Мајка Текла Фамиглиети води цело мало царство од хотели, ресторани и гостински куќи ширум светот, а таа оставила и значајна трага во Ватикан и Католичката црква.
Мајка Текла е ортодоксна предводничка која што ги научила правилата на играта и стекнала огромна моќ во светот на мажите во Рим. Имено, 75 годишната поглаварка на интернационалниот ред и непоколеблива традиционалистка родена во Италија, повеќе од 30 години ја градела својата база на моќ, со значаен финансиски успех.
Таа остварила долготраен однос со папата Иван Павле Втори и била дел од малата и одбрана група на луѓе на бдеењето над папата во станот во Апостолската палата, во текот на ноќта кога тој починал. Нејзиниот однос со папата Бенедикт Шеснаесетти не бил најдобар и таа била чувана на растојание од тесниот круг кој што Бенедикт го нарекувал "La Famiglia", а кој претставувал група на луѓе кои што биле присутни во неговиот секојдневен живот.
Кога кардиналите започнале да се собираат во Ватикан за да одберат нов папа, Мајка Такла дошла во Рим, но останува на времето да се види дали таа ќе може да оствари близок контакт со новиот папа. Сепак, ретко кој нема да се согласи дека таа веќе оставила значајна трага во Ватикан и во Црквата.
Како главна сестра на Редот на пресветата спасителка Свети Бриџет, во текот на последните 32 години таа остварила глобални врски со сите, од Фидел Кастро, до сопственици на коцкарници, се со цел да пронајде помош за целите на својот ред. Таа сега управува со мало царство од хотели, ресторани и гостински куќи ширум светот, од Израел до Индија и од Америка до Италија, а оваа нејзина дејност донела огромни приходи во нејзиниот ред.
Сепак, во одреден период таа била во центарот на медиумското внимание поради обвиненијата за искористување на останатите сестри за чистење, подготвување и готвење на храна во своето деловно царство за кое што таа е ослободена од данок. Но, и покрај тоа, нејзината работа е фалена насекаде во светот, пред се поради храбрата и глобална иницијатива против трговијата со жените. Таа е единствен и комплексен играч во Црквата, а често се нарекува и најмоќна жена во Рим.
"Многу често, од почит и љубов, ја нарекуваме женскиот папа", изјавил Џејмс Николсон, американскиот адвокат од Вашингтон. Папата Бенедикт Шеснаесетти ја почитува Мајка Текла, но за разлика од Иван Павле Втори, тој не и дозволувал пристап до своите најверни луѓе. Сепак, нејзиното присуство во Рим е долгогодишно, а судејќи според нејзиното влијание, ситуацијата ќе остане таква додека таа е жива.
И.