Прашања до Атеистите II

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
1. Се поставува прашање од било кого, без разлика на верата.
2. Прашањето се одговара само од Атеист, пожелно од некој кој стварно знае да одговори, дозволено е и повеќе одговори но само од декларирани Атеисти, кои ако мислат дека првичниот одговор не е во ред односно не е потполн и сакаат да дообразложат/дополнат.

После добиениот одговор може само да побарате и дообјаснување ако нешто не ви е јасно но конкретно посочете за кој дел од одговорот .. друго ништо!

Ако некое прашање мислите опфаќа поголема дискусија, ако сакате да дебатирате тогаш отварате или отварам тема за истото, оваа тема значи ќе биде стрикно Прашање-Одговор, кратко и јасно без спамови, без километарски цитати и со свои зборови.

Ригорозни санкции за непочитување на правилата на темава ! (во превод секој офтопик минимум 3 казнени поени, што би значело со 3+ офтопика = бан 1 недела), континуирано спамање, тролање, офтопичарење = бан од тема доживотно. :)
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Прашање до Атеистите:

1. Од кого сте створени?
2. Зошто човекот е створен?
3. Зошто не верувате во загробен живот?
4. Дали имате некои Аргументи за вашето “верување“ дека не постои БОГ?
 
D

dystopian

Гостин
Прашање до Атеистите:

1. Од кого сте створени?
2. Зошто човекот е створен?
3. Зошто не верувате во загробен живот?
4. Дали имате некои Аргументи за вашето “верување“ дека не постои БОГ?
1. Од природата, по терк на еволуцијата.
2. Еволуцијата е спонтан процес, без предодредена цел.
3. Зошто нема докази.
4. Товарот на докажување паѓа кај оној што дава позитивно тврдење.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Секако, нема потреба да докажува дека бог не постои, како што кажав во првиот пост, товарот на докажување паѓа кај оној што дава афирмативно тврдење.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 01:34 ---

Шпагети со сос.
Ама ти рече природата го создала.....сега товарот е на тебе.
Како?
Додека не одговориш како нема да биде валидно тврдењето по иста аналогија како кај богот.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ама ти рече природата го создала.....сега товарот е на тебе.
Како?
Додека не одговориш како нема да биде валидно тврдењето по иста аналогија како кај богот.
Туку прашањето е што ја создало природата... :) Ај да ги видам сега :D
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Прашање до Атеистите:

1. Од кого сте створени?
2. Зошто човекот е створен?
3. Зошто не верувате во загробен живот?
4. Дали имате некои Аргументи за вашето “верување“ дека не постои БОГ?
1. Појасни го прашањето.
2. Не познавам причина.
3. Нема pro аргументи.
4. Не замарај.
 
D

dystopian

Гостин
Ама ти рече природата го создала.....сега товарот е на тебе.
Како?
Додека не одговориш како нема да биде валидно тврдењето по иста аналогија како кај богот.
Одговорот е даден одамна, само што на многумина не им се допаѓа. Како што кажав, еволуцијата е одамна докажана, но претпоставувам дека ти не ја прифаќаш, па ајде да не се натегаме без врска, и онака модераторот ќе ни ги избрише мислењава.

:)
 
D

dystopian

Гостин
А дали вопшто ВЕРУВАТЕ дека тоа е така? Или кај вас Атеистите не постои никакво ВЕРУВАЊЕ??!!
Намали со извичниците, да не си случајно збунет што постојат луѓе на кои не им треба ментална поткрепа преку верување во бајки?

;)

Околу атеизмот, кажано е стопати, тоа е позиција дека не постои Бог и ништо повеќе. Од таму па натака, секој атеист може да си присвои различни филозофии кои се надвор од самата дефиниција - атеизам.

За еволуцијата, нема потреба од верба во научен факт, можеш само да ја прифатиш или не.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.669
А дали вопшто ВЕРУВАТЕ дека тоа е така? Или кај вас Атеистите не постои никакво ВЕРУВАЊЕ??!!
Постои скептицизам... нештото треба доволно да се истражи, да се дознаат многу работи околу истото (најчесто по пат на експерименти, набљудување) па потоа да се донесе заклучок...
А не слепо прифаќање на одредено дело/авторитет/или што и да е...
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Јас можеби не сум доволно а/теистички едуциран... но моето неверување во постоењето на Бог, се темели на следново:
Не можам да сватам (ни да из-фантазирам) дека тоа огромно пространство (мултиверзумот) и сите негови познати/непознати елементи, се под капата на еден човек, една енергија, една материја.. или било која друга индивидуална причина.
Мене, поимот Бог ме асоцира на некаков си единствен облик, појава кој ги содржи одговорите на сите неодговорени прашања, креатор на сите креации......
Too good to be true,
Тоo good to be real,
Too simple to be real..
Едноставно не можам да го прифатам тврдењето дека постои нешто НАДприродно, нешто толку многу уникатно што би имало контрола врз се останато.
За мене одговорот на оваа тематика, секогаш би се криел во коктел/микс/спој од околности, енергии, материи, антиматерии, и други сеуште непознати фактори.. но никако зад некој и нешто (во еднина).
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Намали со извичниците, да не си случајно збунет што постојат луѓе на кои не им треба ментална поткрепа преку верување во бајки?

;)

Околу атеизмот, кажано е стопати, тоа е позиција дека не постои Бог и ништо повеќе. Од таму па натака, секој атеист може да си присвои различни филозофии кои се надвор од самата дефиниција - атеизам.

За еволуцијата, нема потреба од верба во научен факт, можеш само да ја прифатиш или не.
Не е проблем кај извичниците (!)

Значи според тоа што можам да го заклучам од твојот коментар не постои накакво ВЕРУВАЊЕ. Туку постои прифачање или одбивање на тоа. Намерно ги постирав прашањата на оваа тема, па потоа намерно и го поставив прашањето за ВЕРУВАЊЕТО. За да се виде ВИСТИНАТА. Ти кажа дека човекот е создаден од “природата или еволуцијата“ Бог да не сочува од вакво мислење, со самото ова твое тврдење ти ВЕРУВАШ дека тоа е така и сепак тука настанува твоето ВЕРУВАЊЕ. Потоа во овој коментар тоа го одбрануваш со тоа дека постои ПРИФАЧАЊЕ или ОДБИВАЊЕ за некоја работа без да постои ВЕРУВАЊЕ. Доколку се ПРИФАТИ некаоја работа нормално за таа работа треба да биде точна и за истата работа треба да му се ВЕРУВА. ;)

Мислам дека сум јасно искажан што сакам да кажам. ;)

Знам дека немате никаква аргументација освен свое мислење.
 
Толку глупости изнатреска, не знам од кај да почнам... :(

Ајде вака, еден ептен прост пример кој соодвествува со твојот капацитет. Пред тебе имаш тастатура, преку неа пишуваш ретардирани мислења по форуми. Јас ти викам дека тастатурата постои. Дали ти ќе ми веруваш дека тастатурата постои само зошто сум ти рекол така, или едноставно ќе прифатиш дека таа постои зошто ја гледаш со свои очи? Ти треба ли верба да прифатиш едноставни факти, неписмен еден?

:confused:
 
Muki-20

Маркетинг и финансиски консултант
Член од
12 мај 2012
Мислења
253
Поени од реакции
72
Толку глупости изнатреска, не знам од кај да почнам... :(

Ајде вака, еден ептен прост пример кој соодвествува со твојот капацитет. Пред тебе имаш тастатура, преку неа пишуваш ретардирани мислења по форуми. Јас ти викам дека тастатурата постои. Дали ти ќе ми веруваш дека тастатурата постои само зошто сум ти рекол така, или едноставно ќе прифатиш дека таа постои зошто ја гледаш со свои очи? Ти треба ли верба да прифатиш едноставни факти, неписмен еден?

:confused:
Јас те разбирам што сакаш да кажеш, но ова не може да го земаш за пример кој ќе го користиш за твоето докажување за ВЕРБАТА. Јас сакав едноставно на прост начин да објаснам но сепак ЕДЕН ден скако ќе разберете.
 
Кој прост начин, вербата опфаќа само недокажливи нешта, нема потреба од слепа верба во она што е веќе докажано. Едноставно е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom