Фан Клуб:Реал Сосиедад

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување
На последните прт меѓусебни натпревари овие две екипи имаат по две победи и еден натпревар завршил нерешено. На последните пет натпревари во Примера, Сосиедад има три победи и две нерешени, што значи дека е во добра серија без пораз, а од друга страна Бетис на последните пет натпревари во Примера има една победа, три изгубени и едно реми.

Според мене, после Реал-Барселона, овој натпревар може да се прогласи за дерби на колото, кој ќе заврши со победа на Сосиедад.

Еве еден поздрав од мене до Eric J. Biafranić , може ќе ми љубомориш ама шо да праам :D
1zp02g7.jpg
 
Еве еден поздрав од мене до Eric J. Biafranić , може ќе ми љубомориш ама шо да праам :D
1zp02g7.jpg

:@

Ју лаки бастр'д. Имаш „дел“ од најграндиозниот, префинет, величествен и единствен тим во Сончевиот систем, Реал Сосиедад!

Be proud, son, be very proud! :)
 
Реал Сосиедад-Бетис 3:3
Гостите имаа предност од 0:2 со головите на Молина во 30. и Пабон во 49. минута, но Сосиедад успеа не само да се врати, туку и да направи целосен пресврт на резултатот. Вела во 51. минута намали на 1:2, во 56. минута Мартинез израмни на 2:2, а во 62. минута Прието донесе предност на Сосиедад од 3:2 со голот од пенал. Радоста на домашните не траеше долго бидејќи Пабон со својот втор гол на натпреварот во 66. минута ги постави конечните 3:3.

До крајот на натпреварот и двата тима имаа неколку шанси за гол, но резултатот сепак остана непроменет. На табелата, Сосиедад остана на шестата позиција со 41 бод, додека Бетис е седми со 40 бодови. Следното коло Реал Сосиедад го очекува тешко гостување кај Атлетико Мадрид.

пинг Eric J. Biafranić
 
Не сакав да пишам ништо по големото разочарување. Не знам како можеше најсилниот тим на планетата да прими дури три гола од просечен тим (такви се 19 тима во Примера). Не знам, ама се надевам дека вакво нешто нема да се случи во иднина.

Се надевам дека атакот на титулата продолжува, па да се надеваме дека ке ги нанижеме сите победи до крајот на првенството.

Мислам дека Атлетико Мадрид, во споредба со СОСИЕДАД е шега тим, така да, три лесни бода следново коло.
 
Атлетико Мадрид - Реал Сосиедад 0-1 :vozbud::drk: Победа со голот на Чави Прието во 53. минута на асистенција од Гризман. Со оваа победа Сосиедад се искачи на петтата позиција со 44 освоени бодови колку што има и четвртопласираната Малага. :drk:
 
Атлетико Мадрид - Реал Сосиедад 0-1 :vozbud::drk: Победа со голот на Чави Прието во 53. минута на асистенција од Гризман. Со оваа победа Сосиедад се искачи на петтата позиција со 44 освоени бодови колку што има и четвртопласираната Малага. :drk:

Може хајлајтс? :icon_lol:
 
Според очекувањата, беше совладат минорен тим (во спордба со нашиот). Така да, the war goes on. Кој е следен за пелцување?
 
4-1 конечен резултат. :vozbud::vozbud:Гризман два гола, Агирече и Прието по еден за убедлива победа над Ваљадолид и искачување на четвртата позиција до утре, кога Малага игра со Еспањол.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom