- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 46.010
- Поени од реакции
- 86.403
Елвир Мекиќ е сведок на одбраната. Нема причина да крие ако бил. Тоа што како сведок повикале човек што сам тврди дека не бил присутен на местото кога се случувале убиствата е показател колку одбраната на обвинетите е патетична. Неговиот спот ќе го користеле како доказ за тоа дека обвинетите не биле присутни тогаш на тоа место. Со среќа нека им е.
Инаку, на следното рочиште ќе сведочи заштитениот сведок. Сведочењето, за жал, ќе било затворено за јавноста, па единствените информации за тоа што кажал сведокот ќе ги добиеме од патетичната одбрана. Треба уште од сега да бидеме подготвени дека ќе спинуваат.
Откога експертите во судска медицина ги изведоа доказите, еден од бранителите, Митко Солаков, забележи дека судот не треба детално да ги објаснува начините на убиството, тука да се осврене кон листите на повици кои, според него, се клучен доказ во кривичната постапка.
“Факт е дека се убиени, не треба да се докажува како, туку кој е убицот“, потецираше Солаков, кој му нагласи на судот дека мора да се направи детална анализа на листите на повиците ид а се утврди кој со кого, кога и зошто комуницирал. Кон неговиот предлог се приклучиња и останатите бранители, Насер Рауфи и Ахмед Алиспахиќ.
Доказната постапка продолжува во петок, кога ќе се изведат доказите од вештањето на балистиката.

Се поставува прашањето* - да не им е намерно некако подметнат одбрамбен тим составен од комичари?
* кое најпрво они самите би требало да си го постават