Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кажете ми мислење за исхранава и ако нешто не ми е во ред поправете ме ради тоа што не се разбирам баш највеќе и баш затоа барам помош (24 години,72 килажа,177/178 висина)...

Доручек : 5 Варени Јајца (белки)
Овесни снегулки со јогурт
Овошје (Банана,Јаболко,Портокал)
Витамини

Оброк : Бадеми и Гејнер

Ручек : Шпагети
Пилешко месо или Риба Пастрмка
Варени компири
Зеленчук

Оброк : Бадеми,Овошје,Гејнер

Вечера : Овесни снегулки со јогурт
Туна
Овошје (по можност)

Оброк : Овошје или Зеленчук + Гејнер

Напомена : Не јадам секакво месо освен пилешко...
Изборот на храна ти е идеален за дефиниција.
 
Хмм...брат нема шанси повеќе да внесам храна,едноставно ќе повратам

Во тоа ти е и проблемот. Нема што да внесуваш ПОВЕЌЕ храна, туку внесувај по калорична храна.

Прво компирот на 100гр има 3 пати помалку капории од ориз, а исто заситува. Исто не ги тргај сите жолтки од јајцата ако си на маса нема логика.

Друго во оброците (салати, варен ориз и тн) додавај си маслиново масло. Имај на ум дека поентата е да внесеш повеќе калории не повеќе храна.

Друг трик ти е да ги пиеш калориите наместо да ги јадеш додека си на маса (пример прави си шејкови во блендер-млеко,банана,мед,јајца,маслиново масло) можеш да ги направиш и со по 1000 калории а да огладнеш пак за 3 часа затоа што течната храна не заситува. За време на орбоците пиј си сок а не вода така ќе додеш уште некои 100-150 калории плус на оброк и тн.
 
Абе мене ми е да не претерам со нешто ради тоа што незнам во која храна колку калории,масти,протеини,јаглехидрати има. Нормално знам дека немам гајле од протеини и од јаглехидрати ама знам дека мастите можат проблем да направат,за варените јајца имам слушано лоши муабети за жолчката али еве од 5 јајца да речеме ќе внесам 2 до 3 жолчки и тоа би било тоа...значи хранава што ја ставив би била ок за маса само уште ако додадам вака некои работи што ми ги кажа така ?
--- надополнето: 3 март 2013 во 21:52 ---
мавни и некое чоколадо :D

Што ќе ми е чоколадо ? џабе ќе ме засити а во него нема ништо што ми треба...
 
Абе мене ми е да не претерам со нешто ради тоа што незнам во која храна колку калории,масти,протеини,јаглехидрати има. Нормално знам дека немам гајле од протеини и од јаглехидрати ама знам дека мастите можат проблем да направат,за варените јајца имам слушано лоши муабети за жолчката али еве од 5 јајца да речеме ќе внесам 2 до 3 жолчки и тоа би било тоа...значи хранава што ја ставив би била ок за маса само уште ако додадам вака некои работи што ми ги кажа така ?
--- надополнето: 3 март 2013 во 21:52 ---

Не оди баш така. Невозможно е да си на маса а да јадеш само чисти "бодибилдерски храни". Пробај по цел ден да јадеш стек,компир и брокула никогаш нема да качиш маса со таква исхрана затоа што таква храна не е доволно калориски збиена. Убаво ти кажа членот погоре. Слободно додај си и чоколадо, организмот не разликува калории, а здравјето ќе ти е во ред ако поголемиот дел од храни ти се здрави, односно гледај да јадеш доволно овошје и зеленчук, фибер влакна а таквите "нездрави храни" како чоколадо или сок само ќе ти го дадат потребниот плус калории да качуваш маса. BTW никој неможе со сигурност да ти каже дали тие промени ќе се доволни за да поченш да качуваш килажа има премногу варијабли во игра. Мора да се научиш да броиш калории тоа е единствениот начин кој гарантирано функционира.
 
