Metta World Peace
Culé
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 1.602
- Поени од реакции
- 890
1. Не знам точноОк, следни прашања:
1. Кога ќе се врати Исус колку години ќе има?
2. Ако Исус е пророкот кој очигледно милијарди луѓе го чекаат да се врати, зошто тогаш во Исламот Мухамед има поголемо значење од Исус, а не прави ништо освен што лежи во гробот откако неговиот природен живот завршил?
3. Зошто Бог не дозволил Исус да умре, а Мухамед умрел?
2. Во исламот Мухаммед има поголемо значење од Исус,бидејќи е последен пратеник на Бог,или што би се рекло последна верзија,совршена верзија,комплетен прирачник за живот.
И самите христијани,кога ги прашав на таа тема за прашањата дали христијанството како религија може да управува со држава,рекоа дека не може,и дека се потребни и закони од државата,тогаш тоа значи дека не е довршена и комплетна.
За разлика од Исус(Иса а.с.),Мухаммед бил и државник,и војсководец,и фамилијарен човек.
Како на пример вие што сте следбеници на Исус, знаете како христијански се постапува со жена кога Исус не бил женет?
Како ги знаете христијанските принципи на војување,кога Исус никогаш не војувал?
и слични примери.
Значи разликата е што сите пратеници пред мухаммед,биле праќани само на одреден народ,а Мухаммед е пратен на целото човештво.
Денеска постојат томови и томови книги,со иљадници страници,со веродстојни хадиси(она што мухаммед го рекол) запишани.
и тука ги има буквално сите прашања,потреби на денешниот човек.
Бил Пратеник од Бога,државник,воен командант,фамилијарен човек,во тие хадиси има за тоа како јадел,како спиел,како војувал,како пресудувал,како се однесувал со луѓето,каква медицина користел,каква храна јадел,како се однесувал со муслимани,како со немуслимани,како со верници како со грешници,како тргувал и тн.
Значи Исламот како религија,со два законодавни извори: Куран и суннет(праксата на Мухаммед) е спремен да управува со држава,што христијанството денес не може.
Живееме во условно кажано христијански држави затоа што христијаните се во поголем број,а не затоа што живееме според христијански закони.
3. Затоа што во времето на Исус,најмногу неправди му биле нанесени,и покрај сите муџизи(чуда) кои му ги овозможил Господ.
И ден денес,од сите божји пратеници за Исус е најискривена сликата,едни велат дека е Бог,други велат дека е Божји син.
Затоа е според исламот тој воздигнат и сочуван од овие неправди,и ќе биде повторно вратен за да ги разубеди сите што го сметале за Бог или Божји син.
Ќе престојува 40 дена на земјата,и ќе умре како човек,од природна смрт.
И тоа е еден од последните и најголемите предзнаци на Судниот ден.
--- надополнето: 18 февруари 2013 во 21:01 ---
2. Благодарноста Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите.Кој ќе им суди на луѓето, на Судниот ден?
3. Семилосниот, Милостивиот.
4. Владетелот на Судниот ден.(сура Ел-Фатиха)