Пропаѓањата во земја и метеори како предзнак на крајот на светот
Во овој уммет ќе има пропаѓање на земјиштето, паѓање на камењата од небото, и изобличување на ликовите на луѓето. А тоа ќе се случи кога ќе се конзумираат алкохолни пијалоци и кога ќе се појават пејачки и ќе се користат музички инструменти.(Ет тирмизи, Ахмед и Ибн ебид Дунја-сахих)
Ќе заноќат некои луѓе од овој уммет, сити од храна и пиење и забава, а ќе се пробудат претворени во свињи. Навистина некои нивни дружини ќе бидат втерани во земја и некои домови на припадниците од овој уммет, па кога ќе се пробудат ќе биде кажано: „
Оваа ноќ во земја втерани се синови на тој и тој, оваа ноќ ќе бидат втерани во земјата куќите на тие и тие..
ДЕНЕС СВЕТСКИТЕ АГЕНЦИИ ИЗВЕСТИЈА:
30 годишен Американец е прогласен за мртов откако пропаднал во дупка длабока 15 и широка 30 метри под неговата куќа на Флорида, а полицијата по повеќечасовно трагање, не успеала да го пронајде.
Овој бизарен настан се случил додека човекот спиел во неговата спална соба, а земјата под него се отворила и го проголтала. Последните зборови што неговиот брат ги чил биле барање помош. Во куќата на хоророт во моментот на трагедијата имало петмина, кои едвај спасиле жива глава. Во потрагата по исчезнатиот биле вклучени и полицајци и пожарникари, но човекот едноставно пропаднал в земја и го нема.
И не само тоа хадисот продолжува и вели:
И на нив ќе биде спуштено камење(метеори) и ќе биде испратен на нив страотен ветар и ќе ги покоси како што биле покосени оние пред нив заради конзумирање на алкохолот , земање на каматата, облекување на свилата, одење по певачки и кинење на роднинските врски.(Хаим хадисот е хасен)
Ова секако е настан кој потсетува пред некој ден во Русија(погледни овде) кој што настан е предупредување до секоју човек, посебно до секој верник кој греши, дека наеднаш може да се случи нешто слично на експлозијата во Тунгуската област. Тунгуската експлозија се случила на 30 јуни 1908 година при што биле уништени околу 2.000 квадратни километри шума што се протегала по течението на реката Тунгуска во Краснојарскиот крај, северозападно од Бајкалско Езеро.
Според тврдењето на научниците, настанот се случил во вселената по големата експлозија на комета или астероид со моќност на 1.000 атомски бомби што се фрлени врз јапонскиот град Хирошима во 1945 година. Интересно е што до денес не се откриени траги што би биле карактеристични за таков удар.
Се претпоставува дека астероидот експлодирал во атмосферата на висина од 5 до 10 километри над Земјата. Во таа експлозија со сила од 20 милиони тони ТНТ, чиј сјај бил забележан дури во Лондон, се создале помали парчиња на камења кои паднале на површината на нашата планета. Сепак, не бил пронајден кратер ниту, пак, други физички промени на тлото од ударот, поради што се заклучува дека експлозијата на небеското тело се случила над Земјата. Некои научници сметаат дека дошло до судир меѓу антиматерија и материја, од што настанала експлозија и исчезнала. Има и научници што сметаат дека на тоа место удрил голем неидентификуван летачки објект.
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели:
Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селлем, рече: „Кога над воениот плен ќе се воспостави монопол, и кога еманетите и доверените работи ќе станат воен плен, а зекатот мака, и кога ќе се учи а не поради верата, и кога човекот ќе и биде покорен на својата жена а непокорен на својата мајка, и ќе го приближи кон себе својот другар а ќе го оддалечи својот татко, и кога гласовите ќе се подигаат во џамиите, и кога племето ќе го предводи најгрешниот од нив, и кога водачот на еден народ ќе биде најлошиот од нив, и кога човек ќе биде почитуван поради стравот од неговото зло, и кога ќе се појават пеачки и меазиф/музика, и кога ќе почне да се пие алкохол, и кога последните генерации муслимани ќе почнат да ги проколнуваат првите генерации муслимани – тогаш нека очекуваат врел ветар и земјотрес, и пропаѓање на земјата, и гаѓање од воздух и разни чуда кои ќе надоаѓаат едно по друго, како ѓердан кој ќе се скине, па зрната, сите едно по друго, ќе почнат да паѓаат!“ (Сунен Тирмизи, бр.2211)
Сето ова укажува на близината на случувањето на овие настани од кои секој разумен верник ја бара својата заштита, а најголема заштита да е сепак да се одалечиме од грешење и да се држиме до Аллаховите прописи колку можеме повеќе.
Искористен е дела на книгата на Шефик Курдиќ : „Крај на светот – ете доаѓа“
ФОТО/ВИДЕО:ЗЕМЈАТА СЕ ОТВОРИ И ВО РУСИЈА – ПРОГОЛТА АВТОМОБИЛИ
Жителите на рускиот град Самара се во паника.
Веќе неколку денови наназад земјата пропаѓа на неколку локации. Се отвори огромна дупка, а на градот му се заканува можност за отварање на вакви дупки на уште неколку локации.
Последната проголта неколку автомобили .
Руските геолози сметаат дека дупките биле предизвикани од топењето на мразот во земјата, а вишокот на вода предизвикува распаѓање на земјата под патиштата на Самара.
Ние веќе укажуваме на неколку пати за тој предзнак кој станува многу актуелен во последно време и кој е секако производ на она за што Аллах веќе не известил , а тоа се предзнаците на Судниот ден.