Предлози до Владата на Р.М

  • Креатор на темата Креатор на темата sveto4aki2
  • Време на започнување Време на започнување
Предлог броj n-ти:
- Владата да се откаже од проектот СК 2014 и да се задолжи за изградба на автопат по коридорот 8 што ќе не поврзе со Албаниjа и Бугариjа
- Владата да се откаже од антиквизациjата и конзервациjата на македонското општество и со ист таков елан да се фокусира на решавање на спорот со Грциjа за прием во НАТО/ЕУ.
- Владата да изготви закон со коj загадувачите и другите негативни екстерналии ќе мора да плаќаат големи пари пропорционално со загадувањето + да вградат модерни филтри со кои животната средина нема да трпи до толку.
- Владата да изготви закон за регионализациjа на државата односно укинување на локалната самоуправа како првостепена и донесување на планските региони како првостепени додека општините би биле второстепени со што парите од планските региони правилно ќе се алоцираат за рамномерен развоj на државата. Како што е сега, некои општини се развиваат брзо некои стагнираат а некои пропаѓаат.
- Владата да биде поотворена за нови идеи и да не ги игнорира граѓаните.
 
твој цитат:Ама вака да трошам време на пишување кога никој нема ниту да слушне ниту види или пак ќе види ама па јајцата го чешаат за народот. НЕ ФАЛА

НЕ МИ Е ЈАСНО ШТО ТРОШИШ ВРЕМЕ ИСКЛУЧИ СЕ ОД ФОРУМОВ
Прво научи се на интернет бон-тон.
Дали воопшто знаеш што значи да пишуваш со големи букви?
(Еве ако не знаеш ќе ти кажам тоа значи дека ти ми се издераваш без причина)
Второ сам кажа трошење на време, јас не сакам да го трошам времето на форум сакам да го искористам креативно, а воедно ако можам и да помогнам.

Да ти еб*м интелектуалецот ако не можеш една критика да прифатиш и со таква реплика ми враќаш.

П.С Ако имаш 13 години нема потреба повеќе да ми реплицираш.
 
- Под итно да се престане со бесмислени проекти како Скопје 2014, а иствореме парите да се пренасочат во ревитализирање на патната инфраструктура низ цела Македонија
- Инвестирање во енергетика и обновливи извори на енергија
-Поврзување на Штип-Велес со автопат поради енормната фреквентност на тој патен правец како и неговото значење за економијата
- Повторно воведување на ефтината тарифа за електрична енергија, и укинување на додатокот за моќност
- Да се работи на квалитет во образованието а не на квантитет
- Владата да се залага за квалитетно средно образование, наместо парите да се трошат на неквалитетно високо образование.

Би напишал и уште ама ајде во наредна прилика :D.
 
Сегашната влада да ги повика сите досегашни влади и сегашни и порнашени пратеници(платеници) и да извршат масовно самоубиство за да му тргни на оваа напатена држава и овај измачен народ !
ова е дефинитивно најдобар предлог
и јас сум за
 
Предлог до Владата:
Со оглед на фактот што минималната плата во Р.Македонија изнесува 8050 денари во нето или 12.265 денари во бруто износ. А месечната кошничка за 4 члено семејство изнесува над 12000 денари
Сите пратеници, цела влада 6 месеци да земаат минимална плата од 8050 денари, а следните 6 месеци да земаат социјална помош која не надминува 5000 денари (во најдобар случај).
Затоа што 100 стапа по туѓ губ неболат, ама кога ќе се осетат на својот грб тогаш поинаку ќе ги гледаат работите :pipi:
 
и што ако дадам предлог?? ќе види некој од владата???
 
Во секој град и општина во Скопје, по еден затворен базен. Таму каде има веќе отворени базени да бидат затворени.
 
Како што во Eвропа сме пример за меѓуетнички соживот, сите еднакви па и понекогаш поголеми права, како што сите конфликти најнајдемократски у цел свет ги решаваме, без сила, со договори, преговори и рамки, па дај да бидеме малце полиберални, да бидеме и во тоа најнапредни! Легализирајте коцкање, проституција, рекреативни дроги (цигари по кафиќи ќе заборавев)... попатно легализирајте гејови мејови хипстери и остали малцинства, нека биде убедливо, да знаат дека сме искрени во намерата! Нека биде Македонија Лас Вегас во Европа, нека биде втора Холандија да бидеме напредни до крај! Не сум воопшто саркастичен, напротив. Имајте малце муда и излезите со нешто конкретно не само со популистички квазипатриотски и религиски заслепувања за пензионери и други полноглавци. Можеби колку толку ќе се офајдиме од тоа, можеби така повеќе странски туристи ќе привлечеме, а не со имитирање туѓи градби и култури. Кога може рај за црни бизниси и корупција да биде, направете го да биде рај и за богаташите, дрогирашите и остали европски џган. Итака не привлековте инвестиции, итака економскиот стандард не мрдна. Кур ви чуе за државата, кур ви чуе за некаква верски или етички кодекси и гајле ви е за пензионерите, жнеете само гласови. Имајте храброст, направите нешто радикално, направите план, нека живне нешто, бидете искрени дека сте џубриња, ама бидете фер и извадете го џубрете од под тепихот, можеби конечно од тоа сите ќе имаме корист, а има многумина што ќе ја ценат искреноста!
 
Толку споменици направвте, дајте некој како тој потегот со становиет што беше, да си земеме по една од скулптуриве за по дома, у двор? Мислам и така како од фабрика ги вадите, доволно бројни ќе се да се обезбедиме сите.
 
Прво научи се на интернет бон-тон.
Дали воопшто знаеш што значи да пишуваш со големи букви?
(Еве ако не знаеш ќе ти кажам тоа значи дека ти ми се издераваш без причина)
Второ сам кажа трошење на време, јас не сакам да го трошам времето на форум сакам да го искористам креативно, а воедно ако можам и да помогнам.

Да ти еб*м интелектуалецот ако не можеш една критика да прифатиш и со таква реплика ми враќаш.

П.С Ако имаш 13 години нема потреба повеќе да ми реплицираш.

Нема потреба јас на тебе да ти реплицирам самиот си кажа се за себе.Форумов гледа се и те молам ако нема што да напишеш во однос на темава лечи комплекси на друго место г-дин проф.копиле така се преставуваш.Поздрав
 
Нема потреба јас на тебе да ти реплицирам самиот си кажа се за себе.Форумов гледа се и те молам ако нема што да напишеш во однос на темава лечи комплекси на друго место г-дин проф.копиле така се преставуваш.Поздрав
Прво слабо ти иде англискиот второ не знам од каде заклучи дека лечам комплекси?
Тоа што си неспособен да прифатиш добронамерна критика е друга работа.
Јас ја кажав вистина тоа што тебе не ти одговара не е мој проблем.
Толку од мене.
Поздрав и се најубаво понатаму во животот.
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 20:30 ---
Предлог до Владата:
Со оглед на фактот што минималната плата во Р.Македонија изнесува 8050 денари во нето или 12.265 денари во бруто износ. А месечната кошничка за 4 члено семејство изнесува над 12000 денари
Сите пратеници, цела влада 6 месеци да земаат минимална плата од 8050 денари, а следните 6 месеци да земаат социјална помош која не надминува 5000 денари (во најдобар случај).
Затоа што 100 стапа по туѓ губ неболат, ама кога ќе се осетат на својот грб тогаш поинаку ќе ги гледаат работите :pipi:
Си имаат тие бенефиции и пари од други бизниси и ако со нив ги споредиш платите им се фаќа како да губат џепарлак од мама/тато.

Извор: Од сите градоначалници во Македонија сите се милионери,а еден мислам дека е милијардер.

П.С Идејата не е лоша само да им се забрани патување со службени возила, платени ручеци и ред други бенефиции кои ги имаат и во исто време за тие 6 месеци да не смеат да трошат приватни пари.(не дека некој може да им забрани приватни средства да трошат ама ајде колку за атер на дискусијава)

П.С2 Со плата па макар и пратеничка не се станува милионер :cool:
 
Владата да воведе контрола врз инспекторите кои се подмитени и ги оставаат стопанствениците да работат во услови кои ја загрозуваат безбедноста на работниците при работа, да прават екстра профит кој е неоданочен, неиздавање фискални сметки итн...
:cuc:
 
Предлог до владата да ја намали државната администрација за 2/3, а со вишокот пари да ги субвенционира малите и средни претпријатија за нови вработувања на отпуштените административци.
 
Back
На врв Bottom