Нови смртоносни болести во Британија и Јужна Африка

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
1. Нов вид туберкулоза се шири во Јужна Африка, отпорен на лековите што сега ги имаме:

http://life.nationalpost.com/2013/0...rn-outbreak-of-bacteria-would-be-untreatable/

2. Британските здраствени работници предупредуваат за нов смртоносен вирус сличен на „SARS“, кој може да се пренесе од човек на човек. Официјалните лица од „WHO“, ги охрабруваат земјите да трагаат по нови заболени, поради тоа што потеклото на оваа болест засега останува нејасна.

Новиот вирус предизвукува загриженост за Светската здраствена организација и медицинските лица насекаде во светот, поради неговата способност истиот да се пренесе од лице на лице. Досега се евидентирани 11 лица преносители на ваквиот вирус, од кои петмина резултирале со смрт.

Вирусот бил регистриран во Саудиска Арабија и Катар и првично се мислело дека се шири од животни, како лилјаци, па на луѓе.

Но, најновиот пациент, без историја на преносливост, е регистриран на Блискиот Исток и Пакистан.

Сепак лекарите велат дека е прерано да се биде загрижен за новиот вирус, затоа што сеуште има низок ризик од инфекција.

http://mkd-news.com/nov-smrtonosen-virus-slichen-na-sars-se-shiri-niz-britanija/
.
 
Ете ти, сега само треба да измислат нов антивирусен лек, т.е. на стариот да му дадат ново име или да му супституираат некоја група и сите среќни живи и здрави.
 
Да, измислување „нов“ и прилично скап лек, кој црната и клета Африка не може да си го дозволи му е мајката :) За истиот тешки милијарди ќе фрлаат нешто поимашливите хипохондрици од другите краишта на светов, на кои, впрочем, леков им наменет. Во меѓувреме, на овој или на оној начин, од стари или од нови болести, од стари и или од нови војни, непожелната популација што злоупотребува цели региони со своето присуство (и стално нешто од нови болештини и чуми се разболува) малку или малку повеќе се разретчи.
И така, сите ќе бидат среќни. Добро, не баш сите, но не може се` да биде совршено. Ама некои секако ќе бидат побогати.
 
Ова е многу сомнително....Порано важело правилото дека за секоја болест има лек.. Сеа откако се стана бизнис во веледрогериите правилото е за секој лек има болест. Исто и за птичји,свински грип мислам дека лабораториски се создадени.
 
Да, измислување „нов“ и прилично скап лек, кој црната и клета Африка не може да си го дозволи му е мајката :) За истиот тешки милијарди ќе фрлаат нешто поимашливите хипохондрици од другите краишта на светов, на кои, впрочем, леков им наменет. Во меѓувреме, на овој или на оној начин, од стари или од нови болести, од стари и или од нови војни, непожелната популација што злоупотребува цели региони со своето присуство (и стално нешто од нови болештини и чуми се разболува) малку или малку повеќе се разретчи.
И така, сите ќе бидат среќни. Добро, не баш сите, но не може се` да биде совршено. Ама некои секако ќе бидат побогати.
Па мислев среќни за оние кои имаат средства да си го дозволат. :icon_mrgr: Ако си приметил, најчесто болестите почнуваат од области кои се економски слаби, за да можат од таму да почнат со клинички студии за ефикасноста на лекот, кој секогаш во првите форми е со огромни нус појави :(
 
Ако работиш на имунитетот нема да имаш ниеден вирус во тебе.Вирусите не живеат во алкална средина!!!
Точно.А за да го достигнеш врвот на човечкиот имунитет треба да ја зголемиш пинеалната жлезда а за да ја зголемиш треба да станеш сангејзер.Кога ќе станеш сангејзер ниедна болест не ти може ништо така што наместо парите да ги фрлаш по лекари и аптеки ке ги трошиш за многу попаметни работи.:)
 
Како се станува сангејзер?
 
Како се станува сангејзер?
http://www.cybermikan-sungazing.org/postupakibenefiti.htm
http://www.ivantic.net/Ostale_knjii...anizacija.weebly.com/postupak-i-benefiti.html
Ако нешто не ти е јасно побарај ме на skype или facebook и со задоволство ќе ти објаснам се до детали бидејќи го имам завршено целиот циклус по основната метода.Ова зема се поголем замав и веќе во Хрватска од страна на министерството за здравство и фармацијата почна се води кампања против оваа појава затоа што сериозно им се загрозија бизнис интересите а како доказ во последите месеци почна да се води хајка против Крешимир Мишак креаторот и уредик на најпопуларната емисија на националната хрватска телевизија НА РУБУ ЗНАНОСТИ бидејќи официјално првпат во неговата емисија ова беше презентирано пред околу 3 години.
 
И наеднаш од нигде на тема во која се дискутира можноста за нова епидемија, се појавуваат фаците кои гледаат у сонцето и со помош на тоа можат да се излечат од било кое заболување дури и вирусно. Затоа што лековитоста на фотоните од сонцето ги надминува сите вирусни болести и го зголемува нашиот имунитет!! Се што треба е да платите за курсот на кој ќе научите под кој агол да гледате во истото и колку долго.
1. Рак---5 мин. дневно под агол од 23 степена.
2 Туберколоза---3 мин. дневно под агол од 56 степена.
..

