Во Бугарија има и Македонци ... покрај Турци, Помаци, Роми, Власи и.т.н. и.т.н.
Зашто упорно Македонците во Бугарија (претежно во Пиринскиот дел на Македонија) или не ги спомнувате намерно, или пак ги бришете, велите дека не постојат и сл.?
Али ајт немам намера сега и со вас тука да думам ...
Санџаклиите т.е. Муслиманите (по најново Бошњаци) во Србија ги има вкупно околу 160 илјади ... и живеат во регионот на Санџак каде се некаде околу 55-60% од населението во овој регион на Србија, но они нешто таму да бараат нема никаква логика бидејќи како прво никогаш немале ниту автономија ниту бутур, а и во мала бројка се.
Ако нешто почнат да прават куршлус по автоматизам веднаш ќе се отвори Српското прашање во Босна и Херцеговина, да не заборавиме дека во БиХ има преку 1 милион Срби (Република Српска), така да ај да направиме споредба 160.000 Бошњаци во Србија, а во Босна повеќе од 1 милион Срби ... не одат тие работи така друже... Ако некого удриш нормално дека и тој после ќе ти врати со удар, таква е природата друже, а богами и политиката !
А што се однесува до Војводина, па таму бројот на Србите констатнтно расте и расте, а бројот на Унгарците на пр. е паднат на само 13-14% од популацијата на Војводина и понатака опаѓа, Унгарците имаат полош наталитет од сите останати народи таму, а плус и голем број од нив се преселуваат во Унгарија, а тие останатите мали малцинства фактички се асимилираат/асимилирани во Срби... така да Војводина(како најбогата Српска област) сака да си биде автономна повеќе од економски аспект, а не од политички и национален аспект !
Башка за да прогласиш независност/да се отцепиш потребно е да дадеш многу крв, кој во Војводина ќе се бори тие 13% Унгарци(кои се повеќето старо население), или тие мал број Буњевци, Романци, Словаци и сл. кои веќе се Србизирани во голема мера, а и појма немаат од живот !
Поздрав,