Што ако партнерот/партнерката оди на кафе со личност од спротивниот пол?

  • Креатор на темата Креатор на темата Rockstar90
  • Време на започнување Време на започнување
Дали би било океј дечкото да искочи со некоја од генерација со која и не бил толку близок, која исто така има дечко, а му пишала на фб дека сака да пијат кафе, онака ко демек. И да сака да го праша нешто, или да му побара услуга, може да нагласи у пораката. Значи според мене тоа не е океј и не знам зашо би иделе на кафе, и стварно не знам како да реагирам. Не сакам да му забранам и да мисли дека го гушам, ама од друга страна многу се нервирам ! :S
Девојката била заљубена у дечко ти додека учеле заедно, затоа и не биле блиски зш она се срамела и се топела пред него, е сеа постара е девојката, искусна е и не е заљубена во дечко ти и не се срами, но уште и е секси и привлечен и затоа го вика за да се опнат онака без обавези :sneaky:

чаре :свиркам:

219956398_o.jpg
 
Ако дечкоти сака да ебне нешто на страна, можиш на гла да му застаниш и пак тој ќе си сврши работа.

Туку остај го чоеко на раат нека си испие кафе со колешката, шо ќе беше опсесивно љубоморни... Како те трпи само, алал да му е. Јас би ти покажал црвен картон по втората минута.

Ти не пиеш кафе со никој друг освен со дечкоти? На факултет/училиште не одиш?

Дечко и ако сака да еб+е нешто на страна, може тоа подискретно да го направи, а не да се договара преку фб.
Ај на здравје кафе :coffee:
 
Идам на кафе со луѓе со кои контактирам секојдневно, ама не идам на кафе со некој школски кој има девојка и идат 2 години и се немам слушнато и видено година дена, па ми пишал на фб ај да пиеме кафе...
 
Море дури не се најди некој да ве измаршира правилно, на гла ќе му се серите на чоека. Ако некој/а има женска/дечко, незначи дека има робовладетел. Па да мора за секоја свое дејство да бара дозвола.

А ти бе со цел ум мислиш дека има толку будали луѓе на светот? Ако сакал да се види со колешката дискретно, ќе го напраел то. За дотичната погоре, дечкото ќе беше на лабараториски вежби по математика, а тој уствари ќе пиеше кафе или ќе беше качен на цреша сеедно. И сите среќни и задоволни.

Кај се понижил, и дал извештај дека ќе ој со колешка на кафе благовремено, за да нема испади (читај да добие амин од дотичната), таја уствари и то го прај. Јас мислам дека малку му е, треба да му забрани и да оди на факултет. Како така таму ќе прај муабет со колешки, чат пат ќе изманијачи некоја... смртен грев таа работа.

И ти заради то треба да прајш љубоморни сцени, да го врзиш со ланец и да не му даваш да диши? Одлабави бре.
 
Така е, во право си.
И текнало на некоја ‘‘ај ќе пиеме кафе‘‘, па уште и услуга ќе му бара.
Тој можеше и тебе да те викне на фамозното кафе, ама кој знае какви му се намерите или во краен случај кој знае какви и се нејзе намерите.
Убаво ти кажа Владе, сечи тоа в корен и не си играј.
Да ти напишеше тебе школски другар ‘‘ај на кафе‘‘ па уште и услуга да ти побараше, дечко ти ќе скокаше како прле пред магаре. Затоа стегни заби и само строго, сус :pipi:
И да не признава, не му верувај.;)
 
Alice20

Ти уствари нема што да му забрануваш, зашто ако оди на кафе, не прави ништо лошо. Ама бидејќи оди со некоја небитна, онака, не гледам што пречи и ти да си таму.
Само да прашам: таа на зид му пиша на дечко ти или то му го имаш пасвордот од фб? Ако е второво, ајс сум некомпетентна да одговарам, зашто тоа е една од најголемите глупости што ги прават денешните парови.

Dzish
Јас ценам умешни швалери. Ако е маж да врти една, две ,т ри, капа му симињам. Ама овој ни кафето го нема испиено, а фатен е. Ебати швалерот :)
 
Море дури не се најди некој да ве измаршира правилно, на гла ќе му се серите на чоека. Ако некој/а има женска/дечко, незначи дека има робовладетел. Па да мора за секоја свое дејство да бара дозвола.

А ти бе со цел ум мислиш дека има толку будали луѓе на светот? Ако сакал да се види со колешката дискретно, ќе го напраел то. За дотичната погоре, дечкото ќе беше на лабараториски вежби по математика, а тој уствари ќе пиеше кафе или ќе беше качен на цреша сеедно. И сите среќни и задоволни.

Кај се понижил, и дал извештај дека ќе ој со колешка на кафе благовремено, за да нема испади (читај да добие амин од дотичната), таја уствари и то го прај. Јас мислам дека малку му е, треба да му забрани и да оди на факултет. Како така таму ќе прај муабет со колешки, чат пат ќе изманијачи некоја... смртен грев таа работа.

И ти заради то треба да прајш љубоморни сцени, да го врзиш со ланец и да не му даваш да диши? Одлабави бре.
Да се разбереме, не се повеќе колеги, имаат завршено факултет уште пред 2 години !!!
 
Тебе бројката во никот ти го означува бројот на години?
Шо е муабето со толкава љубомора?

Патем, со сила убајна не бива. Ако не ја бива, не ја бива.
 
Alice20

Ти уствари нема што да му забрануваш, зашто ако оди на кафе, не прави ништо лошо. Ама бидејќи оди со некоја небитна, онака, не гледам што пречи и ти да си таму.
Само да прашам: таа на зид му пиша на дечко ти или то му го имаш пасвордот од фб? Ако е второво, ајс сум некомпетентна да одговарам, зашто тоа е една од најголемите глупости што ги прават денешните парови.