Он топик, треба да се почека и да видиме како ќе се движат работите и колку е сериозна оваа болест. Можеби е само мутација на веќе постоечки вирус или бактерија. Али ко што читам можноста ова да е мутација е мала.
 
Само уште ова ни требаше...

Пошто го имаш завршено целиот циклус,ај да не запознаеш колку време траеше цел циклус,дали со пауза или нон стоп...претпоставувам дека зимскиот период правеше пауза.
 
не бе и у зима има фотони од сонцето...јес да тогаш фрчат грипови итн, и тоа баш поради тоа што слабо фотони у воздухот има. Лето на пример нема толку грипови пошто има повише сонце. У Африка можда новава болест нема да може да биде излечена со глеање у сонце, пошто притоа тоа праат 24/7 у Африка а сепак не помага....чаре? Ќе почекаме да видиме што имаат да кажат корумпираните капиталисти кои го измислиле вирусов за да продаваат вакцини. Ако не упали, ондак глеање у сонце е спасот јбг...
 
Никој не те тера со сила да правиш нешто што не сакаш.Ти си управуваш со твојот живот и тоа е твое лично право.Инаку за целиот циклус да го поминам ми требаа околу 18 месеци заедно со паузите.
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 16:48 ---
И наеднаш од нигде на тема во која се дискутира можноста за нова епидемија, се појавуваат фаците кои гледаат у сонцето и со помош на тоа можат да се излечат од било кое заболување дури и вирусно. Затоа што лековитоста на фотоните од сонцето ги надминува сите вирусни болести и го зголемува нашиот имунитет!! Се што треба е да платите за курсот на кој ќе научите под кој агол да гледате во истото и колку долго.
1. Рак---5 мин. дневно под агол од 23 степена.
2 Туберколоза---3 мин. дневно под агол од 56 степена.
..

Он топик, треба да се почека и да видиме како ќе се движат работите и колку е сериозна оваа болест. Можеби е само мутација на веќе постоечки вирус или бактерија. Али ко што читам можноста ова да е мутација е мала.
Можеш да переш мозок колку сакаш а дали ќе успееш во твојата намера се зависи колку наивни овци ќе дозволат да бидат истрижени.Од мене лекарската и фармацевтската мафија имаат само зијан затоа што 2 полни години не сум стапнал ни на лекар ни во аптека а се надевам дека ќе продолжам со ова темпо и соларната јога ќе ја ширам кај што ќе стигнам бидејки целта ми е да ги доведам во банкрот цело здравство и фармацевтска индустрија.И додека на плус 50 степени летно време ти се заштитуваш со чадор и темни наочари од поднаводници штетното сонце кое има УВ зрачење не 9 како што кажува телевизијата туку од 13 до 15 мерено со инструмент јас без никакви проблеми се шетам каде сакам и колку сакам.
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 16:50 ---
не бе и у зима има фотони од сонцето...јес да тогаш фрчат грипови итн, и тоа баш поради тоа што слабо фотони у воздухот има. Лето на пример нема толку грипови пошто има повише сонце. У Африка можда новава болест нема да може да биде излечена со глеање у сонце, пошто притоа тоа праат 24/7 у Африка а сепак не помага....чаре? Ќе почекаме да видиме што имаат да кажат корумпираните капиталисти кои го измислиле вирусов за да продаваат вакцини. Ако не упали, ондак глеање у сонце е спасот јбг...
Кога ги спомнуваш гриповите кај мене се експресен транзит затоа што секој 2 ден се заштитувам со лук и кромид.
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 17:01 ---
Доказ дека профитот во здравството и фармацевтската индустрија почна сигурно да се намалува е оваа емисија на хрватската национална телевизија која од има за цел да ги убеди луѓето да бидат што подалеку од штетното сонце затоа што после успешното презентирање од страна на Крешимир Мишак хрватите се повеќе и повеќе сами се лекуваат со помош на алтернативна медицина на штета на официјалните здравствени установи кои имаат се помалку и помалку пациенти.Според коментарите испод видеото јасно се гледа дека луѓето се потешко и потешко подлегнуваат на разни манипулации.
 
http://www.cybermikan-sungazing.org/postupakibenefiti.htm
http://www.ivantic.net/Ostale_knjii...anizacija.weebly.com/postupak-i-benefiti.html
Ако нешто не ти е јасно побарај ме на skype или facebook и со задоволство ќе ти објаснам се до детали бидејќи го имам завршено целиот циклус по основната метода.Ова зема се поголем замав и веќе во Хрватска од страна на министерството за здравство и фармацијата почна се води кампања против оваа појава затоа што сериозно им се загрозија бизнис интересите а како доказ во последите месеци почна да се води хајка против Крешимир Мишак креаторот и уредик на најпопуларната емисија на националната хрватска телевизија НА РУБУ ЗНАНОСТИ бидејќи официјално првпат во неговата емисија ова беше презентирано пред околу 3 години.

Ти си прв што кажал дека го поминал целиот циклус, може нешто поконкретно за ефектите, ама онака подетално на физички и на психички план? Не сум ироничен, стварно ме интересира.
 
Треба ти уште лук и кромид да јадеш да го поминеш циклусот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom