Верски вести II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
http://denesen.mk/web/2013/01/15/objavena-kniga-vo-koja-pisuva-kako-treba-da-se-tepaat-zenite/
дали муслиманите се апсолутно луге со ментално нарушување ? ДА ова е уште еден доказ за тоа , не ми се верува на колку ниско ниво спаднавте
Објавена книга во која пишува како треба да се тепаат жените

пред 19 часа 1


Коментари: 1



Во исламските земји е објавена книга во која има упатство како мажите треба да ги тепаат жените.
Исламскиот психолог Ал Шамари смета дека мажот непрестано треба да ја предупредува жената колку пати ќе ја удри. Тој тврди дека жената во некои случаи може да се „научи на памет“ користејќи четкичка за заби или некој друг ситен предмет, а категорички не го одобрува удирањето со чинија, нож или пак шише со вода.
Авторот на книгата „Жената во исламот“, Мохамед Кемал Мустафа, смета дека жената треба да биде тепана со стап, кој не е премногу дебел, за ударите да предизвикаат духовна, а не физичка болка. Авторот на мажите особено им препорачува да ги удираат на осетливите делови, како лицето, градите, стомакот, главата и слично.
Експертот за односи во муслиманското семејство, доктор Гази ал Шимари од Саудиска Арабија не се согласува со колегата. Тој смета дека ударите не треба да бидат по лицето, туку да бидат ненасилни и благи.
Џорџ Буске, автор на книгата „Секс-бонтон во исламот“, смета дека е важно кога ја удирате жената да не си нанесете физички повреди самите себеси. Поради тоа „слабите жени треба да ги удирате со прачка, пополните со дланка, а силните со тупаница“.
Авторите на емисијата „Шеријат и живот“ на телевизијата Ал Џезира се убедени дека физичкото насилство оди со воспитувањето не на секоја жена, туку на оние кои „овој процес го доживуваат нормално“.
Доколку жената почуствува понижување за време на телесното казнување, тогаш не треба да ја удирате, сметаат авторите на емисијата.
На крајот, авторот на книгата „За потчинувањето на жените во исламот“, Хасан Аша, јасно го формулира случајот кога мажот треба да се откаже од насилството. Таквиот метод е дозволен доколку жената одбие да биде добра за време на средбата со сопругот или не сака да ги задоволи неговите сексуални потреби, ако премине преку своите религиозни обврски или ако без дозвола ја напушти куќата.
Не се баш сите муслимани солидарни со авторот на книгата за улогата на жената во книгата. Многу верници оваа брошура ја нарекуват „агитација против исламот“, тврдејќи дека ги понижува жените многу повеќе, отколку сличните изданија во останатите религии.




Мене ме занима дали форумските Муслимани сметаат дека книгава е "агитација против Исламот" или пригоден брачен советник.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Ограбена црквата „Света Петка“ во Струга
Тешка кражба е извршена доцна синоќа во црквата „Света Петка“, која се наоѓа веднаш до oпштата болница во Струга.

Според првичните информации, од црквата биле украдени три бакарни шандани, каде што верниците палат свеќи, како и пари што луѓето ги оставаат преку влезната врата. Струшката пoлиција утрово изврши увид во црквата
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264











Датум: 19.01.2013, 13:40

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Водици во Скопје
Фото: Бисера Станковска
#
--- надополнето: 19 јануари 2013 во 18:32 ---
Датум: 19.01.2013, 12:40

Честитка од претседателот Иванов по повод Богојавление Христово - Водици

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до православните верници по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
- Водици е празник кој нè потсетува на значењето на светата тајна на крштевањето како еден од столбовите на нашата вера. На овој голем празник да не ги заборавиме основите на нашето верување и да продолжиме со почитување и залагање за вистинските духовни вредности. Славејќи го Христовото крштевање да го прославуваме и нашето духовно раѓање и да ја потврдиме смислата на нашите животи, се вели во честитката од претседателот Иванов.
На денот кога ги осветуваме нашите води, како што се истакнува претседателот во честитката, најискрено да посакаме во нашите срца да се вселат мирот, хармонијата и разбирањето, трпението и милосрдието.
- Инспирирани од овој голем празник и натаму ревносно да продолжиме да споделуваме со сите наши ближни и со сите наши сограѓани чекорејќи напред кон остварување на заедничките цели, вели претседателот Иванов.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Повторно сквернавени православни гробишта и обид за напад врз манастир.

Коха: АНА повикува да се уништи црква во Ѓаковица
Понеделник, 21 Јануари 2013 10:42
Албанци во центарот на Ѓаковица, каде протестираа против отстранување на споменик на припадници на ОВПМБ, се собраа на повик објавен на Фејсбук во име на т.н. Албанска национална армија, во кој се вели дека треба да се уништи тамошната православна црква, објави Коха диторе.


Во повикот, според приштинскиот весник треба „да се удрат Србите таму каде најмногу ги боли“.
Во изјава за Танјуг, претседателот на општината Ѓаковица, Ѓокица Станоевиќ вели дека Албанци се собрале синоќа околу 20 часот заради протест против отстранување на споменик во Прешево, а дел од нив се обиделе да го нападнат манастирот Успение на пресвета Богородица, но биле спречени од полицијата и меѓународните сили за безбедност.
Станоевиќ изјави дека дел од демонстрантите тргнале кон манастирот, но обидот за напад го спречиле сили на косовската полиција и КФОР.
- Манастирот сега го обезбедуваат големи сили на косовската полиција и КФОР однадвор и однатре, изјави Станоевиќ, додавајќи дека ситуацијатас е смирила по 22 часот.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Лего обвинет за расизам: на муслиманите Палатата на Џаба им личи на Аја Софија

Турската културна заедница во Австрија повикала на бојкот на производите на Лего и во официјалното соопштение изјавила дека „Палатата на Џаба“ од серијалот „Ѕвездени војни“ е расистичка бидејќи подзаличува на Аја Софија (црква што Турците си ја преправиле во џамија, а сега е музеј), но и на џамијата Ал Кабира во Бејрут.
На овој начин се поттикнувале негативни стереотипи за Блискиот Исток, јавува Остријан тајмс.
Доколку не сака да се соочи со тужба, Лего ќе мора овој производ да го повлече од пазарот.
„Терористот Џаба д Хат (Jabba the Hutt) сака да пуши тутун и да ги убива своите затвореници“, се вели меѓу другото во соопштението, а се тврди дека и ликовите изгледаат „злобно“ и прават лоши нешта, како што се убиства и држење робови, пренесува Хафингтон пост.
Од Лего ги отфрлиле обвиненијата: „Овој наш производ не е базиран на ниедна реална градба, луѓе или спомнатата џамија“, изјавила портпаролката Катарина Сасе за Телеграф. Таа ги потсетила засегнатите дека објектот потекнува исклучиво од сагата „Ѕвездени војни“.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Ограбена црква во дебарско Долно Мелничани

Во дебарското село Долно Мелничани е ограбена црквата „Воведение на Пресвета Богородица-Света Пречиста“.

- Украдена е големата икона на Света Богородица од исконостасот, две целивни икони, како и царевите двери. Полицијата е известена и во тек е увид по што целосно ќе се знае се што е однесено, изјави Благоја Спироски, намесник на Дебарската парохија.

Според него, кражбата ја забележале жители од Дебар, кои по потекло се од ова село, кога утрото дошле да запалат свеќи.

Во тек е увид од страна на екипа на дебарската полиција. Црквата е стара неколку века, а обновена е во деветнаесеттиот век
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Пљачкосувањето на македонските цркви во западна Македонија продолжува, дали станува збор за обичен криминал или позадината е друга?
Продолжува пљачкосувањето и опустошувањето на православните цркви во западна Македонија, а надлежните институции освен што креваат рамења по се изгледа се немоќни да преземат нешто и да ги заштитат.
Последна од низата цркви кои беа цел на грабежи беше црквата Света Пречеста Богородица во дебарското село Долно Мелничани. Вчера од оваа црква беа украдени пет икони од непроценлива вредност, изработени од познатиот мајстор Дичо Зограф.
Илчо Бојчевски, инспектор од Управата за заштита на културните споменици, вели дека состојбата е крајно загрижувачка и нагласува дека МВР мора поодговорно да му пристапи на проблемот.
Значи станува збор за сериозен проблем кој се случува само во западна Македонија. Мотивите за кражбите може да се криминални, но може да имаат и друга димензија. Ние како Управа ги преземаме сите мерки за да ги заштитиме иконите како културно наследство од непроценлива вредност, но не можеме сами. Речиси и да нема викенд во последниве неколку месеци, а да не е ограбена некоја црква во западна Македонија. Затоа велам дека мотивите можеби имаат и некоја друга димензија освен криминалната. Ние заштитивме голем дел од иконите, но не можеме да ги заштитиме сите. Треба црквите да ги оставиме без икони ако сакаме да ги заштитиме, а тоа е апсурд. Затоа полицијата мора поодговорно да му пристапи на овој проблем оти во спротивно ќе продолжат кражбите и опостушувањата на црквите во западна Македонија“, вели Бојчевски.
Тој нагласува дека украдените икони од православните цркви се од непроценлива вредност.
Па кога веќе иконата ја нема, кажете ми колку пари чини?Едноставно ја нема и никогаш повеќе нема да ја има. Затоа нивната вредност е непроценлива и ги нема тие пари што би ја опишале таа вредност“, револтирано вели инспекторот.
Од МПЦ не се посебно заинтересирани за проблемот. Владиката Тимотеј, кој е митрополит на дебарско – кичевската епархија, вели дека не можел да им бдее на сите цркви во западна Македонија и дека селата во кои се пљачкосувале црквите биле села без кучиња.
Па што да правам јас? Во мојата епархија има 500 цркви. Не можам да им бдеам на сите. Пред десетина дена испративме луѓе да ги обиколат селата и да ги предупредат луѓето што живеат во нив да ја засилат безбедноста врз црквите. Ништо повеќе не можеме да сториме“, вели Тимотеј.
Пред само десетина дена и партијата ТМРО предупреди дека во последните неколку месеци во континуитет се случуваат грабежи на црквите во западна Македонија. Лидерот на оваа партија, Ванчо Шехтански, истакна дека станува збор за смислени и координирани постапки кои се одвиваат во дебарско, кичевско, тетовско и во струшко, и дека истите се смислен чин на етничко и верско чистење.
Со ова се урива вековниот меѓурелигиски и меѓунационален соживот.Ова не се случајни и ситни грабежи. Ова е смислен чин на етничко и верско чистење во северозападна Македонија секогаш пред православни празници, а пораката е директно упатена до македонското правосалавно население“, истакна Шехтански.
И ТМРО апелираше до државните институции да реагираат соодветно и да не ги ставаат под тепих грабежите на црквите.
Ние Македонците друга матична држава немаме, а секој обид за наше понатамошно искоренување и понижување во матичната земја, ќе наиде на соодветен одговор. Палењето и пљачкањето на цркви се случува само во северозападна Македонија, во напуштените македонски села. За три години запален е бигорскиот манастир, Рајчица во дебарско, црквата во Џепчиште, Варвара. Повеќе од јасно е дека се работи за координиран и смислен чин со политичка и верска позадина“, реагираше оваа партија.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
сосема лесен крај за некој кој убива деца наВелигден.
Токму на истиот тој велигден со благослов на свештениците се упатија овие хорди на злото и само во еден ден убија и заклаа над 850 невини муслимани во Плав и Гусиње а преку 12,500 насилно ги покрстија. Ама ова ти смета да го спомнеш, нели? Или го нема во протоколот на твојата терористичка организација?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.359
Поени од реакции
84.582
Токму на истиот тој велигден со благослов на свештениците се упатија овие хорди на злото и само во еден ден убија и заклаа над 850 невини муслимани во Плав и Гусиње а преку 12,500 насилно ги покрстија.
Ако некои го направиле тоа, да даде Господ да им се врати на нивна глава.
(едитирано од модератор)
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Ако некои го направиле тоа, да даде Господ да им се врати на нивна глава.
(едитирано од модератор).
Ај сеа клетва фрли и за геноцидот во Сребреница, па да речам Амин!
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
Мики кој кому му вршел геноциди или убивал воопшто не тема..јас тоа и го тврдам, има преминувања во секоја и од секоја религија, но вистинско мерило за некоја религија се свештеници во таа некоја вера. Значи најпосветените луѓе во една вера се тие што ја водат, ако такви луѓе преминуваат или напуштаат одредена вера, тогаш тоа е и померодавно и поприфатливо како пример..барем ова е логично и јасно, незнам зошто тоа не го прифаќате како факт
христијанството и исламот се аврамски религии и доста слични една на друга , самите попови знаат доста и за едната и за другата религија тоа дека некој преминал во ислам или христијанство од страна на свештено лице не мора да значи дека е вистина, денеска се е за интерес тој можеби рекол дека преминал но не го сторил тоа гоолеми пари се вртат тука замисли околу аџилакот тука еден вид бизнис е тоа како викаат кој има пари ке оди во мека, медина кој не, значи ете има и нешто во исламот поврзано со пари а и во куранот пишува верникот да оди на аџилак ако има средства ( пари ) за тоа
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
неколку пати се повторувани правилата на темава, што смее да се постира на неа и колку може да се дискутира околу тоа.
секој офтопик досега (не се малку) ќе се санкционира ,,,,
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom