Неправда од Пу. Тоа е оригиналното име на бендот и под тоа име ја имаат снимено оригиналната верзија на песната. Потоа го менуваат името во Лева Патика, имаат и некои промени на поставата, а снимаат и преработка на Неправда.
Сепак, оригиналната верзија според мене е легендарна и дефинитивно до ден денешен остана една од најслушаните македонски песни на сите времиња.
Мое мислење е дека не е баш логично за најголеми хитови на сите времиња да се спомнуваат песни издадени пред 2-3 години. Дури кога ќе поминат деценија-две од издавањето на една песна би можело реално да се согледа нејзината вредност и тежина, и да се види дали може да оди во ист кош со вистинските евергрини. Едноставно, има огромен број на хитови кои со текот на годините биле сосема заборавени, а има и такви кои засекогаш ќе останат бесмртни, е сега во која група ќе спаѓа некоја нова песна може да покаже единствено времето.