Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро ни анкетите не ти се релевантни, ниту Next Gen натпреварувањетио ниту ништо. Ниту тоа шо вашите играат во второлигаши а за нашите знае цел фудбалски свет.
Само она шо е во корист на Гејнајтед само тоа ти чини. Пршање е и колку е релевантно тоа.
За џерард
Не, нема да ги слушаме Пеле, Марадона и Зидан. Твојот збор е заповед, штом ти викаш дека Гигс е најдобриот играч, тогаш така нека биде.
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 01:01 ---
Не се губи....Ај заеби Ливерпул, како добиле место во репрезентацииите?
Прашај некои од моите Гигс или Џерард па ќе видиш дали треба темата во мистерии...Ако имаш кец математика само.
Или па ок, така е, само не замарај, иди постирај кај тебе. Со овие чудни постови твој фан клубов ќе треба во Мистерии да се премести.
Сам ги освои Гигс 12-те титули? Индивидаулни се?Гигс 12:0 Џерард
Just sayin'![]()
Не се разбраа со тебе 3-4 страни наназад а јас сакам со еден коментар.

Прашај некои од моите Гигс или Џерард па ќе видиш дали треба темата во мистерии...
Индидиудално Џерард е подобар од Гигс. Лани пишав долг пост за истото, никој не ми возврати зошто Гигс индивиудално е подобар од Џерард.
И Педро има повеќе трофеи со тимот отколку Кристијано Роналдо со неговиот тим. Дали тоа значи дека Педро е подобар играч? Или ете стави некој друг играч на местото на Педро од таа генерација на Барса а да не биде Меси. Бидејќи Меси и индивидуално и групно е подобар.
Или па спореди ги индивидуалните квалитети на Ибрахимович кој нема ЛШ со оние на Тевез кој има ЛШ. По твоето ќе дојде дека Тевез е подобар само затоа што има освоено ЛШ.
Не може некој што е првотимец на најтрофејната екипа во ПЛ да е лош играч. И не можеш да споредуваш индивидуално играчи на различни позиции. Споредуваш мидфилдер со лево крило? Не споредувај Педро и Барселона, Гигс 23 сезони ги игра во топ форма, нема сезона да не дал гол, никад не се шлепал на успесите на екипата, секогаш давал придонеси во сите 12 титули што ги освоил во лигата и кога беше линкот во темата за ПЛ за гласање сите членови гласаа за Гигс, да не барам постови сега.
Али ок е ти викам за тебе Џерард може да е и над Универзумот ама за сите други во ПЛ е само играч сo 430 настапи кој најголем успех му бил второ место и со ништо повеќе успеси од Дарен Андертон кој за тебе е анонимус.
И ок е, можеш да продолжиш да постираш кај тебе, доста беше на оваа тема.
Никаде не реков дека Гигс е лош играч. Споредувам и кажувам дека индивидуално Џерард како играч има постигнато повеќе од Гигс.
Гигс имал среќа да покрај него играат Кин, Невил, Сколс, Бекам, Руни и други па и благодарение и на нив стигнал до овие трофеи.
Џерард ја немал таа среќа во неговата кариера, покрај играчи како Карагер, Фаулер Овен, Торес, Саурез играл и со мизирии како Ел Жар, Кирјакос, Конечески. Поулсен итн.
И сега не сакам реплика во стил:"како тогаш го изедначуваш Ливерпул со Јунајтед кога во тимот ви играле ѓубриња како ЕлЖар и сл" бидејќи кога пишувам дека сме подобри од вас тоа го правам врз основа на целокупната историја.
Педро и Роналдо ги вметнав бидејки групно Педро е потрофееен а додека индивидуално Роналдо е над него.
Ја сфаќате мојата поента, ама реалноста не ви се допаѓа па се обидувате да го игнорирате тоа со групните трофеи на Гигс.
Индивидуално зборувам зар не сфати или во своја корист вртиш?Точно, Џерард во 2007, 2008, 2009 играше со мизерии како Алонсо, Маскерано, Торес, Aгер, Бенајун, Арбелоа, Кајт, Реина. Фејс ит, Гигс има играно и со мизерии и пак има освојувано ПЛ титули, нема никакво оправдување за Џерард. Стои запишано дека Гигс е најдобриот играч во ПЛ изминатите 20 години, се уште и на 40 години дава голови и асистира и не е тоа дека игра со класа играчи туку дека си го бива човекот. Зошто кога дрибла и исфрла од рамнотежа бекови ко Ивановиќ тука се Рвп и Руни да му ја задржат топката.
Индивидуално зборувам зар не сфати или во своја корист вртиш?
Не викам дека не го бива, туку дека Џерард е подобар.
Со факти убеди ме дека Гигс индивуално е подобар од Џерард тогаш и јас ќе го признаам тоа. Дотогаш, Џерард>Гигс.
Ете ќе ти го дадам и примерот со Меси:Роналдо освои ЛаЛига, Дрогба освои ЛШ,Иниеста и Чави освоија ЕП а Меси не освои ништо.
Индивидуално Меси е најдобар играч и покрај тоа што групно не освои ништо таа година.
Толку од мене. Кога ќе имаш факти дека индивидуално Гигс е подобар од Џерард, цитирај ме.

Кога веќе викаш дека се подобри од Џерард со тоа кажуваш дека се подобри и од Гигс бидејќи Џерард >Гигс.Ете ти ги фактите де, ти упорно ми се смееш и ги нарекуваш двајцава анонимуси само зошто си фатил да гледаш фудбал 2006 негде. Оди спушти од интернет утакмици од Тотенхем/Саутемптон од Дарен Андертон и Мет Ле Тисие и види индивидуално подобри играчи и од твојот Џерард со тука некаде број на настапи. Поготово сконцентрирај се на овој вториов. Прв мидфилдер во ПЛ што дал 100 гола со ниту еден промашен пенал. Кога нели веќе збориме индивидуалност
Да се мереше индивидуалноста за најдобар играч последни 20 години, тогаш можеби и Кристијано Роналдо ќе беше далеку на врвот. Позз