Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.304
- Поени од реакции
- 34.687
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com

Да се рутира или не? Ова е прашањето. Бидејќи рутирањето на вашиот Android уред бара посветеност, па дури и минимално количество на ризик, зошто би се мачеле и што би постигнале? Gizmodo состави листа на причини зошто би го направиле ова, а вие проценете сами.
Што е рутирање?
Рутирање значи да се добие рут (root) пристап до вашиот уред. Кога ќе го купите вашиот Android уред, можете да правите многу подесувања, но сепак само оние кои производителот ви дозволува да ги правите. Со добивање рут пристап, можете да го модифицирате софтверот на уредот на најдлабоко ниво. Иако ова ја поништува гаранцијата, шансите да зезнете нешто на вашиот телефон се минимални.
1. Многу повеќе апликации
Во Google Play има многу добри апликации. Но, зошто да имате добри, кога може да имате одлични. Кога ќе го рутирате вашиот телефон, не само што ќе имате пристап до повеќе апликации, туку ќе имате пристап до апликации кои мобилните оператори, производителите и Google Play не сакаат да имате пристап. Некои од нив ќе ви дозволат да правите работи кои се на граница на легалното. На пример, Network Spoofer го користи вашиот уред за да креира лажна Wi-Fi мрежа. Кога вашите гости ќе се конектираат на неа, може да направите да ги гледаат сите слики наопаку, или текстот нејасен. Ова е безопасна зезанција, но исто така може да се користи (а не би требало) и за крадење на лозинки и други работи.

Каде се наогаат ваквите апликации? Добар дел од нив уште се во Google Play. Google е многу повеќе релакциран во врска со рутирањето во споредба со Apple и џејлбрејкувањето.
2. Најнови надградби
Една од најголемите зезанции кои ги нервираат Android корисниците се надградбите на оперативниот систем кои за нивниот модел може да доцнат многу. Помеѓу Google, мобилните оператори и производителите на хардвер, има многу коцки кои треба да се сложат позади затворени врати кои одредуваат дали и кога вашиот уред ќе добие надградба. Кој има трпение за ова?
Од друга страна, заедницата на Android девелопери е хард кор дружина која често пати е во можност да ја добие новата верзија на OS со месеци пред да биде официјално пуштена надградбата за одреден модел. Кога вашиот уред е рутиран, може да ја најдете верзијата која ја сакате (оптимизирана за вашиот уред) и обично е лесно да се инсталира.
3. Откачување на скинот
Android ентузијастите обично ги мразат скиновите на софтверот кои производителите ги користат за да ги брендираат нивните уреди. Често се грди и нефункционални, а често се и причина зошто долго време за чека за надградба на понова верзија на оперативниот систем. Со рутиран уред, може да си симнете и инсталирате кастумизирани ROM-ови (различни верзии на Android фирмвер).
4. Отстранување на непотребното
Android уредите често имаат купче апликации кои не ги сакате и никогаш нема да ги употребите, а се напикани од причина да ве вовлечат подлабоко во еко системот на операторите. Кога вашиот телефон е рутиран, може да ги откаќите овие апликации и воопшто да не ги гледате, на пример може да ги избришете еднаш засекогаш користејќи го Titanium Backup. Само бидете внимателни по грешка да не избришете нешто што на вашиот телефон му е неопходно, па да зажалите.
5. Подобрување на брзината на телефонот и животот на батеријата
Телефонот почнува да станува бавен? Или можеби почнува да не може да издржи цел ден со едно полнење? Рутирањето овозможува да инсталирате кастумизирани кернели (софтвер кој му овозможува на оперативниот систем да разговара со хардверот) кои се оптимизирани поинаку. Некои од нив се направени со цел да овозможат намалена потрошувачка на енергија, а некои како на пример Set CPU овозможуваат да го оверклокувате или андерклокувате процесорот на вашиот телефон и да поставите правила како ќе работи.
6. Екстремни прилагодувања
Android e најприлагодливиот мобилен OS, но кога е рутиран, телефонот може да биде лудница. Само небото е граница.
7. Бескрајни можности
Рутирањето овозможува и куп чудни и прекрасни работи кои ќе ги сакате. Сакате да го прикачите вашиот PlayStation контролерот на вашиот телефон за подобар гејминг? Нема проблем. Сакате да одлучите кој може, а кој не може да ве бара. Зошто да не.
8. Подобар бекап
Постојат апликации кои прават бекап, но на површно ниво (контакти, фотографии, музика и слично). Со рутиран уред одите ниво подлабоко. На пример, Titanium Backup не само што ќе ви ги бекапира сите апликации, туку и информациите сочувани во овие апликации.
И покрај сите овие бенефити, треба да размислите и самите да одлучите дали рутирањето е вистинската одлука. Доколку се одлучите да го рутирате вашиот телефон, најпрво информирајте се убаво за постапката и следете ги внимателно инструкциите.
виа Кајгана