Колку ја знаеме македонската граматика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Channar
  • Време на започнување Време на започнување

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Ја замислувам оваа тема како квиз каде еден прашува прашања за граматиката, оснивачите, правилата во македонскиот јазик, па другиот одговара, и така натаму, како што е пример во другите теми во овој подфорум. Па да не должам многу.
Како е женски жител на Ирска?
 
Се возам со полицајци во кола се враќавме од семинар на мпс, и полицајциве разговараат како е множина од КОЊ. Едниов вика па не знам веројатно е Коње... и му се врти другиот и му вика абе глуп не е коње, КОЊЕВЕ е.... :facepalm:
Сакав да се обесам
Патем како е множина од коњ ? :)
 
Женски жител на Кина?
 
Женски жител на Кина?
Кинеска. Ова прашање го имав во прва година на колоквиум. :D

Ајде и јас да прашам:
1.Како се вика жител на Брегот на Слоновата Коска ? :)
2. Како се вика жената на нилскиот коњ?
 
Кинеска. Ова прашање го имав во прва година на колоквиум. :D

Ајде и јас да прашам:
1.Како се вика жител на Брегот на Слоновата Коска ? :)
2. Како се вика жената на нилскиот коњ?
1. Слон :D
2. Нила :D

Еднина од гаќи?
Деминутив од пушка?
 
Гаќи немаат множина. А деминутив од пушка не е пуШче, туку пуВче. Знам звучи чудно и нелогично ама сум ги бубал овие работи.
Ќути бе па ти, знам дека знаеш, срамота и би било да не знаеш. Требаше на другите да оставиш. :D
 
Како се вика женското животно од елен? Да не билдаме постови, се вика кошута.
 
жители на РУАНДА? :eek:
феВруари или феБруари?
среден род (деминутив) од врабец?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom