Види вака, задача на бекот е да го има и во напад, задачата на Велбек е да го има и во одбрана. Бекот го има во напад, Велбек го има во одбрана, бекот одлично си ја врши примарната задача, Велбек воопшто не ја ни врши неговата примарна задача. Ми викаш примарна задача му е да трча и толку? А другите не трчаат, не вршат пресинг, ништо од тоа - све тоа е задача на Велбек. Убаво ти кажа
vidooq има еден куп играчи во тимот што имаат секакви примарни задачи освен да даваат гол, па имаат дадено по гол, два или три. Ама НЕ , па тука следи ставен цитат од Саф од типот "Велбек сеуште расте, во фаза на раст и развој е". Да, баш ради тоа дека расте и се развива он неможе да научи да искористи една од 30 шанси за гол. Или да увиди самиот дека секојпат прави не по 1 потег вишок, по 3 потега повеќе од потребното секој fucking натпревар. Ама не бре, остајте го расте детето BELIEVE, IN SAF WE TRUST. Да, IN SAF WE TRUST ама и Саф не е безгрешен, направил многу играчи, ама не ги направил СИТЕ што му поминале преку рака играчи достојни да играат за Јунајтед. Клеберсон? Џемба? Белион? Верон? ги спомна погоре
Ryan Giggs да не го повторувам истиот муабет, значи има утки, фала богу никој не е безгрешен. Во младинци да се верува, треба да, ама во младинци не само во Велбек. Кој од младинците ги има добиено шансите и минутите што Велбек ги има? никој, Клеверли секоја укажана шанса ја искористува 100% за да докаже дека е потребен играч и успеал во тоа. Кажи ми според тебе Велбек докажал дека треба да биде првотимец во Јунајтед? Никако. По некој старт во купот, ок, понекогаш на клупа во натпревар од лигата можеби, да влезе во 70 мин. ако водиме 4:0 ајде и тоа, да му се даде шанса. Ама првотимец во никој случај.
Си течело нешто во најдобар ред, абе остај, не ме радуј. Еден Руни после неуспешните пенали го смени Саф да не ги изведува, со Велбек течело се во најдобар ред. Еден Пауел од 18год. кој НЕ РАСТЕ и НЕ СЕ РАЗВИВА со секоја укажана шанса,изиграна минута на терен, те убедува дека има нешто во детево, ќе го биде. Велбек бе човече, кажи ми за Велбек што направи и што уствари прави?а да, знам - трча. доволно е... И уште ова, ти очекуваш од Перси, Руни да кажат Велбек не го бива? Да го искритикуваат? Епа не, не чекај таква работа зашто нема да се деси колку и да е очаен Дени.