Државата со намера за наплаќање данок за собирање шумски плодови!

Дали се сеќавате дека некогаш во минатото државата садела печурки во шумите?

  • Да

    Гласови: 10 7,4%
  • Не

    Гласови: 53 39,0%
  • Не знам, бев во подрум

    Гласови: 73 53,7%

  • Вкупно гласачи
    136
а бе луѓе викам НЕ Е ОВА ОД ВЧЕРА и не е никаков данок, туку такса и тоа симболична за собирање на шумски плодови шишарки, мов, па дури има и за камења од реките. то е регулирано со законот за ѓуми уште од 1998-99 само шо стопанисувачот односно мак шуми до сеа ретко или малку наплака за оние кои одат и правеа профити од боровинки смрекинки, палат борови шуми за да берат шечурки трајно уништувајки деструктори за парче леб, но има такви кои добро заработија па нема да му биде тешко да плати една дозвола за 20 евра и да набере боровинки кои за еден ден ке ја извади дозволата, целата финта е да се има евиденција кој и како влегува во шума, кога ке знае дека знаат дека е тука нема да шрави други штети,

за берење на смрекинките кои ги откупува алкалоид се сечат цели смреки, кои се ПИОНЕРИ после пожар или остваени ниви, под сенката на нив се појавува младик од бор или даб во зависност од виснината и експозиицјата.....сложеба работа, а дека државата наплака данок не е така, туку мак шуми ке нпалака дозволи за берење кои сепак се симболични....пред 10тина години фамилијарно одевме беревме кантарион и заработивме дебели пари, да речеме три плати на татко ми повеке од просечни, и ако се плакаше тогаш без мислење би му дал 20 евра....
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 20:50 ---
Ептен слабо нешто буџетот,а?
Дали е нормално освен данок од приходи оптоварување со некаква си дозвола за собирање, воведување и дневна такса ?:tapp:


ЌЕ СЕ НАПЛАЌА ЗА СОБИРАЊЕ ШУМСКИ ПЛОДОВИ

НАПИШАНО ОД НЕЛОСКА ВАЛЕНТИНА НА 25 ЈАНУАРИ 2013. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД
Во ЈП „Македонски шуми“ се прават подготовки за воведување на дозволи за собирање на шумски плодови. Покрај дозволите ќе се плаќа и дневна такса. Собирачите на шумски плодови како што сесмреката, печурките и лековитите билки од оваа пролет ќе мора да се пријавуваат во јавното претпријатие. Тие ќе може да заработуваат, но ќе мора и на државата да и плаќаат дел од заработката.(изгледа државата ги посадила печурките :tapp:) Тоа е најавуваниот начин државата преку јавните претпријатија да го контролира природното богатство од уништување. ЈП од 2009 година доби можност да изработи проект за начин на стопанисување со другите шумски производи. По член 14 од Правилникот за начинот на користење и собирање на други шумски производи се отстапува на правни и физички лица.
vrganj.jpg
Собирачите на печурки најчесто ги собираат вргањот и лисичарката во дабовите и буковите шуми. Доколку теренот им е познат дневно може да соберат во просек и до 10 кг печурки. Тие понатака собраните количини ги продаваат на откупувачите на шумски плодови и печурки. Во измината сезона, вргањот во зависност од класата се откупувал по цена од 100 до 150 денари. Добрите познавачите на овие состојби велат дека сепак најголемиот профит и заработувачка ја имаат откупните станици.

Од охридското ЈП „Галичица“ подружница на „Македонски шуми“, информираат дека веќе формирале сектор за споредни шумски плодови. Чекаат понатамошни инструкции од дирекцијата во Скопје. Напоменуваат дека иако сеуште немаат конкретни нормативи за изготвување на ценовник, веќе од пролетва ќе се стартува со најавените активности.
Обидот да стапиме во контакт со директорот на Секторот за користење на шумски плодови и екологија во ЈП Македонски шуми, Панче Николов, за да дознаеме докаде е процедурата со ценовниците за добивање дозволи и плаќање дневни такси, остана безуспешен.

Следно?
Данок за возење со зимски гуми во лето или обратно ?
Данок за пеење под туш по пријава од комшии, цимер(и) или брат/сестра/татко/мајка ?
Данок за дневно возење над 50 км. ?
Данок за пешачење ?
Данок за левичари ?
Радиодифузна такса за Сител?


