- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.721
- Поени од реакции
- 85.660
Вахабистите од БиХ ќе собираат арач од немуслиманското население
18.02.2013 - 14:52:02
Вахабистот Хусеин Босниќ најавил дека вахабистите имаат намера на Србите и Хрватите од БиХ да им земаат по десет одсто од имотот, по углед на Османлиите.
Еден од лидерите на вахабистите во Босна и Херцеговина Хусеин Босни, познат како Билал од Бужим, рекол дека намерите на вахабистите се да им земаат на Србите и Хрватите по десет одсто од нивниот имот, по углд на Османлиското царство, што од немуслиманското население земало арач.
Еден од најпознатите проповедници помеѓу припадниците на вахабистичкото движење, во порака што неодамна е објавена на Ју Тјуб им рекол на своите истомисленици дека несмеат да ја рушат честа и да ја пролеваат крвта на Србите или Хрватите, но само ако се под “рамките на исламот“, пишуваат локалните медиуми.
“И нивните обврски кон таквите бенефиции, кои тие ги имаат во нашето друштво се да бидат лојални и само еднаш во годината, доколку се во можност да одвојат онолку пари колку што ќе одредат халифите, како што Османлиите им одредувале на Србите – десет одсто“, рекол Босниќ, кој бил уапсен поради тероризам во октомври минатата година, а набрзо потоа бил пуштен на слобода.
Тој порачал и дека еден ден во годината богаташите би требало од својот имот да донесат една десетина и ќе бидат “мирни“, “никој нема да смее да ги пипка и никој нема да смее да ги мобилизира“.
Тој во видео-пораката која трае 44 минути, порачал дека исламот ќе влезе во секоја куќа.
“Вахабистите не го почитуваат овој систем, оваа држава. Тоа што тој го изјавил претставува кршење на Уставот и законите во оваа земја. Крајно време е полицијата да испита што се случува во тие заедници каде што живеат тие и јавноста да биде мирна доколку тмаму не се случува ништо. Повеќе податоци зборуваат дека сепак е потребно да бидеме претпазливи“, оценила Душанка Мајкиќ, претседателка на
Заедничката комисија за одбрана и безбедност на парламентот во БиХ.
Експертите за безбедност велат дека целта на вахабистите е граѓаните да се навикнат “на можната неслобода во која ќе мораат да живеат“.
“Да се биде муслиман од типот на Билал Босниќ значи да се живее во календар што доцни 700 години. Тоа што го кажа е заканувачка порака, што го руши уставниот поредок на оваа земја, но и заговор за верска држава и за дискриминација на немуслиманите“, истакнал експертот за тероризам Џевад Галијашевиќ.
Дали каурите од Струга ќе треба да плаќаат?