Од Скопје до Штип ќе се патува половина час

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.733
Поени од реакции
14.849
Модерен автопат со шест ленти ќе го сече Овчеполието и ќе го сведе патувањето од Штип до Скопје на само половина час. Вкупната должина на новопроектираниот автопат ќе биде 53,5 километри и по него ќе може да се вози со брзини од 100 и 120 километри на час, пишува денешен Дневник.


Новиот пат од Миладиновци до Свети Николе ќе биде широк 29 метри, односно во двата правца ќе има по две ленти со широчина од 3,85 метри и уште една лента за забавување и за застанување, широка 2,5 метра. Вкупната широчина на коловозот за движење во еден правец ќе изнесува 10,75 метри. Помеѓу двата коловози ќе има и 4 метри заштитно зеленило и систем за зафаќање на атмосферски води од коловозот.
Новопроектираниот патен правец ќе почне со клучка кај селото Миладиновци и ќе навлезе во долината на реката Пчиња за преку месноста Блатски Ниви да излезе кај селото Средно Kоњаре каде што ќе се гради мост. Трасата е поставена покрај селото Сушица, па во сливот на Врњак и ќе продолжува по падините на кои се поставени селата Kрушице, Преод и Сопот. Потоа таа се спушта во Овчеполската Низина и се приближува до коритото на реката Периш, с` до градот Свети Николе, каде што ќе се гради клучка и заобиколница. Kај 40-тиот километар, автопатот ќе продолжува паралелно со постојниот регионален пат кон Штип, минувајќи низ месноста Андонова Воденица, ќе го сече потокот Немањица и покрај Kадрифаково и Kриви Дол ќе завршува во Штип. Постојниот коловоз на овој дел ќе се проширува за да се добијат три ленти за движење во еден правец, а ќе се изведе нова коловозна лента за одвивање на сообраќајот во спротивната насока. Новата коловозна лента во првите три километри ќе се води од левата (западната) страна, за да од таа пресечна точка, па до крајот на делницата, се води по десната (источната) страна.
- Овој автопат ќе овозможи брза комуникација за цела источна и југоисточна Македонија со главниот град. Од изградбата на автопатот Миладиновци-Штип корист ќе имаат граѓаните од овој дел на Македонија, но и бизнис-секторот, кој ќе добие брз транспорт на своите производи. Исто така, се очекува источниот регион на земјава да стане и поатрактивен за странските инвеститори, кои може да инвестираат во технолошко-индустриската развојна зона во близина на Штип.

Добрата инфраструктура е еден од условите за добар бизнис и побрз и поевтин пристап до странските пазари – велат во Источниот плански регион.
Веќе е почната постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно и за експропријација на приватните имоти во општините Свети Николе и Штип за изградба на автопатот Штип-Миладиновци. Но, поради распишувањето на локалните избори, привремено е запрена експропријацијата.
Студијата за влијанието на новиот пат врз животната средина што беше изработено по нарачка на Агенцијата за државни патишта покажа дека нема никакви еколошки пречки автопатот да почне да се гради. Според неа, на повеќе места на автопатот ќе има посебни премини за животните, со повеќе одводни канали и слично. Автопатот во дијапазон од 30 метри широчина од двете страни ќе биде обезбеден со ограда, а на повеќе места ќе има звучни и други сигнални уреди, особено во близина на населените местa, пишува весникот.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=576CD7F74014EE4E904A81A2DA7AAE03

E ова ако го направат и успеат да го реализираат браво
 
Oвој проект Миладиновци - Св. Николе е од МНОГУ поодамна...
 
Побрзо ќе биде да стигнеш до штип на факултет, него на дисперзирани студии од штипски факултет во скопје.
 
А некоја информација околу тоа како ќе ги обештетат сопствениците на имото кај што ќе поминува автопатот има?
Ако е по стариот план од пред 20 години, ќе ми јаде едно 5-6 ниви и ливади. Едно 9000м2 ќе ми одат курбан.
 
Kои ти се тие дисперзирани студии во Скопје од штипскиот универзитет???
Ја колку што знам штипскиот факултет за туризам има дисперзирани студии во Скопје.
И од цела вест се фати за моето мислење шо беше иронично.
Да не мислиш дека ја величам партијата шо го прави ова?
 
Ја колку што знам штипскиот факултет за туризам има дисперзирани студии во Скопје.
И од цела вест се фати за моето мислење шо беше иронично.
Да не мислиш дека ја величам партијата шо го прави ова?
Има и од Економски факултет Штип дисперзирани студии во Скопје :) Така да не си грешка... (y)
 
Па технички е во право. Факултетот за туризам и бизнис логистика е со седиште во Гевгелија и има дисперзиеани паралелки од областа бизнис логистика во Скопје.
А веќе има автопат Гевгелија - Скопје.:D

[edit]
Абе заборавив да мрчнам за веста.
 
Па технички е во право. Факултетот за туризам и бизнис логистика е со седиште во Гевгелија и има дисперзиеани паралелки од областа бизнис логистика во Скопје.
А веќе има автопат Гевгелија - Скопје.:D
Факултет за туризам има во штип со дисперзирани во гевгелија и скопје.
За различен факс да не збориме?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom