Кога пред некое време температуриве беа минус 15 пример, внатре без огин насабајле беше +15, некаде луѓето дури и со парно греење па едвај постигаат 18степени. На целата куќа немам се уште ставено пвц ни врати ни прозорци, така да кога се ќе се затвори сигурно ќе биде подобра изолацијата и секако температурата.
Целата куќа е изградена со 30цм ExtrA+ B2,0/D350 со коефициент на топлопроводливост 0,09 W/mK, кој е стручен во вакви работи ќе знае што значи ова, ќе знае кој материјал има ваков коефициент и со која дебелина треба да е за да го достигне овој коефициент. Куќа со ваквиот коефициент со сигурност добива енергетски пасош.
Скоро 4 години пред да ја градам куќата следев се на српскиот ксела сајт што се однесува за блокови и одлучив и не се каам. Читав и слушав секакви глупости од луѓе кои доаѓаа додека градевме за радиоактивност, како може такво нешто да излезе од ЕУ ако е радиоактивно, го произведува цел свет.
Внатре ѕидовите кои го делат ходникот од салонот од лева страна и дневната кај моите од десна е преграден со 25цм, и еден ѕид од салонот према спалната позади е изграден со 20цм, а останатите преградни ѕидови за купатила и спални е 15цм, сите со итонг.
Се каам што не ставив цела итонг бела таваница, бела плоча. Мислам дека поефтино ќе ми искочеше и во изработка и во подоцнежните средувања на плафонот.
Висината на собите секаде ми е 2,35, значи 9 реда по 25цм висина блок + 10цм во вид на L профил. Не одев намерно според прописи од 2,60/2,70 бидејќи сепак целта ми беше да не губам толку на топлина со високи соби.
Во врска со плочата, ако мислиш на итонг бепа таваница/плоча:
Се редат ферт-греди исто направени од итонг и монти од итонг, се потпира на 16м2 по еден потпирач. Се исполнуваат со бетон серклажите, ферт гредите, на 100м2 мислам дека беше потребно 1м3 бетон.
Се прават L шалони за да се опшие целата плоча наоколу да биде бетонот изолиран 5цм од надворешни влијанија. Јас таквите L профили ги правев од блоковите кои ми останаа со сечење со пила за тие блокови.
За сето ова има видео туторијали.
Парчињата што остануваат секако можеш да ги искористиш насекаде или да си изградиш шанк, или да опшиеш некој елемент во купатило, када, надвор скара да изѕидаш, се можеш. Ретко нешто што се фрла, па дури и правот можеш да го смелеш најситно и да го измешаш во малтер/бетон, бидејќи тоа е мешавина од кварцен песок, цемент, гипс, вар...
Јас правев нормална плоча со обични ферт греди и монти, ме чинеше сигурно како кога би ставил бела таваница, а сега имам нерамен таван со искривени монти и ферт греди, се гледавме да иде рамно во потпирање и дотерување, но кога производителите прават испокривени ферт греди и монти, џабе ти е маката.
Исто така и за кровна конструкција може да се направи со бела таваница, добиваш воедно и супер изолиран таван.
За животниот век дава потврда првата градба во Шведска мислам дека беше 1929г, не ми се бара сега. Во Скопје има доста градби со итонг и тоа има некои долги години што стојат така не-фасадирани, на гол блок и немаат гајле, не знам која беше, знаат овие од фирмава што ги увезуваат. Сити Мол и Кривичниот суд се исто така со итонг. Мојава 2 години е без фасада, нема никаква реакција од дожд/снег/мраз, нити се нагризува ни ништо.
Мојава можеше да се изгради целата со вкрстување на блокови кај што треба да има столбови, за еднокатна куќа може така без проблем.
Внатре просториите каде што живеам моментално ги поминавме со 1цм класичен малтер во една рака, бидејќи внимававме при ѕидање да биде рамно. Планот за останатите простории е да бидат со внатрешен абрип.
Околу цената заборавив да пишам, 30цм беше 215ден комад, 15цм беше 90ден, сега се доста поскапи, нема логика зошто поскапуваат ако сакаат да бидат некоја конкуренција на пазарот ама тоа е, за жал.