вака, ЈП мак шуми е корисник и е задолжен за стопанисување и менаџирање на шумите во државна сопственост, и сите други шумски производи.....се шо следе па макар и каменот од реките, дивечот, макар и прелетен, не се расправам туку како шо е само...оти никој не се буне дека ФЕНИ користи народно богатство а за тоа плака само концесија која е смешна.....нели и фени тоа не го ставил таму или го садел, ете они си го добиле накористење и они ги собират плодовите......:confused:
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 21:08 ---
12. Корисници на шуми се правни лица, односно јавните претпријатија и/или
стопански субјекти кои со овој или друг закон стекнале право на користење на
државните шуми;
13. Користење на шумите е сеча на дрвја и производство на шумски
сортименти, користење на отпадот од сеча, други шумски производи (шумски
плодови, лековити растенија или нивни делови, печурки, лишаи, мов, семе,
смола, камен и друго), промет на дрво и други шумски производи, како и
користење на шумите за туризам, лов и рекреација;

41. Шумски производи се сите производи во шума и на шумско земјиште,
вклучувајќи и шумски дрвја и грмушки и сите нивни делови, биомаса на целата
шумска вегетација, цветови, семе, плодови, кора, корења, мов, папрат, треви,
трска, цвеќе, лековити-ароматични и јадливи растенија, други растенија и
нивните делови, печурки, мед, смола, листинец, трева и сено, дивеч и другите
животни кои живеат во шума, тресет и хумус;

2) Без дозвола на сопственикот, односно корисникот на шуми(јп Мак Шуми), забрането е:
- подигнување на привремени објекти, шатори и организирање на кампови;
- организација на масовни собири кои можат да предизвикаат штета на шумите;
- поставување на кошници за пчели;
- собирање на други шумски производи (печурки, плодови, лековити растенија,
полжави и друго) во количини поголеми од 1 килограм;
- поставување на информативни табли и ознаки;
- поставување на огради;
- движење на моторни возила надвор од патиштата, освен за службени потреби;

Член 52
1) Забрането е напасување на добиток и желадење во шума.


Движење во шума
Член 57
1) Граѓаните имаат слободен пристап во шумите заради уживање, одмор и
рекреација, на сопствена одговорност за својата безбедност и обврска за
ненанесување на штета на шумата.
2) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми, слободниот
пристап можат да го ограничат во заштитени делови на шума или делови на шума
во кои е загрозена безбедноста на луѓето.
3) Субјектите кои стопанисуваат со шумите и сопствениците на шуми во
согласност со органот на државната управа надлежен за работите од областа на
шумарството, можат целосно или делумно да забранат движење во шумата или во
одделни нејзини делови во период кога постои зголемена опасност од шумски
пожари или од работи кои се изведуваат во шума.
4) Забраната од ставот 3 на овој член се објавува во средствата за јавно
 
Данок за шумски плодови бе :pos:
Треба да си ретардиран вакво нешто да предложиш, а не пак да го браниш или донесиш.
 
Користење на други шумски производи
Член 72
1) Забрането е користење на други шумски производи кои се заштитени и строго
заштитени.
2) Користењето, односно собирањето на други шумски производи во шума може
да се врши само ако тоа е предвидено со посебниот план.
3) Субјектите кои стопанисуваат со шумите можат врз основа на склучен договор,
со надоместок да го отстапат користењето, односно собирањето на производите
од ставот 2 на овој член на други правни и физички лица за стопанска намена по
претходна согласност на органот на државната управа надлежен за работите од
областа на шумарството.

4) Субјектите кои стопанисуваат со шумите се должни да водат евиденција за
бројот на издадените согласности и видот и количините на собраните производи
од ставот 2 на овој член.

5) Кога постои опасност од истребување на одделни растителни видови на
одделни делови или на целата територија на Република Македонија, министерот
кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на
шумарството во соработка со министерот кој раководи со органот на државната
управа надлежен за работите од областа на животната средина и просторното
планирање може привремено да го ограничи или забрани собирањето, односно
користењето на тие шумски производи.
6) Користењето, односно собирањето на други шумски производи во шуми се
врши на начин со кој нема да дојде до истребување на одделни растителни
видови или нема да се нанесе штета на шумата.

7) Видовите на други шумски производи и начинот на користење и собирање на
други шумски производи ги пропишува министерот кој раководи со органот на
државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.


Стекнување добивка
Член 91
Субјекти кои стопанисуваат со шумите во државна сопственост можат да остварат
добивка преку:
- производство и продажба на шумски сортименти;
- собирање, производство и продажба на шумски плодови, печурки и лековити
растенија (недрвни шумски производи), полжави и желки;
- експлоатација на камен, песок, чакал, хумус и друго и
- други дејности предвидени со овој закон и други прописи.
 
Без разлика дали ќе се наплаќа данок или ќе бидат ослободено од данок . тоа треба да се регулира и треба да се пријави во УЈП,зошто како е до сега ова е сива економија надвор од економскиот систем. Некој луѓе од тие пари што ги заработуваат од берење плодови и слично , може да купат некој движен или недвижен имот. И ти доаѓа УЈП те прашува за потекло на парите како ќе му објасниш дека се од берење плодови ако немаш никаков документ па макар и бидеш ослободен од плаќање данок. Во принцип за сите пари што ги имаш мораш да имаш платено данок и сл, при евентуално барање на потекло на пари да си чист. Некој може марихуана шитка и кога ќе го прашат Ујп од кај тие се парите за ваква кола и куќа кога не остваруваш приходи да не каже берел шумски плодови. А дали ќе бидат ослободени од данок или ќе плаќаат 10% данок е веќе друго прашање.
Не ми е битно како тоа ке го решат , само да го решат побрзо пошто од алчни и несовесни што се некој мамето му ебаја на се.
Па замисли боровинките ајде за пример нив ке ги земам за пример ги берат уште зелени притоа ама ни малце не водејки сметка дека вгодина пак треба да берат. За други работи ич нека не правиме муабет. Тука повекето заштитници на незнам што онака колку да се штити нешто освем на водно со жичарата или на скијање на шапка друга планина или посебно онака шетано немаат и затоа лупаат како тоа немале леб да јадат или гледале фамилии или незнам што, а не гледаат дека повекето се напаст и уништуваат се пред себе само за повеке профит или ќар да направат. Па сите гледаме фамилии и сега што, ајде да ја запалиме шумата пошто ми требале евтини дрва за чатијата.
Да не си мислите дека климата се стопли така нагло па наеднаш секоја година по милион пожари има.
Нека тркни некој кога е сезона за нешто берење и ке помисли дека трактор има поминато низ шумата.
Незнам како да го решат ова , со данокот мислам дека нема да има некој ефект во смисла на зачувување на природата, ама пак затоа казните и тоа енормни досега давале најповеќе ефект. Не сме ние народ за со арно и фино. Само по џеп се учиме да цениме.
 
zosti tie od Mk.Sumi ne otidat vo Skopska Crna gora ... Lipkovo , Matejce da vidat sto se slucuva tamu , ili ne smeat tamu toa e opasno po zivot..cela planina e isecena , zapalena nema drva , suma , tamu vladeat lokani drvosecaci koi secat se . drzavno ili privatno i gi prodavaat po pola cena ...i sega nekoj sumar ke otide sega da naplati takssa za sobiranje sumski plodovi - sisarki , hehehe
odat vo strumica ili vo Delcevo za eden samar na magare .. kaznuvaat i odzemaat na lugeto stokata ..
. ne gi opravduvam ni niv ama zakonot e eden za site , ako vazi neka vazi za site ,


Zosto nekoj ne vovede red ..????????
 
zosti tie od Mk.Sumi ne otidat vo Skopska Crna gora ... Lipkovo , Matejce da vidat sto se slucuva tamu , ili ne smeat tamu toa e opasno po zivot..cela planina e isecena , zapalena nema drva , suma , tamu vladeat lokani drvosecaci koi secat se . drzavno ili privatno i gi prodavaat po pola cena ...i sega nekoj sumar ke otide sega da naplati takssa za sobiranje sumski plodovi - sisarki , hehehe
odat vo strumica ili vo Delcevo za eden samar na magare .. kaznuvaat i odzemaat na lugeto stokata ..
. ne gi opravduvam ni niv ama zakonot e eden za site , ako vazi neka vazi za site ,


Zosto nekoj ne vovede red ..????????
Абе тие имаат мадиња, ете можеш и така да си го сватиш.
Повелите ако имате и вие мадиња правите како што прават тие и не кукајте.
Мислам ме свати што сакам да кажам нели.
 
Абе тие имаат мадиња, ете можеш и така да си го сватиш.
Повелите ако имате и вие мадиња правите како што прават тие и не кукајте.
Мислам ме свати што сакам да кажам нели.


slozni popovi i vo petok mrsat
 
Најголем Македонски економски потенцијал - 4 милиони бубрези
 
Слушам донесувањето на овој закон било поздравено од сограѓаните од Скопска Црна Гора/Карадаг, Шара, Кораб, Јабланица и сл. :pos:
... и ветиле(на жими мајка) дека законот ќе се почитува ... :icon_mrgr:
 
Што неке чуеш сто неке видиш, како што рековте празен буџет а и удри по најсиромашните, со тие пари преживува некои, сигурно неке да се збогати ...
срамота да се предложи вакво нешто!!!:mad:
 
Колку за информација ќе додадам дека ова се применува уште од есента, минатата година ( барем за гевгелискиот регион ), оние кои што собираа шумски плодови (за боровинка зборам, за друго не сум сигурен) на Кожуф и плаќаа 200 денари дневна такса за собирање боровинки на македонски шуми, документ добиваа со печат итн.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom