Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Абе Дарси, а знаеш ли дека и тој шо го носиш на аватар почна како крило кај Венгер и не беше баш ефективен, се плеткаше у нозе првите години итн? А сега го имаш на аватар, замисли.

А замисли па Венгер да го седнувал на клупа наместо да го форсира, ќе немаше што на аватар да ставиш :vozbud:
 
Тој е моментот кога поразениот се осеќа премногу кул да врати на фактите приложени.
Немаш нишо да кажеш бе пиле, да не согледа дека си грешка па сега ќе се преправаш тука у Сара Џесика Паркер? :D
Толку синко, ме сумре со фактите од youtube (n) :icon_lol:
Абе Дарси, а знаеш ли дека и тој шо го носиш на аватар почна како крило кај Венгер и не беше баш ефективен, се плеткаше у нозе првите години итн? А сега го имаш на аватар, замисли.

А замисли па Венгер да го седнувал на клупа наместо да го форсира, ќе немаше што на аватар да ставиш :vozbud:
:вонзем: Незнам, enlighten me. Стварно? :vozbud:Тогаш Дени е на пат да стане нешто слично :O Дени цар, Дени најдобар, GO DANNY, Дени за стандарден првотимец... :facepalm: Да, ама слично со Џемба Џемба.
 
Енитај бич енитајм ... ова се вика евро гол а не тоа на велбек !!! :pipi: ахх растураше на 22 исто како велбек само косата не му раснеше многу !!!!
коментари
So good they named him twice. Legend.
истово требало да го направат и со Велбек-Веблек :D
 
Толку синко, ме сумре со фактите од youtube (n) :icon_lol:

:вонзем: Незнам, enlighten me. Стварно? :vozbud:Тогаш Дени е на пат да стане нешто слично :O Дени цар, Дени најдобар, GO DANNY, Дени за стандарден првотимец... :facepalm: Да, ама слично со Џемба Џемба.
Иди лечи се, пријателски совет потребна ти е помош....
 
Види вака, задача на бекот е да го има и во напад, задачата на Велбек е да го има и во одбрана. Бекот го има во напад, Велбек го има во одбрана, бекот одлично си ја врши примарната задача, Велбек воопшто не ја ни врши неговата примарна задача. Ми викаш примарна задача му е да трча и толку? А другите не трчаат, не вршат пресинг, ништо од тоа - све тоа е задача на Велбек. Убаво ти кажа vidooq има еден куп играчи во тимот што имаат секакви примарни задачи освен да даваат гол, па имаат дадено по гол, два или три. Ама НЕ , па тука следи ставен цитат од Саф од типот "Велбек сеуште расте, во фаза на раст и развој е". Да, баш ради тоа дека расте и се развива он неможе да научи да искористи една од 30 шанси за гол. Или да увиди самиот дека секојпат прави не по 1 потег вишок, по 3 потега повеќе од потребното секој fucking натпревар. Ама не бре, остајте го расте детето BELIEVE, IN SAF WE TRUST. Да, IN SAF WE TRUST ама и Саф не е безгрешен, направил многу играчи, ама не ги направил СИТЕ што му поминале преку рака играчи достојни да играат за Јунајтед. Клеберсон? Џемба? Белион? Верон? ги спомна погоре Ryan Giggs да не го повторувам истиот муабет, значи има утки, фала богу никој не е безгрешен. Во младинци да се верува, треба да, ама во младинци не само во Велбек. Кој од младинците ги има добиено шансите и минутите што Велбек ги има? никој, Клеверли секоја укажана шанса ја искористува 100% за да докаже дека е потребен играч и успеал во тоа. Кажи ми според тебе Велбек докажал дека треба да биде првотимец во Јунајтед? Никако. По некој старт во купот, ок, понекогаш на клупа во натпревар од лигата можеби, да влезе во 70 мин. ако водиме 4:0 ајде и тоа, да му се даде шанса. Ама првотимец во никој случај.
Си течело нешто во најдобар ред, абе остај, не ме радуј. Еден Руни после неуспешните пенали го смени Саф да не ги изведува, со Велбек течело се во најдобар ред. Еден Пауел од 18год. кој НЕ РАСТЕ и НЕ СЕ РАЗВИВА со секоја укажана шанса,изиграна минута на терен, те убедува дека има нешто во детево, ќе го биде. Велбек бе човече, кажи ми за Велбек што направи и што уствари прави?а да, знам - трча. доволно е... И уште ова, ти очекуваш од Перси, Руни да кажат Велбек не го бива? Да го искритикуваат? Епа не, не чекај таква работа зашто нема да се деси колку и да е очаен Дени.

Не нудиш никакви аргументи во твојов пост со тоа што му се давало преголема минутажа на Велбек. Си се запрашал ли зошто Велбек игра и на која позиција игра во моментов??? Со оглед на тоа што Валенсија во последниов период е прочитана книга за секој противнички лев бек е во катастрофална форма и кога добива шанса сите гледаме како изгледа кога не знае како да одигра па секој центар шут му е над гол. Не викам дека е катастрофа и нешто слично, туку лани одигра важен дел и голема минутажа, оваа сезона мора на клупа за да ја поврати формата во вториот дел од сезоната. Нани лани одигра доста добри натпревари и исто имаше добра минутажа, следуваше ЕП, слаб почеток во ПЛ...и самиот САФ увиде замор во него и следуваше тој одмор поради таа “повреда“ ако вистина ја имаше. Добива одмор. Јанг е аут во моментов, а и Гигси имаше неколку натпревари па мора и тој да ротира, следуваат важни дуели. Кагава не му е природна позиција лево крило, Кагава е креативец во средината, но е принуден поради овие факти да игра лево, исто и Велбек е принуден да игра десно бочно поради недостаток на крила и САФ во него сака да добие разновиден играч кој ќе може да игра и лево и десно и во фор, зошто во моментов тој е лимитиран да игра класична 9ка, позицијата на РВП кој досега нема добиено одмор и Велбек не може да ја врши таа задача. Таму тој игра најслободно и е во позиција да даде гол, а лево крили и десно крило се нови негови позиции кои САФ ги испробува изминатиов месец. Се додека не се случи повредата на Јанг, Кагава и се додека не беше увидена слабата форма на Валенсија, Велбек не беше на теренот, влегуваше во второ полувреме, а на неколку мечеви дури ни на клупата во првиот дел од сезоната. Минатата сезона беше доста важен во втор план поркај Руни. Даде доста важни голови. Започна одлично минатата сезона, се до повредата против Арсенал кога и тогаш погоди па после тоа го загуби континуитетот, но повторно даваше важни голови. Тој ни донесе 3 поени против Арсенал, Тотенхем, голот против Норич кога се изнамачевме цел меч на домашен терен за вредни 3 поени, против Сити на гости во Фа Купот, голот против Евертон на домашен терен. Се тие погодоци ни донесоа драгоцени поени минатата сезона кога другите не биле на ниво. Имаше сезона со доста мечеви и неколку повреди, па ЕП каде играше чиста 9ка и одигра одлично на него, оваа сезона затоа можеби добиваше помала минутажа на теренот, а сега игра на неприродни позиции. Така да треба да се има трпение во него. За играч кој ja игра 3тата професионална сезона во моментов според мене е добар и перспективен играч.

Некој ќе каже Клеверли нели беше на Олимписки Игри, како игра тој на ниво. Клеверли 1-2 игра до 70 минута, после паузира меч-два...Клеверли имаше пред тоа добра позајмица во Виган и за него е 3та сезона во тимот, ама Клеверли сите мечеви ги одигра на природна позиција каде тој е навикнат да игра, со искусен волк до него во името на Керик.

Па и еден Еванс беше гола вода претходниве сезони, правеше катастрофални грешки, несигурно играше па сега видете каков ѕвер стана. Треба трпение за играчи кои доаѓаат од нашите академии. Да не им даваше САФ толкава минутажа на Сколс, Гигси, браќата Невил, Бекс, Бат на возраст на која се сега Еванс, Велбек, Клеверли, Џонс, Смолинг не знам на која возраст ќе прераснеа во тоа што се сега или дали воопшто ќе беа тоа што се сега. Сите говорите за Верон, Џемба Џемба, Белион. Тие не се играчи на академијата, играчи кои поминале низ нашите тренери кои уште од помладински категории ја водат филозофијата на клубот, играта, и го внесуваат онај психолошки дух на клубот. Смолинг и Џонс не се од наша школа, но исто така се доведени како најперспективни играчи за кои беа заинтересирани доста клубови. Набројте ми неколку играчи од нашата академија или играчи доведени до 20 години и добивале ваква шанса каква што добиваат сега од страна на САФ и кој од нив до сега не ги оправдал тие вложени минути во нив. Зошто давањето вакви минути на млади играчи за еден тренер од калибар на САФ е голем влог, зошто лесно е во моментов со вакви финансии какви што имаме да фрламе пари на готови играчи или таленти кои играле постојано но не биле перспективни и подоцна да флопнат. САФ во врска со млади играчи кои им дава шанса не погрешил до сега. Ги направи играчишта генерацијата на Гигси и Сколс, подоцна Роналдо, Руни, Еванс...сега тоа ќе биде и со Велбек, Џонс, Клевз, Смолинг... за скоро и со Пауел, Заха.И Македа ветуваше на првите 2-3 меча против Вила и Сандерленд, ама подоцна виде САФ дека го нема тоа што го бара во него и затоа не ја доби минутажата што ја добиваат сега овие играчи.

Исто не знам дали од истите луѓе кои во моментов го критикуваа Велбек имаше и критики кон Кагава посебно по мечот со Ливерпул, кога истите тврдеа дека Кагава е промашен трансфер, а сега за нив наеднаш е цар по мечот со Саутемптон. Сами си даваат демант за рок од 2-3 недели.

Не ги гледајте работите површно само и не судете одма. Не сме ние како тие клубови кои упропастуваат потенцијали и таленти, ние сме институција за создавање такви таленти во големи играчишта. Ќе правиме муабет за некоја сезона :)
 
Зошто давањето вакви минути на млади играчи за еден тренер од калибар на САФ е голем влог, зошто лесно е во моментов со вакви финансии какви што имаме да фрламе пари на готови играчи или таленти кои играле постојано но не биле перспективни и подоцна да флопнат. САФ во врска со млади играчи кои им дава шанса не погрешил до сега. Ги направи играчишта генерацијата на Гигси и Сколс, подоцна Роналдо, Руни, Еванс...сега тоа ќе биде и со Велбек, Џонс, Клевз, Смолинг... за скоро и со Пауел, Заха.И Македа ветуваше на првите 2-3 меча против Вила и Сандерленд, ама подоцна виде САФ дека го нема тоа што го бара во него и затоа не ја доби минутажата што ја добиваат сега овие играчи.

Исто не знам дали од истите луѓе кои во моментов го критикуваа Велбек имаше и критики кон Кагава посебно по мечот со Ливерпул, кога истите тврдеа дека Кагава е промашен трансфер, а сега за нив наеднаш е цар по мечот со Саутемптон. Сами си даваат демант за рок од 2-3 недели.

Не ги гледајте работите површно само и не судете одма. Не сме ние како тие клубови кои упропастуваат потенцијали и таленти, ние сме институција за создавање такви таленти во големи играчишта. Ќе правиме муабет за некоја сезона :)

Јас нигде не спомнав дека не треба да се дава шанса на младите, нити спомнав дека не треба да му се дава шанса на Велбек. Треба, и него и на сите други, клевз, џонс, смолинг, пауел и остала багра. Велбек добива премногу шанси што не ги искористува. ПРЕМНОГУ. Младичиве што ги спомнав, ја оправдуваат секоја минута што ги ставил Саф да играат, некад грешат и тие, имаат некој од нив некад лоша утакмица,ама следната што ќе ја почнат се враќаат поискусни од претходните грешки, но тоа не е случај со Велбек. Ми бараш аргументи? Ги следиш утакмиците на Јунајтед? најверојатно да, тогаш што уште да ти дадам како аргумент. Поарно здравје. Гледај го Јунајтед со Велбек у стартна постава и ќе ти биде јасно за што праам муабет.
Ryan Giggs
си доби следбеник ти изгледа во овој Darsey.:D
:icon_lol: Хаха ма не бре, јас само го критикувам дечкото пошто си е за критика, не го правдам и не вадам смешни оправдувања кога не е за правдање. И според мене не заслужува да има толкава доверба кај Саф. Едноставно е :D
 
Ryan Giggs
си доби следбеник ти изгледа во овој Darsey.:D
дечкото е реален како мене и очекува многу повеќе од некој што игра 90 минути на терен!!! вие играњето на неприродна позиција го гледате како оправдување ( а фактот дека сите други во јунајтед се ротираат па играат фантастично не го спомнувате ни објаснувате зашто е тоа така ) и фактот дека доаѓа од младинска школа па може да си дозволи x 1000 пати повеќе грешки отколку другите. Ма немој да ме јебеш, другите се црнци а велбек бела мечка па ајде сега ќе го мачкаме со бекутан пудричка за да му биде пријатно во гаќите . Кога ќе го ставиш пред сите други , и ќе им објасниш дека треба да останат на клупа ... најмалце што очекуваш од Велбек е придонес за тимот. Фејст ит , деновите кога он игра на терен се како оние вчера, да се тресеш дали ќе победиш или не зашто со велбек во игра е исто како да играш со играч помалце !!! Незнам само каде отиде хет трикот кој го спомна ... па зар имаше ли дилема дека велбек ќе успее да го погоди стадионот а не па тек голот !!!
А и ова со годиниве еј 22 има , го кажувате ко мислиш 12 години вундер кинд игра за јунајтед во прв состав . Да не набројувам играчи испод 22 што се носители на игра, и чудно зашто е тоа така на велбек изгледа му доцни периодот мислиш за жена дека правиме муабет !!!!
Тука никој не го хејта ниту му брани да игра ... но она што го гледам од него никако не може да ме убеди дека некој ден ќе биде носител на играта на Јунајтед а уште помалце дека со таква игра заслужува 90 минути !!!
 
Mу треба подобрен финиш и потег помалку на Велбек... Затвара подобро од поголемиот дел од нашите играчи на теренот...
Има фудбалска интелигенција, несомнено, ама некако, нема среќа, му треба бајачка ...

ziak92, играчите што ги наброја, од генерацијата на Невил, ни на еден не му беа потребни толку мечеви колку што сега добива Велбек за да се етаблираат во првиот тим...
Малтене дојдоа како готов производ од академијата...
 
Јас нигде не спомнав дека не треба да се дава шанса на младите, нити спомнав дека не треба да му се дава шанса на Велбек. Треба, и него и на сите други, клевз, џонс, смолинг, пауел и остала багра. Велбек добива премногу шанси што не ги искористува. ПРЕМНОГУ. Младичиве што ги спомнав, ја оправдуваат секоја минута што ги ставил Саф да играат, некад грешат и тие, имаат некој од нив некад лоша утакмица,ама следната што ќе ја почнат се враќаат поискусни од претходните грешки, но тоа не е случај со Велбек. Ми бараш аргументи? Ги следиш утакмиците на Јунајтед? најверојатно да, тогаш што уште да ти дадам како аргумент. Поарно здравје. Гледај го Јунајтед со Велбек у стартна постава и ќе ти биде јасно за што праам муабет.

Не се тоа аргументи другар, туку има доста аргументи кои ги заобиколуваш.
Аргумент 1: Велбек игра крило, игра на неприрода позиција за него во моментов. САФ го игра таму поради недостиг на крила (ради повреда, одмор), случај што е и со Кагава во моментов.
Аргумент 2: Велбек е чиста 9ка во моментов, лимитиран на таа позиција, шпиц кој треба да завршува акции во полето од 16 метри, не е доволно модификуван да игра и лево и десно. САФ со тоа што го игра крило т.е на негова неприрода позиција не е туку така, туку според мене дека верува дека во иднина може да се прилагоди на таа позиција и тимот да има поголема разновидност и поголем избор, нешто што сака САФ да го има. Во моментов игра на таа позиција веќе еден месец, т.е добива поголема минутажа, претходно беше стартер на 7-8 натпревари, на другите влегуваше од клупа. Истиот експеримент САФ го направи и со Руни пред неколку сезони ако доволно го следиш Јунајтед. Руни беше доведен како чист шпиц. САФ еден период по сезоната кога пристигна го форсираше и бочно и зад напаѓач. Среќа што немаше тогаш толку форуми да се дискутира, зошто на доста натпревари Руни изгледаше како што изгледа Велбек на оваа негова нова позиција.
Аргумент 3: Фактот што Велбек не доби поголема минутажа на својата природна позиција е тоа што е доведен РВП, тоа што имаше доста натпревари зад него во минатаа сезона (ПЛ, ЛШ, ЕП плус куповите) и му даде одмор.
Аргумент 4: Велбек не добива премногу минути како што викате вие. Досега има тој 10 стартови во ПЛ и 8 натпревари влегол од клупа . Не е тоа премногу минути според мене.
Аргумент 5: Велбек уште не е созреан како играч, постои голем потенцијал и талент кај него и САФ знае тоа добро да го искористи и да го направи голем играч. Сеуште е млад и треба да работи многу за да стане голем играч, а под водство на САФ не се сомневам дека тоа ќе се случи. Финишот му е доста слаб и тоа е послаба негова страна на која мора да работи.

Што значи треба да се има трпение, а не да се плука и уште од сега да се отпишува играчот, зошто ако сега не набие доволно искуство и минути не знам кога би го добил тоа. Затоа реков ајде кажи ми кога погрешил САФ на кој му давал шанса и минути колку Велбек за играч на негова возраст во изминатиов период.

Во моментов тоа што треба да не загрижува не е Велбек, тоа што доста очајно играме уште од по мечот против Ливерпул во средината. Одбраната е далеку подобрена од пред месец дена, но сега средината е тоа што чкрипи во тимот зошто ја нема таа креација која што ја имавме се до пред 1 месец. Се поубеден сум дека против Реал барем на првата ако не и на двете ќе излеземе во 4-5-1 со можност на трансформација на 4-2-3-1 со малку поофанзивни крили или 4-4-1-1 со подефанзивно ориентирани крила, зависно кои крила ќе бидат фит до тогаш, ако не тогаш Руни изгледа ќе оди десно, а по лево ќе дејствуваат Кагава и Гигс. Ама мислам дека Нани и Јанг ќе бидат фит до тогаш и Руни ќе биде позициониран зад РВП.

Mу треба подобрен финиш и потег помалку на Велбек... Затвара подобро од поголемиот дел од нашите играчи на теренот...
Има фудбалска интелигенција, несомнено, ама некако, нема среќа, му треба бајачка ...

ziak92, играчите што ги наброја, од генерацијата на Невил, ни на еден не му беа потребни толку мечеви колку што сега добива Велбек за да се етаблираат во првиот тим...
Малтене дојдоа како готов производ од академијата...

Набројав погоре за финишот, да не се задржувам пак на истото.

Велбек е веќе прилагоден на тимот, тоа го докажа веќе минатата сезона. Сега е друга работа што не му оди сезонава. САФ неговата позиција ја има резервирано за РВП во моментов, а кога играл Велбз со него во форот секогаш бил позициониран зад него. 3 асистенции има Велбек кон РВП во тие 5-6 натпревари како стартер и другите кога влегувал од клупа. Лани погодуваше кога му сервираа на тацна, сега со позициите каде игра никој не го прави тоа зошто од сите се бара да го хранат РВП со такви топки. САФ бара разновидност од него, не лимитираност на една позиција, зошто мислам дека лани добро докажа дека му лежи позицијата истурен шпиц со подршка од играч (во случај тогаш беше Руни зошто друг играч не можеше да игра таму). Велбз има простор да се здобие со таа разновидност и да игра на повеќе позиции зошто сега се кали.

Инаку генерацијата на Невил, Гигси не сум ја следел во тој период. Од тоа што го имам гледано во разни документарци и репризи мислам дека добивале значајна минутажа и полесно се здобиле со тоа искуство и квалитетот го надградиле, а и лигата од тогаш до сега е далеку подобрена и потешка за игра, посебно за многу новајлии, медиумите исто не биле тогаш како сега за да ги убиваат психички. Со младите треба да се работи, а САФ го знае тоа најдобро.
 
Потписов што го имаш треба да ти биде- Not arrogant just stupid. :D
Па и аватаров шо го стаил бре, пешлачиња манчестерски. Сакаш заедно да го лижиш со Гигс нели?
кога не можеш да победиш со аргументи удираш ниско нели ... лесно може да ти проценам и годинки според ова што го пишуваш !!!
 
Секој си има различно мислење. Моето е дека Велбек е за критика, неможе некој стручњак да ме прави слеп при очи. Немам намера да пишувам долг текст за детето, има позитиви, ама повеќе негативи. Само ќе кажам СЕКОЈА ЧЕСТ на дечките што бранејќи го Велбек почнаа да ги вреѓаат другите. Па Ryan Giggs нема навредено никој јузер, а прочитав 2 страни во кои го правите гомно човекот, уште па и лајкови ударано на тие постови. Дибеци едни.
 
Не се тоа аргументи другар, туку има доста аргументи кои ги заобиколуваш.
Аргумент 1: Велбек игра крило, игра на неприрода позиција за него во моментов. САФ го игра таму поради недостиг на крила (ради повреда, одмор), случај што е и со Кагава во моментов.
Аргумент 2: Велбек е чиста 9ка во моментов, лимитиран на таа позиција, шпиц кој треба да завршува акции во полето од 16 метри, не е доволно модификуван да игра и лево и десно. САФ со тоа што го игра крило т.е на негова неприрода позиција не е туку така, туку според мене дека верува дека во иднина може да се прилагоди на таа позиција и тимот да има поголема разновидност и поголем избор, нешто што сака САФ да го има. Во моментов игра на таа позиција веќе еден месец, т.е добива поголема минутажа, претходно беше стартер на 7-8 натпревари, на другите влегуваше од клупа. Истиот експеримент САФ го направи и со Руни пред неколку сезони ако доволно го следиш Јунајтед. Руни беше доведен како чист шпиц. САФ еден период по сезоната кога пристигна го форсираше и бочно и зад напаѓач. Среќа што немаше тогаш толку форуми да се дискутира, зошто на доста натпревари Руни изгледаше како што изгледа Велбек на оваа негова нова позиција.
Аргумент 3: Фактот што Велбек не доби поголема минутажа на својата природна позиција е тоа што е доведен РВП, тоа што имаше доста натпревари зад него во минатаа сезона (ПЛ, ЛШ, ЕП плус куповите) и му даде одмор.
Аргумент 4: Велбек не добива премногу минути како што викате вие. Досега има тој 10 стартови во ПЛ и 8 натпревари влегол од клупа . Не е тоа премногу минути според мене.
Аргумент 5: Велбек уште не е созреан како играч, постои голем потенцијал и талент кај него и САФ знае тоа добро да го искористи и да го направи голем играч. Сеуште е млад и треба да работи многу за да стане голем играч, а под водство на САФ не се сомневам дека тоа ќе се случи. Финишот му е доста слаб и тоа е послаба негова страна на која мора да работи.

Што значи треба да се има трпение, а не да се плука и уште од сега да се отпишува играчот, зошто ако сега не набие доволно искуство и минути не знам кога би го добил тоа. Затоа реков ајде кажи ми кога погрешил САФ на кој му давал шанса и минути колку Велбек за играч на негова возраст во изминатиов период.

Во моментов тоа што треба да не загрижува не е Велбек, тоа што доста очајно играме уште од по мечот против Ливерпул во средината. Одбраната е далеку подобрена од пред месец дена, но сега средината е тоа што чкрипи во тимот зошто ја нема таа креација која што ја имавме се до пред 1 месец. Се поубеден сум дека против Реал барем на првата ако не и на двете ќе излеземе во 4-5-1 со можност на трансформација на 4-2-3-1 со малку поофанзивни крили или 4-4-1-1 со подефанзивно ориентирани крила, зависно кои крила ќе бидат фит до тогаш, ако не тогаш Руни изгледа ќе оди десно, а по лево ќе дејствуваат Кагава и Гигс. Ама мислам дека Нани и Јанг ќе бидат фит до тогаш и Руни ќе биде позициониран зад РВП.



Набројав погоре за финишот, да не се задржувам пак на истото.

Велбек е веќе прилагоден на тимот, тоа го докажа веќе минатата сезона. Сега е друга работа што не му оди сезонава. САФ неговата позиција ја има резервирано за РВП во моментов, а кога играл Велбз со него во форот секогаш бил позициониран зад него. 3 асистенции има Велбек кон РВП во тие 5-6 натпревари како стартер и другите кога влегувал од клупа. Лани погодуваше кога му сервираа на тацна, сега со позициите каде игра никој не го прави тоа зошто од сите се бара да го хранат РВП со такви топки. САФ бара разновидност од него, не лимитираност на една позиција, зошто мислам дека лани добро докажа дека му лежи позицијата истурен шпиц со подршка од играч (во случај тогаш беше Руни зошто друг играч не можеше да игра таму). Велбз има простор да се здобие со таа разновидност и да игра на повеќе позиции зошто сега се кали.

Инаку генерацијата на Невил, Гигси не сум ја следел во тој период. Од тоа што го имам гледано во разни документарци и репризи мислам дека добивале значајна минутажа и полесно се здобиле со тоа искуство и квалитетот го надградиле, а и лигата од тогаш до сега е далеку подобрена и потешка за игра, посебно за многу новајлии, медиумите исто не биле тогаш како сега за да ги убиваат психички. Со младите треба да се работи, а САФ го знае тоа најдобро.

1. што игра џонс , што игра смолинг што игра руни што игра андерсон .. .да бе скапа перси во напад скисна пред гол па од што му стана досадно почна корнери да изведува .
2. не е доволно модификуван ... да го пратиме да си направи апдејт на биос мозокот му е некомпатибилен со делови на телото очигледно .
3. го донесоа РВП зашто велбек го чува за финале против барса .. да не се повреди потребен ни е !!!
4. придонесот и одиграните минути не се право пропорционални
5. извини а кога ќе созрее и дали ти гледаш за колку години ќе созрее велбек ? јас не гледам !!!
Тоа што саф го форсира пред другите е највеојатно да ги заштеди и ништо повеќе . во секое време ја го бирам како последен играч кој би влегол на терен вклучуваајќи и цела младинска школа !!!!
 
Секој си има различно мислење. Моето е дека Велбек е за критика, неможе некој стручњак да ме прави слеп при очи. Немам намера да пишувам долг текст за детето, има позитиви, ама повеќе негативи. Само ќе кажам СЕКОЈА ЧЕСТ на дечките што бранејќи го Велбек почнаа да ги вреѓаат другите. Па Ryan Giggs нема навредено никој јузер, а прочитав 2 страни во кои го правите гомно човекот, уште па и лајкови ударано на тие постови. Дибеци едни.

Никој не го вреѓа него, си имаме и ние наше мислење и став што е контра неговото и доволно за да се дискутира. А друго што сакам да ти кажам немаш право ни ти никого да наречеш дибек. Имај малку почит према другите. Исто важи и за другите, дај малце почит покажете, макар и да не сте во исто мислење.

1. што игра џонс , што игра смолинг што игра руни што игра андерсон .. .да бе скапа перси во напад скисна пред гол па од што му стана досадно почна корнери да изведува .
2. не е доволно модификуван ... да го пратиме да си направи апдејт на биос има некомпатибилни делови на тело очигледно .
3. го донесоа РВП зашто велбек го чува за финале против барса .. да не се повреди потребен ни е !!!
4. придонесот и одиграните минути не се право пропорционални
5. извини а кога ќе созрее и дали ти гледаш за колку години ќе созрее велбек ? јас не гледам !!!
Тоа што саф го форсира пред другите е највеојатно да ги заштеди другите и ништо повеќе . во секое време ја го бирам како последен играч кој би влегол на терен вклучуваајќи и цела младинска школа !!!!

1. Џонс го следеше во Блекбурн на кои позиции играше?? Џонс играше 90% од натпреварите како стопер, а на неколку играче и дефанзивец во средина. Од кога дојде кај нас САФ го играше и стопер, десен бек и дефанзивец во средина. Го напрај играч за три позиции. Смолинг беше стрикно стопер кога дојде, лани играше десен бек на старт и сега САФ може да го игра и таму кога ќе треба, Андерсеон во Порто играше претежно лево бочно со некој меч по средина. САФ го ориентира да игра средина и да игра како деструктивец на некои натпревари.
2. Ова ти е твој контра аргумент?? стварно мислам?? Ако сакаш да браниш став, брани со добри аргументи, а не со глупости те молам.
3. РВП беше донесен и Руни да увиди дека е заменлив и дека кога е катастрофа може да седне на клупа, а не да се зависи од него.
4. Според тебе само головите се изгледа придонес за еден играч. Тоа што Велбек помага и на средина и во одбрана, прави пресинг на друга половина, знае да повлече акција не се рачунат изгледа.
5. Велбек ќе созрее за скоро. Еден играч има простор за развој до 24/5 години. Чист пример кај нас ти се Флечер, Еванс од изминатиов период. Дрогба, Зидан, Анри...и тие на негова возраст не биле поарни, ама во наредниот период созреале како играчи.


Баш во моите постови го заборавив Рафаел. Рафаел кога почна да добива минутажа кај нас се гледаше дека го има во себе талентот, потенцијалот за напредок, ама од преголемата желба да се докаже (што е и случај и со Велбек) правеше катастрофа киксови. Доста поени загубивме во тие неколку сезони ради него, не чинеше и елиминација од ЛШ неговиот лош перформанс, за денес да е незаменлив десен бек кај нас. Дали и ти тогаш го имаше истото мислење за Рафа или и тој тогаш би го бирал како последен за таа позиција или веднаш тогаш би го продал??


Едит:
За поновите што се на фан клубов читнете малце постарите теми како се дискутира, а не вака тука тука тука
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom