од тој случај и од тие поединци ја изгенерализиравте работата. ако ви сметаат 5 души не хејтај цела заедница.
Која заедница? Влијателна заедница? Никој не вели дека сите на Твитер се такви ко што се опишани во темава, туку баш таа група која пред 10 месеци се трудеше да омаловажи нешто и да се однесува како да го оформила Твитеров. За мене не постои категорија влијателен/невлијателен, туку луѓе кои сакам да ги следам и не сакам да ги следам.
Тоа влијателно за мене не значи ништо лично, пошто Твитерот како и се друго што спаѓа под социјална мрежа го гледам како забава, место каде ќе се насмеам, ќе продискутирам и слично и сега муабетов излага, ако си на форум - не смееш да бидеш на Твитер, пошто овие од форум се вакви или онакви.
И влијателност за мене е иронична категорија, која беше употребена за да се долови односот што одредени поединци го имаа пред 10 месеци.
Друго се изначитав многу генерализации за членовите на форумов од страна на твитерџии, така да како и да се вртиш ни на Твитер не се светци, да бидеме реални.
Пак ќе кажам, отварањето на темава беше последица, а не причина и тие што не биле дел од преписката кога истата беше отворена, не гледам зошто се изреволтираа.