Студирам психологија

Член од
31 март 2011
Мислења
102
Поени од реакции
18
Aj nekoj od postarive kolegi ke go zamolam da mi pomogne taka sto ke mi prati eden prikaz na statija sto go napravil kaj mihajlo za da vidam kako treba da si go napravam mojot :)
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
26
Поени од реакции
10
Ај ако има некој што знае, нека го напише распоредот од I-ва година летен семестар.
 
Член од
31 мај 2012
Мислења
228
Поени од реакции
145
Ај ако има некој што знае, нека го напише распоредот од I-ва година летен семестар.
Сакаш да кажеш од 2ор семестар?
Еве го:
Понеделник
08:00-10:00 Социјална заштита(предавања)
10:00-12:15 Специјална педагогија(предавања)
12:15-13-45 Специјална педагогија(вежби)
14:00-17:15 Сознајни процеси(предавања)
17:30-20:00 Ликовна семиотика(предавања)
Вторник
10:30-12:00 Естетика(предавања)
12:30-14:00 гр1 Сознајни процеси(вежби)
14:00-15:30 гр2
15:30-17:00 гр3
Среда
10:15-13:15 Социјална заштита(вежби)
13:30-15:00 гр1 Емоции и мотивација(вежби)
15:00-16:30 гр2
16:30-18:00 гр3
18:30-20:00 Ликовна семиотика(вежби)
Четврток
14:00-16:15 Естетика(предавања и вежби)
Петок
10:00-12:30 Емоции и мотивација(предавања)
11:30-17:35 Етика(предавања и вежби)
п.с студираш психологија ?
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Magde јас бев решена да се запишам на психологија, под било кој услов. Но, сега кога разбрав дека има математика, и дека од утро до мрак се оставаш на факултетот ради часовите, скиснав човече. :tapp: Јас математика сум тапа. Доказ за тоа се две години полагање у јуни додека бев средно, и башка учев во слабо стручно економско/правно училиште. Иако просекот ми беше солиден последните три години.
Сега не барам ти да ми сугерираш, но бар кажи ми...Што ќе правам со математикава? Бидејки јас навистина не ја сфаќам. За останатите ќе се потрудам малку од малку, ваљда ќе успеам. Ама математикава, чаре?
И какви претежно се запишуваат на психологија? Фини ли се колегите?
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178

Кој ли те лажел за ова... :) Јас сум на психологија трета година, нема математика. Имаш предмети како Основи на статистика и Психолошко тестирање... Ама таму се што се учи е објаснето скроз од почеток и не ти требаат никакви предзнаења математика ниту пак некоја посебна способност. Се што ти треба е да внимаваш ептен на часовите за да разбереш зошто од книги потешко се учи. И нема некои сложени операции туку се е логика, се е убаво објаснето и за се имаш формули (кои не треба да се учат на памет и дозволуваат да ги носиш на испит). Јас повеќе проблем имав со други предмети кај шо книгите се напишани катастрофа, а баш овие 'математичките' предмети ги положив од прва. И не се ни математички предметите, нека не те лажат и плашат се е убаво објаснето на предавања и во книгите и ако си редовна и внимаваш на предавања нема да имаш никаков проблем.
 
Жозефин многу сум ти благодарна за одговорот. Инаку за тоа со математиката прочитав на почетокот од страниците на темава, не знам кој имаше пишано. Би била пресреќна доколку е се толку добро објаснето на тие предавања. За редовност ќе дадам се од себе да бидам што е можно поредовна.

Инаку сакам да те прашам..Какви се колегите на овој фалкутет?
Дали има фини особи со кои можеш асален муабет да си направиш, да седнеш да си се напиеш кафе, сокче во кафиќ бар до следните предавања? Еве на пр. ако едни предавања се во 11 претпладне а други во 5 после пладне. Сепак за некои од нас временскиот интервал ќе биде проблем, во случајов за мене. И нема да се исплати да одам дома а потоа да се враќам повторно на фалкутет за уште едно или две предавања плус. Па, повеќе ќе ми оди во прилог ако со некоја колешка седнам и си направам муабет и почекам 2-3 часа ако не ништо друго.
 
Абе, не моеш да очекуваш јас да знам какви колеги тебе ќе ти се погодат :) Се зависи и од тоа сепак ти колку си комуникативна и отворена. А и какви колеги ќе ти се погодат. Кај мене во генерација во прва кога се запишавме бевме околу 100 луѓе, сега се намаливме на 80. На почетокот правев муабет со тој шо ќе седнев, ипак мора некој да седи до тебе нели :) После при крај на првиот семестар поинтензивно почнав да се дружам со едни две колешки после некое време уште две ни се придружија и сега се дружиме сите и надвор од факултет, супер другарки си станавме. Мада не можам да знам тебе какви луѓе ќе ти се погодат и ти каков човек си... Рачунај како во средно, ако одиш на прв час и не знаеш никого нормално дека прв пат ќе почнеш да збориш со тој шо ќе седне до тебе, па после некое време полека ќе почнуваш сите да ги запознаваш па ќе видиш со кого најмногу ќе ти одговара дружењето :) Ама не верувам дека би имала проблем :)
 
