ЕУ воведува мерки за штедење

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Буџетот на ЕУ намален за 20%. За прв пат ЕУ воведува мерки за штедење. Дури сега почнуваат да ги плаќаат сметките за расипничкото трошење, меѓу другото и во Грција, Бугарија и слична боранија.

EU budget cut ushers in austerity for first time in union's history

Northern Europeans spearheaded by David Cameron and Angela Merkel win the day, but UK contribution still set to rise

http://www.guardian.co.uk/world/2013/feb/08/eu-budget-austerity-first-time
.
.
.
.
.
Брисел собирал по 2 отсто годишно од националните буџети на земјите-членки, ама за тоа како ги трошел парите отчет не давал никому последните десет години. Европејците сега почнуваат да дознаваат колку пари отишле јабана, завршиле во нечии џебови за програми, проекти, одлуки, кои биле погрешни, без никој за тоа да одговара пред кого било

...Европскиот буџет изнесува 1.033 милијарди евра. Досега стигнаа три предлози за дизајнот за идната година. Едниот, на Велика Британија, кој бара кастрење тешко 200 милијарди евра, вториот го поднесе Германија, кој бара намалување за 130 милијарди евра и третиот е на Франција, која „во принцип е за штедење, ама не баш сега“, па бара замрзнување на сегашната сума и, се разбира, одржување на евробирократскиот апарат на оваа сегашна бројка.

Францускиов предлог ми е најомилен. Познат ми е од практиката на домашните политичари со специфична матрица. Франсоа Оланд неодоливо ме потсетува на Тито Петковски. Не по лепота. Уште помалку по реално политичко значење. Туку по помпезната безначајност (аксесоар де), која како безопасна е закачена на реверите на некој моќен носач на брендирано одело.

Значи, Франсоа Оланд, лут на Британија, Данска, Шведска и на Холандија, кои бараат скусен европски буџет и отпуштање од работа на бриселските службеници, им префрли дека мислеле национално (демек тесноградо и себично), а не за општо европско добро и за европската економија.

Сега, како што е општо познато, токму Франција е лидер во широкоградост, несебичност и самопожртвуваност. Особено од Наполеон, па наваму. Освен кога повремено и ептен ретко, и тоа ако е принудена, неволно мисли на себе. Како сега, при донесувањето на идниот европски буџет. Овие студениве Нордијци и викинзи што сакаат да го кастрат, решиле најголемиот рез да го направат во заедничката земјоделска политика. Знаете де, во секторот што со огромни пари за проекти ги одредуваше димензиите и изгледот на краставиците и другиот зарзават, кој без да ги има предвид спецификите и димензиите на државите утврдуваше единствена директива на колкаво растојание ќе се сади што за да се спречеле пчелите да собираат поленов прав од различни растенија и слични „генијалности“, кои потоа пропаѓаа, ама за потрошените пари и конкретните штети во секоја од државите никој пред никого никогаш не одговараше.

Францускиот претседател сега, затскриен зад општото европско добро, не сака да признае дека токму неговата земја и француските земјоделци имаат најголем ќар од земјоделскиот комесаријат ваков каков што е сега. Кастрачите на буџетот уште бараат и мерка за штедење што ја тангира токму кокетната Франција. Предлагаат гломазниот европски парламент да заседава само во Брисел, а не и во Стразбур. Оланд не е Балканец и не би требало да страда од вишок историја, би требало, нели, да гледа само напред, ама Французов се здрви кога слушна дека за некои „бедни“ 180 милиони евра „народни пари“, колку што чини шетањето на европарламентарците, некои себични земји-членки на Унијата се подготвени да го жртвуваат Стразбур - „седиштето на Европа“. Би се деградирала историјата, вели Оланд. Општата ви се молам. Чудо! Ниту еден истакнат француски политичар не се потресе за деградирањето на општата историја кога Втората светска војна си ја претворија во лакировка со која се покрија сурови и стравотни факти!?...

Е така е тоа, народот мудар па знаел искуствено дека „додека на еден не му се стемни, на друг нема да му зазори“. Прашање е само дали имате некој да ви јави дека се раѓа нов ден. Ако не сте ги заклале сите први петли што ви го прекинале слаткиот сон и ако без страв, а бодро се соочите со новиот ден и можностите што ви ги дава, нема да форсирате непродуктивни дебати, да фингирате политички кризи и да си ја барате мааната секаде наоколу за да го одржите она што е неодржливо. Јас пред четири години ви кажав дека светот веќе нема да биде оној што го знаеме. И не е. А само што зазорило!

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2813924299&id=13&setIzdanie=22800
.
 
Буџетот на ЕУ намален за 20%. За прв пат ЕУ воведува мерки за штедење. Дури сега почнуваат да ги плаќаат сметките за расипничкото трошење, меѓу другото и во Грција, Бугарија и слична боранија.

EU budget cut ushers in austerity for first time in union's history

Northern Europeans spearheaded by David Cameron and Angela Merkel win the day, but UK contribution still set to rise

http://www.guardian.co.uk/world/2013/feb/08/eu-budget-austerity-first-time
.
.
.
.
.
Брисел собирал по 2 отсто годишно од националните буџети на земјите-членки, ама за тоа како ги трошел парите отчет не давал никому последните десет години. Европејците сега почнуваат да дознаваат колку пари отишле јабана, завршиле во нечии џебови за програми, проекти, одлуки, кои биле погрешни, без никој за тоа да одговара пред кого било

.

Е така е тоа, народот мудар па знаел искуствено дека „додека на еден не му се стемни, на друг нема да му зазори“. Прашање е само дали имате некој да ви јави дека се раѓа нов ден. Ако не сте ги заклале сите први петли што ви го прекинале слаткиот сон и ако без страв, а бодро се соочите со новиот ден и можностите што ви ги дава, нема да форсирате непродуктивни дебати, да фингирате политички кризи и да си ја барате мааната секаде наоколу за да го одржите она што е неодржливо. Јас пред четири години ви кажав дека светот веќе нема да биде оној што го знаеме. И не е. А само што зазорило!

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2813924299&id=13&setIzdanie=22800
.
:pos:
 
Ништо ново е тоа, бивша Југославија има најголемо искуство од цела европа за ова проблематика ама никако да се реши ;) А камоли Европа . ццц
 
Еве кои држави,колко ке земат според новиот буджет.
z13372484Q,Polska-najwiekszym-beneficjentem-unijnego-budzetu.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom