Петиција за стопирање на сапунските серии

Да бе, па да немаат Лилиќ и Беличанец што да работат.

За Беличанец, не се секирај. Откако ја проверија што авторитет има во „Величествениот“, сега ке биде градоначалник на о. Кисела_Вода.

Лилиќ може ќе биде министер за здравство, кај да е. :D

Него, јас не потпишувам и повикувам на бојкот на петицијата.
 
Да бе, па да немаат Лилиќ и Беличанец што да работат.
Лилиќ е директор на МНТ, Беличанец има шанси да стане градоначалник. Не би рекла дека им оди толку лошо...:icon_lol:
 
Потпишувајќи ја оваа петиција дирекно влијаете во борбата против кичот, погрешниот морал и воопшто погрешниот начин на израснување на нашата младина.
Што ви е на вас бе. Таткото на кичот има квиз на тв они мислат така ќе се решат од него.
images
 
Лилиќ е директор на МНТ, Беличанец има шанси да стане градоначалник. Не би рекла дека им оди толку лошо...:icon_lol:

Знам многу добро, спомнав за да бидам кул :cool:


Eric J. Biafranić Уште Вучиќ министер на култура да го натокмат, тамански.
 
Што ви е на вас бе. Таткото на кичот има квиз на тв они мислат така ќе се решат од него.
images
Не е татко на кичот туку на македонските сељачишта, има разлика меѓу кич и сељачко, мада постои и микс. Иначе потпишав не дека глеам тв туку жал ми е за младиве генерации што ги трујат со вакво ѓубре.
 
Феноменот: „Штокуку ја следевте најгледаната серија на сите времиња, а во продолжение проследете ја најгледаната серија на сите времиња. Потоа, серијата која ги сруши сите рекорди на гледаност. За крај, серијата која по една емитувана епизода стана најгледана на сите времиња. Останете со нас.“
Ова никогаш нема да запре по воља на телевизиите. Само закон може да ги спречи во свесното затупување на народот. Донеси регулатива, голем процент од програмата да биде од македонска продукција, па да видиме како ќе почнат да тонат во беда принудени да го сменат цел систем на организирање. Сител пак ќе се извлече од бедава, ама Канал 5 како што заглавија со глупостите... тешко... Прво авионската несреќа во централен дневник, а сега и квизот на Д.В. :tapp:
 
Нема потреба од петиција за стопирање на сапунските серии. Само две работи
прво, укинување на СРД и законот за радиодифузија и враќање во старите добри пиратски времиња
и второ, данок на маркетинг од 90% на сите кич серии (што е кич серија ќе гласа одредена комисија за анти-кич)
 
Ке ги укинат драпај си јајцата, после ко ке фанат да блокираат улици заразенава раја од тие турски серии, ој па опрај ја работава. Ја тупат ова со синхронизацијата иначе до сега ке се парлаше турскиот јазик на големо, ко беа шпанскиве сапуници и те како се владееше шпанскиот јазик.
 
Еднаш на слична тема кажав ама ќе се повторам пак. Апсолутно не се согласувам со оваа петиција. И одма да се појаснам, и мене ми се гади и од турски и од индиски серии до стадиум на повраќање. НО! Принципот мора да биде запазен. Таква петиција води кон цензура, а тоа е нешто со кое никако не се согласувам. Не се криви телевизиските куќи што ние сме глупи и немаме вкус. Нивно право во бизнисот е да си пробат да намлатат пари на ефтини серии каде што лиценцата за емитување е миљон пати поефтина отколку да откупат права за некоја холивудска хит серија. Очигледно тоа кај народот пари, и народот тоа го избира. И воопшто не ме интересира дали тоа е така бидејќи сме бомбардирани со нив, не сега во време на интернет, кабловски сателистски. Изговор нема. Телевизиите се задоволни затоа што има гледаност а гледаноста значи пари а од друга страна минимални трошоци за откуп на права, народот е очигледно задоволен затоа што има гледаност. Овие глупаци сакаат да поднесат петиција да се укине нешто што народот сака да гледа. Кои се па они да одат против изборот на народот?

Знаете како се прави демократски тоа? Со бојкот на гледаност. Прво ќе им падне гледаноста. Тоа кад тад ќе го дознаат спонзорите и фирмите што се рекламираат во терминот кога се емитуваат сериите најверојатно преку пад на прометот. Спонзорите ќе удрат математика каде што ќе излезе дека рекламата што ја плаќаат не им се исплати па ќе ги повлечат финансиите. Телевизиите неколкукратно ќе изгубат. Прво се повеќе спонзори ќе им се повлекуваат, во превод телевизијата ќе слабее финансиски. Второ ќе ја изгуби медимската моќ и влијание затоа што се повеќе гледачи ќе се префрлуваат на други телевизии или на интернет. Трето, еднаш веќе изгубената репутација тешко дека ќе ја вратат на сред рок што значи дека се сјебани не само моментално туку и во иднина. Телевизијата ќе биде соочена со еден прост избор, да биде глупа до крај и да си го свирне пиштолот во глава или да смени концепт и да ги тргне сериите и да стави нешто друго. А оваков исфорсиран начин не поддржувам. Ако народот е природно глуп и без осет или па прифаќа свесно да биде глуп и без осет тоа си е негов избор. Петицијава да се укинат сериите мене ми е исто како мајките да направат петиција да се укинат кладилниците оти нивните 40 годишни магариња синови окапувале таму.
 
БРАВО за темава и петицијата
турбо фолк=шпански/турски серии
тоа со закон треба да се забрани, ..... цензура ДА, затоа што имаме цензура и на цигарите. нели се штетни по здравјето? е па и ова е штетно по здравјето на луѓето!!!некој ќе рече, па цигарите им штетат на непушачите. ДА, ок, им штетат, но зошто државата не дозволи да се отворат специјални локали каде што ќе биде собиралиште на пушачите? нормално со поголем данок или лиценца да плати за да отвори таков локал.
како што државата во овој случај со цигарите се прокламира како “грижник“ на граѓаните, така и со ова.
со закон да се забрани шундот, и да се поведе сметка за подигнување на свеста кај луѓето.
да не бидам поган на јазик, сепак ова е јавен медуим, но ништо убаво не им посакувам на сите вмешани во ова затупување на народот.
 
Колку и да сум против ваквиве серии сепак петицијава ми изгледа апсурдна... подобро би било да има граѓанска иницијатива за донесување на закон со кој би се регулирало колку време од програмата може да бидат вакви серии а колку домашни , квизови итнт...
 
или па уште попаметно може да не гледаш ако не ти се свигаат (y)
Има и попаметна варијанта :) Да ги снема од ТВ особено индиските и турските го уништија народот. Треба да се емитуваат емисии и серии каде што ќе се форсира повеќе нешто домашно од Македонија ние се почитуваме само она македонското наше не.
 
Има и попаметна варијанта :) Да ги снема од ТВ особено индиските и турските го уништија народот. Треба да се емитуваат емисии и серии каде што ќе се форсира повеќе нешто домашно од Македонија ние се почитуваме само она македонското наше не.

што се криви телевизиите кога нема ништо македонско еве на мтв 1 има нешто квизови за деца некој емисии, а овие другиве кога нема ништо македонско што да даваат
 
што се криви телевизиите кога нема ништо македонско еве на мтв 1 има нешто квизови за деца некој емисии, а овие другиве кога нема ништо македонско што да даваат
Имаме проблемот е што знаат како да го опијат народот да имаат повеќе гледаност знаат на што може да паднат и тоа е . Незнам како не се свести народов дека од тие серии се повеќе се применува и во пракса не уништуваат културолошки и се натака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom