N
Nessa Alcarin
Гостин
Абе даде, дојди и биди ми цимер има буцко да те направам. Ама ќе јадеш се што ќе ти зготвам.Обратно од другата тема
Сигурно не сум единствен овде со таков проблем (се надевам?). Да не буни зборот диети во насловот, диета е всушност режим на исхрана (не мора да значи елиминација на одредени работи во исхраната).
Проблемот е следен - Имам навистина брз метаболизам, слабо-граден сум, и имам тешкотии да качам килажа. Посетував теретана и без разлика што и да јадам, не помогна да качам некој позначителна килажа или да имам значајна мускулна дефиниција. Мислев дека одењето таму и со режимот на вежби, апетитот и потребата за повеќе храна само ќе си дојде, но иако почнав повеќе да јадам немаше разлика.
Можеби погрешна комбинациија на исхрана терам? Ме интересира дали некој може да препорача нешто што успешно му кренало килажа а биле горе-доле ектоморф, како мене?
24 години сум, 178 cm, и варирам од 58-60 kg во дадено време. Очигледно премалку килажа имам за некој од моја возраст и висина, па се надевам на квалитетни совети.
