Јаде, истата ситуација и кај мене е. Збеснува. И не само тиква, туку јаде и варени костени, варени компири, ајвар, ствари што имаат сусам, и збеснува по салотејп. Значи само звукот да го слушне кога се одлепува стасува од било која страна и станува напорен. Еднаш изел парче салотејп и потоа го поврати, па во повраќаницата му го најдов

Имаше една ситуација кога на работа му направив играчка од ленти (траки обични пластични) за да си игра, кога ги донесов дома буквално ги јадеше и на крај сфатив дека не е добра идеја, и не го играм повеќе со тоа. Имам една икебана направено од вештачки ружи доле ја подврзав со лента, го приметив долго време дека се мотка околу неа, ама не ми текнуваше што е. Кога видов по неколку дена целата лента ја изгризал, па така сега ми стои крената на високо да неможе да ја докачи. Некој ден ќе почне и ѕидовите да ги јаде