Аврам бил од Бога искушуван: Бог имал намера да види до која граница може да „оди„ Аврамовата послушност кон Бога. Аврам покажал подготвеност да оди „до крај„, но бил убеден дека, покорувајќи се на волјата Божја, чини праведно дело. Така, Аврам имал можност да одбере: да одлучи дали ќе убие по Божјото наведување или нема да убие, одлучувајќи во својот ум.
Но, гледам дека цело време намерно ја кратиш приказната за Аврам, оти на крајот од истата, Аврам не изврши убиство, така да Исак не беше убиен.
Ич не се секирај, не си ни првиот, а ниту последниот кој сака кривицата за секое зло во Светов да Му ја припише на Бога, оти тоа веќе го стори Адам, набедувајќи Го Бога дека Он му ја дал Ева (на Адама) и дека Он е крив што (самиот Адам) ја „утнал„ работата, обвинувајќи ја и Ева за својата грешка, а не само Бога...