Дежурна Ординација! #2

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.511
Поени од реакции
7.841
Третата фаза е возможна,спаѓа во staging 2B(T2N1M0 или T3N0M0).Во превод Тумур од било која големина(Т1 е под 3цм без инвазии,Т2 над 3цм без инвазии,Т3 било која големина со инвазија на градниот кош(ребра,медиастинална плеура,плексус брахиалис...).Н1-Зафатени хиларни чворови и интрапулмонално додека Н2-медиастинални и уште некои беа.
Панкоастот расте на врвот(апексот) од белодробното крило затоа и треба време за нодална инвазија(пред се за хиларната) а додека стигне до таму ќе има инвазии во соседните структури блиски на врвот од белодробното крило.
А за 4 фаза се слагам,немозможно е.
Не знам од кога 2В почна да се смета за трета фаза, ама нејсе, така ако сметаме и 7 фази можеме да ги направиме.
 
Член од
8 мај 2007
Мислења
175
Поени од реакции
0
Утрово станав со потечено око, ова не ми е прв пат да ми се случи ова, последниот пат истото ми се случи но заедно со окото ми потече од другата страна устата. Ставав мраз и пиев лоратадин претходниот пат, па за некој ден ми исчезна. Од што може да ми се случува ова? И што да направам?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Утрово станав со потечено око, ова не ми е прв пат да ми се случи ова, последниот пат истото ми се случи но заедно со окото ми потече од другата страна устата. Ставав мраз и пиев лоратадин претходниот пат, па за некој ден ми исчезна. Од што може да ми се случува ова? И што да направам?
Дали имаш некој нов омекнувач или детергент?
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Третата фаза е возможна,спаѓа во staging 2B(T2N1M0 или T3N0M0).Во превод Тумур од било која големина(Т1 е под 3цм без инвазии,Т2 над 3цм без инвазии,Т3 било која големина со инвазија на градниот кош(ребра,медиастинална плеура,плексус брахиалис...).Н1-Зафатени хиларни чворови и интрапулмонално додека Н2-медиастинални и уште некои беа.
Панкоастот расте на врвот(апексот) од белодробното крило затоа и треба време за нодална инвазија(пред се за хиларната) а додека стигне до таму ќе има инвазии во соседните структури блиски на врвот од белодробното крило.
А за 4 фаза се слагам,немозможно е.
За жал има метастази и во другото белодробно крило, има изгубено преголема телесна тежина. Хемотерапија во неговиот случај е невозможно, а операција во државна велат дека ако го оперираат нема да живее ни недела дена, ( во систина викаат па да пробаме можеби ќе бидне работа-то не ми е јасно со медицинава како е можно да се пробува. Во мојата работа или знаеш или не знаеш, трето нема, така мора да е според мене и во медицината)
Пробувам да ја снабдам DCA Dichloroacetate, но и со тоа не ми се гарантира ништо, а е доста скапо да се лечи со тоа во Канада. Друго чаре ми велат дека бил лекот Tarceva кој бил околу 2000 евра месечно. Но сретнав млада девојка која има потрошено скоро 90000 евра за овој лек и вика дека само ја одржува во живот.
Сеуште чекам одговор од Италијанецот со содата бикарбона, деновиве мора да го барам на телефон ако не одговори.
Ако некој знаете уште некој лек, дајте предлог.
Моментално му го даваме дома следното.
Hemp Oil (масло од коноп (канабис) ) 2 лажици на ден
Laetrile (капки б17 како масло од дива кајсија) 30-35 капки на ден
Германиум 132 + екстркт од габа рејши (2 капс на ден) (за германиумот ми спомнаа на пулмо да му го давам, а вчера на мајка ми и велела докторка дека не смее да му се дава германиум на човек болен од оваа болест, веќе незнам кого да го слушам повеќе)
ECOMER + Omega3 2 пати дневно
ОМЕГА 3 1 на ден
АЦЕ + селен 1 капс дневно
Алое вера гел 3-4 пати по една супена лажица
Диетата на Јохана Budwig со младо сирење + ленено семе+ленено масло 3-4 пати на ден
1-1,5 литри на ден свежо цеден сок од (цвекло, брокула, морков, спанаќ, зелка, портокал, јаболко)
сок од 2-3 цедени лимони
три пати по 1 лажица мед+ѓумбир
три пати топчиња со големина колку кикиритка прополис
повеќе пати на ден млеко (кисело, благо, јогурт) + кари сос (поради куркумата која се наоѓа во него)
по 100тина грама Орев+ бадем+семки од тиква
Моментално изгледа доста посвеж во однос на тоа што беше пред 10тина дена кога го вратив од болница дома. Ноктите му беа пожолтени тогаш многу, сега си добија нормална боја, јаболчниците (или како и да се вика просторот околу очите), му се поисполнети и изгледа доста посвеж на лик. Има сеуште болки ако стане и да се движи (според мене поради тоа што се зафатени ребрата).
Ми кажуваа дека помагало во борба против ракот и газија (ако знаете некој да ми кажете каде може да се најде „медицинска газија“ без вкус и мирис и исчистена од работи кои се штетни. во Скопје)
Од утре ќе почнам да му ставам во јадењето и „Куркума“ зачин, за кој прочитав по страници за алтернативна медицина дека била доста корисна и дека ги убивала малидните клетки.
 

Me2

интериста
Член од
21 ноември 2009
Мислења
5.205
Поени од реакции
2.199
Бидејќи пливадонот го нема во Македонија, некои други апчиња со исти состав како пливадонот?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Луѓе, дали е обавезно да се пијат антибиотици после вадење заб? и кои? Фала за одговорот....
 
M

Muranyi

Гостин
Да ми препорачате некој народен лек за покачување на имунитетот?
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Веќе некое време ми се слева шлајм и го плукам. Бев на лекар, ми зема брис и ми пронајдоа бактерија во носот. Ставав една маст хлоронфиникол и малце ми замина. Потоа пак си продолжи и пак отидов на лекар, направив брис и ми кажаа дека немам никакви бактерии, нешто грлото ми било црвено, и ми дадоа спреј Ангал. Ставав од ангалот едно 1-2 недели и значително ми се намали, но сепак сеуште понекогаш ми се слева шлајм... совети?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom