- Член од
- 8 декември 2009
- Мислења
- 702
- Поени од реакции
- 528
Помина доста откога учествував во вакви теми и ќе треба време да најдам некои работи што сум ги прибирал тогаш, а досегашново кајганисување ми вика дека брзо темава ќе отиде на комити/балисти/вмро/сдс/србомани/бугарофили и дека џабе ќе биде маката . Ама ајде, да се преправаме дека сум згрешил и да и дадеме шанса на темава .Па треба големо познавање за оваа тема да се дискутира.
Нешто друго добро што имам најдено поврзано со ова е и овој изгласок кој е во сооднос со горниот клип.
http://vnnforum.com/showthread.php?t=139634 How the USA started the Bosnian War
Линков се однесува на 92-ра. Тоа можеби е почетокот во Босна, ама во суштина почетокот на распадот на Југославија е... па таму негде при самото формирање. Само потсети се дека во неа влегуваат народи кои векови пред тоа биле под влијание на различни култури и дека веќе се самоосознаени како народи (ако се сложиме дека Србите и Хрватите беа носители на СФРЈ).
Ама за ова подоцна. Бидејќи акцентот беше на Американците ќе почнам со нив. Нормално дека не се светци и уште понормално дека гледаат да излечат ќар од секоја ситуација. Како што е нормално и сите други да го прават тоа, секој во рамки на своите можности. Чудо е интернетов, има еден куп извори и линкови, ама јас ги претпочитам официјалните извори. Ајде да видиме како Вашингтон гледа на СФРЈ во 80-тите
http://i1212.photobucket.com/albums/cc442/Bulduk1/USkonYU1984_zpsad11a83c.png
Сосема спротивно од убедувањата на сега соседни, а порано братски народи, Америте во тоа време не пијат крв за доручек и не легнуваат секоја вечер со мисла како да ја рушат СФРЈ. Нормално, не ни сечат вени за нас. Докажано практични, ја гледаат Југославија како АЛАТКА против СССР односно пример за државите блиски на него дека со дистанцирање од СССР и добри односи со западот може убаво да се живее. Економската криза во СФРЈ е криза и за нив, односно закана дека овој џокер ќе го загубат.Нивни ИНТЕРЕС е Југославија да биде финансиски стабилна.
Мотивите не им се баш од хуманистичка природа, ама никој не може да им забележи за тоа што си ги штитат интересите. Посебно ако тоа во тоа време ни одговарало и нам.