За првото како сакаш ,јас лично мојот пред да ми отиде батеријата го полнев до 3-4 пати на ден ,сега и повеќе од тоа. Но препорачливо е за да не се уништи толку лесно батеријата кога работиш на едно место подолго време, а имаш приклучот за струја постојано да си ја извадиш батеријата и да го користиш директно на полнач.
За второво прашање нормална температура неможеш да кажеш бидејќи треба да биде споредувана со соодветната конфигурација и подсерија, јас имам со и3ка втора генерација купен пред година и половина и досега не сум ставил дополнителен кулер, лап топот е скоро секогаш прилично ладен (не сум сигурен во моментов ама некаде околу 45 степени на собна температура од 25 степени) освен кога го држам на кревет или некоја друга ткаенина или пак ќе уклучам програми со поголемо побарување и графика (пр. игри).
Иначе доколку тие температури (без кулер) ти се со програми кој имаат поголемо побарување тогаш тоа е одлична температура.
Нема опција да се исклучи да не се полни батеријата без да се извади бар колку што јас знам.
А за продолжување на векот на лап топот мислам дека нема освен ако навистина лап топот не ти крева високи температури постојано и не работи на високи температури постојано.