- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Балканските и Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ (2)
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
.....Стравот од вистинско ослободување на македонската нација ја натерало Бугарија македонските доброволци да ги испрати да се борат на Едрене, наместо во Македонија, смета Карнегиевата комисија.
„Во секој случај, 15.000 македонски доброволци, кои би можеле да се остават да се борат во самата Македонија, близу до своите домови, се натерани да живеат во текот на целата војна многу далеку од своите села, кај Чаталџа и Булаир“, пишува Комисијата во својот извештај, подвлекувајќи дека со тоа се олеснило заземањето на Македонија од страна на српските и грчките војски.
„Ако целта на оваа тактика била да ја олесни поделбата, резултатот отишол уште понатаму. Она што се забрзало било губењето на Македонија во полза на сојузниците“, оценува Комисијата.
„Да се има желба да се земе Едрене по секоја цена значеше да се ризикува губење на Македонија. Да се бара излез на Мраморно Море, значеше да се изгуби секакво чувство за меѓународната положба. Дали е чиста случајност што Македонија беше заборавена меѓу таинствените, но далечни амбиции кои толку неочекувано се појавија на хоризонтот?“, прашуваат членовите на Карнегиевата комисијата. Тие оценуваат дека немало ништо случајно во ова занемарување, бидејќи порано меѓу бугарската влада и македонското револуционерно движење недовербата била секогаш активна.
„Сега, кога Македонија е пред ослободување, беше сторено се' да се спречат самите Македонци да имаат директен удел во делото на ослободувањето“, смета Комисијата.