам, особено изразен низ православните цркви, не дозволува помирување на христијанските народи. Тоа најсилно овозможува меѓупростор за исламска трансферзала – смета Граховац
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0584F6E53249B24B8966956D8D0B7B7F