Channar
гастроентерохепатолог
- Член од
- 3 јуни 2011
- Мислења
- 199
- Поени од реакции
- 255
Според мене, луѓе со комплекс на ниска вредност се оние коишто цицаат највеќе енергија, оние со кои ако правиш муабет, се изморуваш повеќе отколку копање на 3 ниви, оние на кои секогаш им треба поддршка, пофалби, ласкање, галење, мазење, тинтрање, оние кои се негативни околу се и за се. Најпрепознатливи се по изразот: ,,Ништо не ми иде"; ,,Дебел(а) сум" ; ,,Никој не ме сака'' ;.Постои и друга група на луѓе кои доколку ги гледа оние блиските, своите како ,ниски луѓе, веднаш бара и се поистоветува со друга група на луѓе, коишто, де факто изгледа помоќно, повисоко, посилно.
Да објаснам што ме поттикна да ја отворам анкетава:
имам неколку другари и другарки кои со сигурност знам дека се родени македонци и по мајка и по татко, но по случај на нештата, испаднало нивното презиме да завршува на -иќ, -ов , па најчесто се класифицираат себеси како срби, словенци, словаци, чеси, руси итн. Сега, ме интересира, што мислите вие? Дали имате (сте имале) контакт со вакви луѓе, како се справувате со нив, дали ви сметаат и дали мислите дека Македонецот во принцип е човек со комплекс на ниска вредност и зошто мислите дека се или не?