Dzish
Јас ценам умешни швалери. Ако е маж да врти една, две ,т ри, капа му симињам. Ама овој ни кафето го нема испиено, а фатен е. Ебати швалерот :)
Он ми кажа дека му пишала, немам пасворд не ни сакам, се согласувам дека тоа е најголема глупост. Значи он ми кажа, а после тоа ми ја покажа пораката.
--- надополнето: 30 јануари 2013 во 00:45 ---
Тебе бројката во никот ти го означува бројот на години?
Да.
--- надополнето: 30 јануари 2013 во 00:47 ---
Тебе бројката во никот ти го означува бројот на години?
Шо е муабето со толкава љубомора?

Патем, со сила убајна не бива. Ако не ја бива, не ја бива.
Не дека не ја бива, супер функционираме, само не знам што е поентава со кафето.
 
Он ми кажа дека му пишала, немам пасворд не ни сакам, се согласувам дека тоа е најголема глупост. Значи он ми кажа, а после тоа ми ја покажа пораката.

Значи ни он не е начисто што може да се случи. Ништо, одете на кафе сите тројца :)

Остај ти кафе, мафе. Многу работи почнуваат со кафе.
 
Dzish
Јас ценам умешни швалери. Ако е маж да врти една, две ,т ри, капа му симињам. Ама овој ни кафето го нема испиено, а фатен е. Ебати швалерот :)
Читаш бе шо пиши... сам се кажал во извештајот ко го поднесвал. Значи, почнува хронологија на настаните: денес 29.01 лето господово 2013: станаф од сабајле, право ојдоф на мочање, испиф 1 кафе, ојдоф до продавница... бла бла бла... ме побара на ФБ екс колешка да пиеме кафе... бла бла бла... и еве ме дојдоф.

Како како? КОЛЕШКА? Брзо отварај да видам шо се има дешавано!!!!

Остај ти кафе, мафе. Многу работи почнуваат со кафе.
А тек да знајш колку работи имаат завршено со кафе.

Не дека не ја бива, супер функционираме, само не знам што е поентава со кафето.
20 години имаш. Ко ќе имаш +5 ќе видиш колку поинаку ќе ги гледаш работите.
 
Значи ни он не е начисто што може да се случи. Ништо, одете на кафе сите тројца :)

Остај ти кафе, мафе. Многу работи почнуваат со кафе.
И он се чудеше дека му пишала, ми вика сигурно нешо за работа е, сепак има дечко, ваљда нема така да и текне одеднаш кафе да пијат. А ако му кажам и јас да идам сигурно нема да сака, а и мене ќе ми биде глупо. Не знам. Ќе му кажам дека мене ми смета ако иде, башка како и да нејзе ако и треба услуга може и по телефон да го праша, само не знам, немој да отиде па да не ми каже, тек тогаш ќе ја праам голема.
 
Кај се понижил, и дал извештај дека ќе ој со колешка на кафе благовремено, за да нема испади (читај да добие амин од дотичната), таја уствари и то го прај. Јас мислам дека малку му е, треба да му забрани и да оди на факултет. Како така таму ќе прај муабет со колешки, чат пат ќе изманијачи некоја... смртен грев таа работа.

Се согласувам со цел твој пост, ама зошо да се понижил со тоа што и кажал? Верувам дека девојката многу пољубоморно ќе изреагираше доколку тој не и кажал за кафето и на крај дознала од некој скроз трети, па тек тогаш ќе беа драми, во смисла шо бараше тој, зошо не ми кажа,сигурно матат нешто итн.

Вака, не гледам причина за љубомора. Колеги биле де,спомна и дека завршиле факултет,може за работа ќе прават муабет,шо потреба и девојката да е таму не знам. Ако е во врска дечкото не е врзан за ланец па да не може со кого сака да оди на кафе. Се си има граница, ама глупаво ми е олку да се претерува за едно кафе.
 
И он се чудеше дека му пишала, ми вика сигурно нешо за работа е, сепак има дечко, ваљда нема така да и текне одеднаш кафе да пијат. А ако му кажам и јас да идам сигурно нема да сака, а и мене ќе ми биде глупо. Не знам. Ќе му кажам дека мене ми смета ако иде, башка како и да нејзе ако и треба услуга може и по телефон да го праша, само не знам, немој да отиде па да не ми каже, тек тогаш ќе ја праам голема.

Ако он ти каже на тебе дека не смееш да идеш негде, како ќе реагираш? Нема да те изнервира тоа што ти кажува што смееш, а што не смееш да правиш? Нема да се налутиш?
 
Читаш бе шо пиши... сам се кажал во извештајот ко го поднесвал. Значи, почнува хронологија на настаните: денес 29.01 лето господово 2013: станаф од сабајле, право ојдоф на мочање, испиф 1 кафе, ојдоф до продавница... бла бла бла... ме побара на ФБ екс колешка да пиеме кафе... бла бла бла... и еве ме дојдоф.

Како како? КОЛЕШКА? Брзо отварај да видам шо се има дешавано!!!!

А тек да знајш колку работи имаат завршено со кафе.

20 години имаш. Ко ќе имаш +5 ќе видиш колку поинаку ќе ги гледаш работите.
Како и да ќе ги гледам работите на 25, сигурно нема да имам потреба да пијам кафе со некој колега што го немам видено ни слушнато година дена, а у меѓувреме имам дечко и сериозна врска. Освен ако не е за услуга, како што кажав, али барем ќе го нагласам тоа кога ќе го канам на кафе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom