Ај тебе те сметам за поасален човек, не цепидлачи сега
Нормално дека тие работи не се доволни, тоа беше само илустративно наведено. Сакав да кажам дека нема потреба покрај од плакар полн со сосема здрава облека да се купува нова само затоа што трендот така налага. Нормално дека треба некоја кошула да има и добро одело, но од друга страна не чини да се

дотеруваш 2 саати само за да искочиш на пиво со друштво. Ми е гајле мене што мислат луѓето во кафулето за мојата облека, денес ги гледам и веќе никогаш. Ако се дотерувам, ќе го направам тоа за своја воља а не да бидам виден од тотални странци.
И да, целосно се согласувам околу квалитетот, но тука не збориме за разликата помеѓу патики од 600 денари и 4000 денари, туку за тие што чинат 10.000 денари. Не постои патика што вреди толку пари а да не е за професионални намени, period. Се над 5000 денари (преку глава) е курчење.