Кој занает да изучиш?

  • Креатор на темата Креатор на темата zoki_com
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Me interesira koj zanaet se isplati i koj se placa i (ovde ako ne uspees )i vo stranstvo .. Bi sakal za go procitam vaseto mislenje
 
Има занаети како на пример електричар,кувар, механичар, водоводџија, адвокат, паркетар... Само треба да си познат и добро да ја работиш работата.
 
Има занаети како на пример електричар, механичар, водоводџија, адвокат, паркетар...
Адвокат во странство малку потешко, зашто самата професија си бара познавање на стручен јазик од државата каде што сакаш да го работиш тоа. Иначе,електричар, механичар, плочкар, хаус-мајстор.. и сл. занаети се доста солидно платени на запад.
 
Me interesira koj zanaet se isplati i koj se placa i (ovde ako ne uspees )i vo stranstvo .. Bi sakal za go procitam vaseto mislenje
Ти си само за тишлер, и одма на кај Израел да фатиш. Да те предупредам, кога ќе појдеш таму немој да земеш да се дружиш со луѓе од Кариот, лесно се поткупливи. Ако те интересираат распуштеници, тркни до Магдала. Ќе стекнеш многу пријатели таму: рибари, даночни инспектори, дури и близнаци.
 
samo zavaruvac ama ne tuka jas eve sum ama nikako da izlezam nagore so toj zanaet ama se nadevam deka ke bidi.
 
Едно време, пред извесен број децении додуша, да си бравар значеше нешто.
Сега можеш да си најдеш место под знамето на некоја партија, или под знамето на некоја (друга, за жал) држава.
Или на крајот на краиштата, може да станеш некаков експерт по нешто. Не е срамота.

Инаку, секој занает е добар ако добро си ја вршиш работата. Јас секогаш сум бил наклонет кон столарството, иако не се викам Јосиф.
 
Едно време, пред извесен број децении додуша, да си бравар значеше нешто.
Сега можеш да си најдеш место под знамето на некоја партија, или под знамето на некоја (друга, за жал) држава.
Или на крајот на краиштата, може да станеш некаков експерт по нешто. Не е срамота.

Инаку, секој занает е добар ако добро си ја вршиш работата. Јас секогаш сум бил наклонет кон столарството, иако не се викам Јосиф.
Ама затоа пак малиот личи на тебе.
 
Со оглед на тоа дека старите занаети изумираат не е лошо да се изучи некој таков дур е можно. Ќе дадам пример кој на прв поглед звучи малку глуп но тоа е грнчарството, пошто лично сум запознаен со тој занает. Конкуренцијата е мала, едино новите производства од пластика пример представуваат конкуренција, барем во Македонија. Познавам луѓе, кој со правејне грнци станале доста богати и можат да живеат солиден живот. Знам и луѓе, кој со таа професија работеа во Германија и беа доста платени пошто ретко кој знаеше да прави толку добри производи и беа многу корисни за нивната фирма. Барем денес со можностите како интернетот е и полесно за пласман. Тие луѓе што ги знам не одат по пазари да ги продаваат нивните работи по смешни цени туку со камиончиња им идат дома и го купуваат цело производство. Тие дела, посебно што се рачно изработени, се доста ценети во други држави и може за солидна цена да бидат продадени надвор од државата.
 
Електро техничар за компјутерска техника и автоматика... Програмер, сервисер и т.н. Многу треба да го испотиш газот ама после се исплати, ако не во Македонија во странство секогаш има потреба од такви и многу добро се платени.
 
Ама затоа пак малиот личи на тебе.

Уште не е направен. Имам најдено едно дабово стебло, двапати на циркуларот, малку шмиргла, лак и работата е завршена. Се мислам и да набавам квалитетна земја од Плодната Полумесечина, да го подзамачкам малку и со тоа. Остатокот е веќе божја работа, а со тој занает некако не ми оди. Чаре?

Имав еден другар од Гадара, кој почна да одгледува свинчиња. Ама нешто се разболе човекот. Му се слоши од сонцето изгледа. Ми зборуваат, ми вели. Ме тераат да се кандидирам за пратеник. Една од нив ми викна инспекција, а Евреите и Палестинците нешто многу не сакаат свињи. И после, за бељата да биде поголема, сите до една се удавија во еден вир, како огромни џиновски леминзи.
Сега му е подобро. Се занимава со земјоделство во Авганистан, продава лековити билки и растенија и баш добро му оди. Извезува и во странство.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom