Зошто ја сакаме Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Со сите позитивни страни но и со сите маани и слабости си ја сакам земјава исто како моите најблиски исто како Господ. Толку.
 
Ја сакам, а треба и сите да ја сакаме покрај нели сите недостатоци, заради тоа што самите тие недостатоци ги трпиме поради зависта и фашизмот што соседните држави го практикувале, а некои и денес го практикуваат (посебно Грција) врз нас. Но и покрај сето тоа успеал нашиов народ да опстане на ова парче земја... и како да не ја сакам :)
 
trebe da ja sakame budejki ubavo se zivee vo istata :)
platite se ekstra,gorivoto e eftino,zivotot e eftin :)
 
Единствено нешто што вреди во оваа црна дупка каде амбициите и соновите се осудени на пропаст, е големата слобода што ја уживаат младите. Социјализацијата е на ниво, делиме мноштво заеднички вредности и младите го имаат тоа 'чаршиското школо'. Многу работи искусуваме и изгустируваме, прерано за годините. Ретко сум имал среќавања со лица од некои западњачки земји, ама во однос на сите секогаш сум се осеќал како Тито. Делуваат како неизживеана и наивна табула раса.

Тетка ми пред скоро 9 години се пресели во САД и тогаш како помал еднаш ја напнав на телефонот со : Како е таму, преубаво ли е, сигурно се' цвета без никаква мана. А она ми врати : Тетино злато, правиот Дизниленд го имате вие во Македонија и уживај во него додека можеш! Премал бев изгледа тогаш за да ја разберам што сакаше да ми каже, ама сега ми е јасна сликата ..
 
Со сите позитивни страни но и со сите маани и слабости си ја сакам земјава исто како моите најблиски исто како Господ. Толку.
хм. Господ Бог нема маани и слабости никакви
затоа е тоа што е
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 20:15 ---
Единствено нешто што вреди во оваа црна дупка каде амбициите и соновите се осудени на пропаст, е големата слобода што ја уживаат младите. Социјализацијата е на ниво, делиме мноштво заеднички вредности и младите го имаат тоа 'чаршиското школо'. Многу работи искусуваме и изгустируваме, прерано за годините. Ретко сум имал среќавања со лица од некои западњачки земји, ама во однос на сите секогаш сум се осеќал како Тито. Делуваат како неизживеана и наивна табула раса.

Тетка ми пред скоро 9 години се пресели во САД и тогаш како помал еднаш ја напнав на телефонот со : Како е таму, преубаво ли е, сигурно се' цвета без никаква мана. А она ми врати : Тетино злато, правиот Дизниленд го имате вие во Македонија и уживај во него додека можеш! Премал бев изгледа тогаш за да ја разберам што сакаше да ми каже, ама сега ми е јасна сликата ..
предрасуди се ова
 
Napnavte!
Ja sakame Makedonija!
Nie, makedoncite.
Samo kelesi ne ja sakaat. Kelesite za zal se rodile i tuka! No ne se makedonci stom ne ja sakaat!!
 
Тој што не ја сака, слободно нека ја напушти ..до каде му дозволуваат можностите се разбира.. Америка, Италија, Србија. . . Босна, Косово. Таму е се подредено и перфектно, идеал со еден збор. Многу гледаме F.R.I.E.N.D.S , а верувајте тоа е комична 'научна фантастика'.. не е се така розово.
 
Maкедонија ти е како дете копиле/дебилче, дете со маани. А родителот колку и да е неговото дете ''фалично'' и со недостатоци,сепак го сака. Ништо не е идеално тука,али само тука сум дома.Јбг,кровот тече ама ипак дома е дома.
 
Некој некогаш напишал мудра вистина:

Има на Балканот една земја која се граничи сама со себе.

Каде живеат убави жени, а наталитетот опаѓа.

Каде невработените работат најмногу,

А на најплодната земја живеат луѓе кои гладуваат.

Каде сите играат фудбал уште од мали, а победуваат во кошарка и ракомет.

Сите брзаат на работа, а никој не стигнува на време.

Каде 8 часовното работно време, трае 12 часа од кои 5 се поминуваат во кафана.

Каде здравството е бесплатно, а лечењето скапо.

Каде новинарите се слободни да напишат она што ќе им наредат.

Каде најбогати се оние кои никогаш ништо не работеле.

Каде светската криза има добиено државјанство.

Каде луѓето веруваат, а го пцујат Бога.

Каде минатото се повторува секој ден.

Каде војните никогаш не се завршуваат.

Каде паметните заради неразбирање ги прогласуваат за лудаци, а лудаците за способни.

Каде неписмени ја пишуваат историјата.

Каде законите се незаконити, а анархијата нормална состојба.

Каде се живее од иднината, затоа што на сегашност се нема право.

Каде секој секому се смешка, а никој никому не му посакува добро.

Каде судските постапки траат подолго од животот.

Каде поплавите се начин за наводнување на земјиштето.

Каде сметаат дека земјата повеќе ќе напредува колку повеќе се уназадува...

На која земја и да помисливте, погодивте!
 
(y) 100% Тrue ............. answer Macedonia .......... :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom