Нам неупатените? Никаде во множина не спомнав дека има неупатени. Коментирав со Шкорпион за значењето на еднакво и слично, така да не се навредувај одма.
1. Не можеш да дадеш дефиниција за тоа што е бог, и да им ја погодиш на сите. Секој тоа си го замислува поинаку. Тука се работи за тоа дали веруваш или не, ако веруваш тогаш бог ти е уствари една идеја која си ја замислуваш сам.Уствари бог ти е верување за кое не ти се потребни докази.
2. Будистите шо се двоумат дали можат да бидат и будисти и христијани ( што уствари не е можно) , а имаш и будисти кои веруваат во многу богови ама не на тој начин како христијаните што веруваат дека господ ќе ги спаси и слични срања. И не можам да ти кажам кои, оти сигурно не ми се роднини. Ти кажувам што сум читал по форуми
3.Медитација, имаат некои пеења, учење на Дарма (нешто за сонцето и водата, имам заборавено).
Ако мене ме прашуваш, немаат никаква корист од тоа. А они ваљда сметаат дека е здраво да медитираат, корисно да учат за Дармата и оддавање почит со пеење. Инаку, овие ритуали не се задолжителни, кој сака ги прави, кој не не мора
4. Атеизам е не верување во богови и не верување во религија
Неупатени кога реков, мислев на мене и на слични како мене, ништо страшно.
1. Дефиниција не можда прецизна, но отприлика се знае, како креатор, како семокен, како сеприсутен кој влијае на светот, според сите религии досега познати. Кај деизмот и пантеизмот е друга претстава за бог.
2. Будисти нема што веруваат во бог како овој под точка 1. нема. Можеби сличен на пантеистичкиот концепт, но тоа е веќе философски концепт, не религиозен.
Тие што веруваат во повеќе богови (33 или според некои концепти 33 милиони,) тоа е друга религија која веројатно тебе ти личи слична на будизмот но не е. Тоа е Хиндуизмот кој според следбеници е трета религија после Христијанството (околу 2 милијарди) и Исламот (1,5 милијарди) со милијарда верници, кој е доста постар. Не се тоа исти со будисти.
3. Отприлика си начнал нешто но целта е друга, а дали има или не корист од тоа тие си знаат, исто колку што има молитвата во Христијанството ...итн.
4. Атеизам е неверување во бог. Толку. Ништо повеќе. Според грчкиот збор “теос“=бог и префиксот “а“=без. Се мисли на бог, како под точка 1. Оти древните грци не знаеле за инаков/ви бог(ови).
Ај сега размисли дали има сличност меѓу Атеизам и Будизам. Никој не вели дека е ИСТО, но будизмот е во секој случај нон-теистичка религија, што мене и не ми прави некоја битнта разила меѓу “нон“ и “а“.