Гледам дека повторно почнал да надвладува песимизмот во нашиот фан клуб, па не е фер да го оставам Нино сам, и така од јули заедно сме во ова мисија.
Море, сега биле изгубени шансите за трето место кога намалија 10 (13?) бодови разлика? Како може некој да верувал пред неколку кола дека Милан имал шанси за трето место (искрено, јас еден период почнав да губам надеж), а денес да е голем пеисимист, мене тоа ми нема логика. Милан од Наполи наваму има скор подобар од Јуве (барем така беше пред едно коло, сега можеби се изедначени или разликата да е + - 1 бод). Милан е во врвот според освоени бодови, па нормално е дека тој ритам тешко ќе го издржи и дека ќе мора да кикснува на одредени натпревари, а има одбрана која е способна за такво нешто, а и дека другите ќе почнат да победуваат. Треба да сте свесни дека Милан нема состав кој ќе се појави на терен и ќе земе поени на секој натпревар, посебно кога е во прашање гостување.
Добро е што и после нерешениот натпревар Милан има само три бода помалку од Лацио. Сетете се колку беше голема разликата пред неколку кола и ќе видите дека ова е одличен успех. Јас не верував толку бргу да биде стопена разликата, а во корист на Милан е тоа што ни Лацио и Интер не се воопшто сигурни екипи, сега и се во полоша форма од Милан. Не сум сигурен и дека нашите натпревари со тие две екипи ќе бидат одлучувачки... Интер губи натпревари од екипи како Сиена...
--------
Со Барса имам само една желба, не е битно како ќе заврши натпреварот, битно е да не биде изгубено достоинството. Затоа што ако им падне моралот, не знам како ќе ги играат натпреварите кои им престојат, а се многу значајни.
---------
И одвај чекам нашиот најдобар играч во одбрана, најфалениот играч од одбрана во овој фан клуб, да си ги собере парталите и да биде набркан од Милано. Уште кога ќе ми текне колку голема плата зема.

Не ми е јасни како може толку да има проблеми со мотивација, а бе јас во маало кога играм по сум мотивиран од него кој игра во Сериа А. Поради тоа најверојатно има и проблеми со концентрација, нема натпревар да не напрви некаков кикс. А и кога ќе излезе колку-толку мотивиран, повторно мора да заспие неколку минути на натпреварот, не знам како професионален фудбалер може да си дозволи да има такви црни дупки на еден натпревар.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 16:21 ---
PewDiePie ич да не ти чуе... пуни ја... јас враќам пари
После кога ќе се собереме вие ќе частите.