Tе разбирам што сакаш да кажеш. Сепак можеби и јас лошо го дефинирав прашањето. :D
Мене целта ми беше да дознаам генерално, онака дали во глобала ,,саглам'' луѓе се запишуваат на фалкутетов, а не простаци. Пошто нели, психологија е... Па според тоа претпоставувам дека не може да биде психолог некој којшто има малограѓански манири и примитивни сфаќања. А искрено не ни верувам дека некој таков би сакал да оди на ваков факултет. Барем не би требало, нели?
Пошто веќе кога ќе се определиш за вакво нешто сепак, и самата струка си бара да бидеш по еманципиран и open-minded ако не друго. За утре кога ќе завршиш и си отвориш сопствена ординација да може да бидеш успешен и да им излезеш на луѓето во пресрет во однос на проблемите со кои се соочуваат.
 
Епа искрено да ти кажам, кај мене во генерација јас наидов на такви луѓе што се бројат едвај на две раце. Се сложувам и јас го делам со тебе ставот дека би требало да учат тука луѓе што се open-minded и полни со емпатија и разбирање за да можат ефикасно да си ја работат работата кога ќе биде време, ипак за да бидеш психолог треба да влегуваш во група на одреден профил на луѓе. Се изненадив малку што не се толку такви луѓето тука како што очекував, ама не и дека нема. Има луѓе што се дојдени да учат кај нас од што не знаат што би со себе, па ај психологија. Интересно им се видело. Ама има и такви што ги исполнуваат критериумите. Барем 10тина % би требале да бидат од оние 'добрите' :) Жалам ако те разочарав.
 
Навистина? Бедови еј...Тамам се понадевав дека бар од такви ќе се куртулам следната година. (n) Штета.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Навистина? Бедови еј...Тамам се понадевав дека бар од такви ќе се куртулам следната година. (n) Штета.
Ама еј, ова јас шо ти го кажав важи за мое искуство, не мора да значи дека е така за сите генерации и за сите луѓе :) Можеби јас имам превисоки критериуми, можеби тебе повеќе ќе ти се допаѓаат :)
 
Член од
15 март 2011
Мислења
154
Поени од реакции
85
Ама еј, ова јас шо ти го кажав важи за мое искуство, не мора да значи дека е така за сите генерации и за сите луѓе :) Можеби јас имам превисоки критериуми, можеби тебе повеќе ќе ти се допаѓаат :)

Хм, па и јас не сум нешто поразлична. Бидејки и јас имам повисоки критериуми и сум специфична, ете така да се наречам.:) Не се наоѓам во секој круг на луѓе баш најдобро, а искрено не сум ни нешто особено комуникативна и (лажно) насмеана 24 часа.
Тоа многу ќе зависи и од проценката и впечатокот кој ќе го стекнам за луѓето околу мене, па претпоставувам дека такво ќе биде и моето однесување кон нив.
Во секој случај многу ти благодарам за информациите. Изгледа дека нема спас од примитивците. Ѓи имало секогаш, и ќе ѓи има...
Плус ти си поголема од мене, па штом ѓи има во твоја генерација, во мојата ќе ѓи има уште повеќе со оглед на тоа дека секоја следна генерација е полоша од онаа претходната.
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
26
Поени од реакции
10
п.с студираш психологија ?
Благодарност за брзиот одговор и конечно: да, студирам. Имав 3 и кусур недели трчање за префрлање и бирократија, ерго закаснетиот одговор. Така што, се гледаме од понеделник;)
Мене целта ми беше да дознаам генерално, онака дали во глобала ,,саглам'' луѓе се запишуваат на фалкутетов, а не простаци. Пошто нели, психологија е... Па според тоа претпоставувам дека не може да биде психолог некој којшто има малограѓански манири и примитивни сфаќања. А искрено не ни верувам дека некој таков би сакал да оди на ваков факултет. Барем не би требало, нели?
Не, не се запишуваат. Според мое искуство, ретко ретко ќе начекаш некој што стварно сака да учи психологија и има страст за науката. Јас барем досега не начекав. Уште пожалосно е што тие што "не знам што у живот па ај психологија" често завршуваат пред другиве. Се ла ви.
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
во последно време многу му се навртеа на факултетов или мене така ми изгледа? и јас кога сеуште бев збркан и не знаев кој пат да го фатам, се нешто низ глава ми се моташе психологија. едноставно добар сум во комуникација со луѓето, знам да дадам добри совети (така ми викаат), можам да се ставам во било каква ситуација да се наоѓа соговорникот, кога објаснувам нешто на некого целиот се внесувам и нема шанси да не сфати некој и што е најважно знам многу да тешам и да убедувам :)
ама премногу беа за на овој факултет, ем конкуренција, ем нема работа после. по училиштава се е зафатено, приватни ординации исто многу има, постари генерации чекаат за работа.........
вие допрва што ќе се запишувате, кај мислите да работите воопшто?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom