(ФОТОГАЛЕРИЈА) Демонстранти Албанци се судрија со полицијата
Фото: Маја Златевска
Во масовна тепачка на група младинци- Албанци со полицијата има неколку повредени демонстранти, полицајци, а приведени се неколкумина кои атакуваа врз специјалците.
По примерот на нивните врсници - Македонци кои вчера се судрија со полицијата, денеска средношколци Албанци се собраа во Чаир и најавија мирен протест. Беше мирно додека не пристигнаа до Владата- таму започнаа со камења да фрлаат во полициските кордони. Полицијата почна од пред Владата да ги потиснува младинците кон мостот „Гоце Делчев“ со цел да ги натера да заминат кон „Мавровка“.
Но, кога демонстрантите стигнаа од другата страна на мостот, на булеварот пред Меморијалниот центар на холокаустот, настана масовна тепачка во која полицијата искористи шок- бомби и солзавци против демонстрантите. Тие пак, не попуштаа и стотици од нив со камења, дрва и тврди предмети продолжија со напади кон кордоните.
Во метежот беа демолирани и превртени две возила. Во метежот настрадаа полицајци, демостранти, а десетмина завршија приведени во полициските возила. Оштетени се и полициски возила, неколку автобуски постојки, сообраќајни знаци.
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4DD2995D030A5A4C8B0BB1DC809ABE63