Те разбирам...со нешто слична исхрана како таа што ја пишав успеав веруваш или не пред 2 години да качам 2 кила за 2 ипол недели, што значи дека лесно качувам килажа.Во целост бев посветен и не јадев чоколада такви сокови не пиев пазев ради тоа што внесував предходно многу шекери,тоа ми е муабетот...сакам да прашам уште една работа што ме буни,некои луѓе викаат со оглед на тоа колку си тежок тоа множи го по 2 и така ќе добиеш соодветен број за внесување на јаглехидрати,протеини,масти....а некои викаат внесувај калории е сега незнам како да постапам правилно,свесен сум дека во секоја храна има одредено колку калории,масти,јаглегидрати,протеини има но како е правилно да се насочам ? едноставно да гледам од храна на храна и со тоа да си направам програма ? или пак да гледам што е можно повеќе калории да има храната без разлика што е тоа ? ова многу ме буни а незнам колку ме разбра :) и не ми замерувај навистина не се разбирам баш многу од храна и затоа барам помош без срам :)
 
Најправилно е броењето калории, а не множење тежина со бројки затоа што таков вид на сметање нема да земе во обзир дневни потреби и потрошувачки. На тој начин може некој седентер од 70кг да качува тежина ама некој активен од 70кг да слабее. Затоа е најдобро да дознаеш колку ти се дневните потреби и во однос на нив да јадеш повеќе. Инаку можеш и како што кажа да јадеш многу калорична храна без да броиш ништо ама во тој случај поверојатно е да качиш повеќе сало отколку мускул затоа што може да внесеш многу повеќе од дневната потреба.
 
Како можам да дознаам колку трошам дневно и колку ми се дневните потреби ? по што јас искрено не се движам многу во текот на неделата единствено за викенд може да просетам негде на водно или кеј,за спиење спијам повеќе од доволно
 
Напиши која висина,тежина и возраст си и што дневни активности имаш во тек на ден (пр 8 сата спиење, сат и пол тренинг, 1 час пешачење, остаткот мирување)
 
177/178 висина,72 тежина, 24 години...дневни активности седење,одење на работа па и таму седење,не работам физичка работа. Спиење од 23:00/00:00 утредента до 10:00/11:00 Моментално не тренирам ради повреда ма да и кога не бев повреден се ќе излезеше нешто да не отидам да вежбам,кога пешачам обично не пешачам којзнае колку обично кратки дестинации е сега единствено некогаш може да ми текне за викенд или преку недела да отидам да трчам тоа многу обожавам,ама тоа кога е топло ма да пак е тоа ретко...
 
2300 калории ти се дневните потреби ако ти е ваков денот без тренинг и со10 сати спиење. На ова додади 300-500 калории за да почнеш да качуваш килажа.
 
Фала многу за одговорот,само уште едно да те прашам за да си знам понатаму. Како го доби овој резултат ? која е дефиницијата што не успеав да ја сфатам ?
 
Постојат формули и калкулатори по интернет по кои во однос на висина/тежина/возраст/пол и ниво на дневна активност ти се пресметуваат дневните потреби на калории, само имај на ум дека тие се различни од ден во ден. Пример ако утре трчаш еден сат автоматски ќе ти се зголемат и дневните потреби за 600тина калории или пак ако качиш 5кг автоматски дневните потреби ќе бидат поголеми за 100тина калории и сл.
 
177/178 висина,72 тежина, 24 години...дневни активности седење,одење на работа па и таму седење,не работам физичка работа. Спиење од 23:00/00:00 утредента до 10:00/11:00 Моментално не тренирам ради повреда ма да и кога не бев повреден се ќе излезеше нешто да не отидам да вежбам,кога пешачам обично не пешачам којзнае колку обично кратки дестинации е сега единствено некогаш може да ми текне за викенд или преку недела да отидам да трчам тоа многу обожавам,ама тоа кога е топло ма да пак е тоа ретко...
Како бе неможиш да се поправиш, јас за месец и пол малку почнав да забушавам со исхраната и да поткаснувам благо и покалорична храна и отидов 4 кг + .
Ако ми кажиш дека имаш брз метаболизам то не е оправдание, бидејќи колку што знам јас разлики помеѓу брз и бавен метаболизам можи да е до кај 300ккал. Така да изгледа помалку јадиш од што трошиш. Имам еден другар заедно вежбаме и тој цел живот се вади дека има брз метаболизам а ко ми кажа колку јади ме зачуди како воопшто стигнал и 74 кг на 1.86 висина.
Проста математика од нормален внес оди + 300-600 ккал и ќе се поправаш гарантирано. Ако сакаш и повеќе салце можи и повеќе калории + да внесиш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom