Создаден материјал кој би ги направил војниците невидливи

  • Креатор на темата Креатор на темата Son Of Sparta
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го поддржувате овој изум?

  • Да

    Гласови: 32 47,8%
  • Не

    Гласови: 35 52,2%

  • Вкупно гласачи
    67
А што ќе кажеш на тоа дека оваа технологија би помогнала во борбата против тероризмот? Што ако прочиташ вест - "Стелт воините со помош на футуристичката технологија успешно разбиле гнездо на Ал-Каеда, и спречиле масовен терористички напад. Притоа терористите немале никакви шанси и билансот на загинати војници изнесува 0". Што ќе кажеш на тоа?
Ке кажам дека терористи е многу широк поим посебно за Американците. Некои се и борци за слобода и права.
 
Што да ти кажам, кога веќе е кажано.
А што кога на некој ќе му текне да убива цивили и жени и деца, онака од мерак? Пошто има и такви пациенти.
Зошто мислиш дека ако овие го измислиле ова, дека овие другиве нема да најдат нешто слично на тоа?
И така до недоглед.
Преку глава ми е од деструкцијата што луѓето сами на себе си ја прават.
Едноставно има една убава реченица, која секогаш ја кажувам: Сакам моето дете да се роди во свет во кој кога ќе порасне ќе ме праша: Мамо, што е тоа војна? Што било тоа? Со акцент на БИЛО.
 
кај нас ионака се веќе невидливи војниците т.е. ги нема
Па и не би рекла баш. Не се согласувам.
Во мисиите во кои одат како дел од НАТО, нашите војници редовно добиваат пофалби, а ако не грешам на неколку пати и им имаат помогнато на други, дури и беа одликувани со ордени. Така да не ти држи баш вода муабетов.
За мене, сепак, најубаво би било кога би немало потреба од војска и кога би немало војни.
 
Ке кажам дека терористи е многу широк поим посебно за Американците. Некои се и борци за слобода и права.

Напишав Ал Каеда, ако нив ти ги сметаш за борци за слобода и права.. Сеедно, тоа беше само пример.

Што да ти кажам, кога веќе е кажано.
А што кога на некој ќе му текне да убива цивили и жени и деца, онака од мерак? Пошто има и такви пациенти.
Зошто мислиш дека ако овие го измислиле ова, дека овие другиве нема да најдат нешто слично на тоа?
И така до недоглед.
Преку глава ми е од деструкцијата што луѓето сами на себе си ја прават.
Едноставно има една убава реченица, која секогаш ја кажувам: Сакам моето дете да се роди во свет во кој кога ќе порасне ќе ме праша: Мамо, што е тоа војна? Што било тоа? Со акцент на БИЛО.

За жал утопија е сите луѓе во светот за се' да се согласуваат, да нема непријатели и сите да делат исти уверувања и идеали.
Баш затоа што тие "другите" можат да најдат нешто слично, добро е што овие први го нашле. Види, никој не сака војна, секој сака мир. Меѓутоа мир под различни услови, ти текнува? И Хитлер сакал мир. И Ким Јонг сака мир. Сакам да кажам дека за да твоето дете може да се разбуди во свет без војни, некој мора да го чува тој мир и да се бори за идеалите и светот во кој ти веруваш. Затоа се за поздрав овие иновации во воената технологија, па кој знае, можда еден ден ќе се водат само виртуелни војни, или војни со роботи, еве САД веќе одамна користат дронови.
 
Па и не би рекла баш. Не се согласувам.
Во мисиите во кои одат како дел од НАТО, нашите војници редовно добиваат пофалби, а ако не грешам на неколку пати и им имаат помогнато на други, дури и беа одликувани со ордени. Така да не ти држи баш вода муабетов.
За мене, сепак, најубаво би било кога би немало потреба од војска и кога би немало војни.
Да апсолутно,пис.
А кога мислев на војници мислев на војници кои би ја бранеле државава од некаква закана внатрешна или надворешна поголема од 4-5 борци за права(терористи) од Арачиново и братучедите водоводџии од Липково,а не на мировни сили кои одат таму пред се заради финансиски причини,а и притоа да исполнат една поголема цел на државата т.е. лижење на НАТО,но сепак секоја чест за храброста како и да е
 
Напишав Ал Каеда, ако нив ти ги сметаш за борци за слобода и права.. Сеедно, тоа беше само пример.
Па да де тоа не е спорно, но само што ке напоменам дека истите тие сегашни терористи алкаедовци и талибанци пред некое време беа борци за слобода и човекови права.
Сеедно друга е темата, иначе едно cloaking device добро би ни дошло против клингонците и ромуланците:)
 
Напишав Ал Каеда, ако нив ти ги сметаш за борци за слобода и права.. Сеедно, тоа беше само пример.

За жал утопија е сите луѓе во светот за се' да се согласуваат, да нема непријатели и сите да делат исти уверувања и идеали.
Баш затоа што тие "другите" можат да најдат нешто слично, добро е што овие први го нашле. Види, никој не сака војна, секој сака мир. Меѓутоа мир под различни услови, ти текнува? И Хитлер сакал мир. И Ким Јонг сака мир. Сакам да кажам дека за да твоето дете може да се разбуди во свет без војни, некој мора да го чува тој мир и да се бори за идеалите и светот во кој ти веруваш. Затоа се за поздрав овие иновации во воената технологија, па кој знае, можда еден ден ќе се водат само виртуелни војни, или војни со роботи, еве САД веќе одамна користат дронови.

Види, јас не сакам сите да се согласуваат за се, ниту пак дека сите треба да имаат исти уверувања и идеали. Напротив, таков свет би бил сив, мрачен и никогаш не би можело човештвото да оди напред. Несогласувањата и различните идеали се она што го движи светот напред, затоа што од сите ставови, дебати потоа се носат различни заклучоци, се создаваат нови теории. Јас баш ја сакам таа разновидност на идеали. Јас имам едни идеали, ама сакам да ги чујам идеалите различни од моите, затоа што сметам дека од секој човек можеш да научиш нешто, посебно од оние со сосема различни погледи на светот од моите, затоа што така се терам себеси да излезам од сопствените рамки и да ги гледам работите од повеќе перспективи. Се трудам секогаш да ги гледам работите од повеќе гледни точки, не само од мојата, така и себе се предизвикувам да созревам како личност.

Но, не и кога станува збор за омраза. Војните се производ на омраза, на мразње, на желбата за крв и сотрување на другиот. Милион војници се тепаат, се гледаат преку нишан и одзимаат туѓ живот, нема ништо поболно од тоа. Колку колатерални жртви има во војните? Колку невини луѓе, невини деца/бебиња чиј живот се уште не е започнат ги губат своите животи. За што? За некој да си го крева егото и да си ги лечи фрустрациите? Ако толку им е битна иднината и мирот, тогаш лидерите нека се тепаат меѓу себе. Има еден добар стих од SOAD (го парафразирам сега): Why don't president fight the wars? Why do they always send the poor? За принц Хари да се фали како убил Талибанец и истото го правел добро затоа што “бил добар у воените игри на Плејстејшн“? Зар до таму стигна човековиот род? Мирот не се оддржува преку војување, така само се продолжува војувањето, затоа што војните предизвикуваат огорченост и уште поголема омраза кај страните што војуваат.

Не оди подалеку од Балканот. Од што војуваа сите меѓу себе, денес цветаме од просперитет, нели? Саде љубов и мир. Архангел пееја: Купен мир и тишина, пострашни од војна... И така е. Ама после војна, мирот секогаш е купен. Секогаш привиден. После војна - мирот секогаш е вештачки. И се додека има војни, ќе има и вештачки мир. Војните се вештачки, вештачки ќе биде мирот. После војна - тишина. После војна - очај и беда. Соседи кои до вчера се гушкале и славеле заедно слави и славеле Нови години и празници, денес се мразат и не прават муабет. За таков ли мир се бориме? За мир кој оттуѓува?

Хитлер сакал мир, со тоа што ќе ги убие сите Евреи. Тоа е парадокс. Не сакал Хитлер мир, сакал да лечии фрустрации и да си игра владетел и Господ. Има разлика.

Секоја држава треба да си ја брка својата работа, да соработува со оние држави кои и одговараат и културно да си ги остави оние другите да си ја гледаат својата работа.
Луѓето треба да се натпреваруваат, јас сум да има конкуренција, тоа е она што води до различност и диверзитет, ама не да дојде до степен да сакаме да го истребиме различниот од нас или другиот. Сите сакаат да си туркаат животот и да го живеат најдобро што можат и секој треба да го има тоа право. А војната тие права ги скратува и остава само разурнатини, болка и смрт, беда и очај.

Затоа што две мајки, чии синови загинале во ист ден, а се бореле од двете различни страни - исто тагуваат. Нивните сопруги и деца со исто вриштење паѓаат пред нивните ковчези и ги гушкаат нивните тела. Болката која ја предизвикува војната исто влијае кај сите.

И затоа војната не оддржува ништо, туку уништува се и носи солзи, болка и несреќа.
А јас во таков свет не сакам да живеам и одбивам да се помирам со фактот дека војната е нужно зло. Војна е зло кое треба да се истреби, ако сакаме просперитет на човештвото.
 
Изумот гоподдржувам но не ја поддржувам неговата намена. Зошто се добро што се открива се користи најпрво за воени цели, т.е за тероризирање и убивање народ?
 
Crazy in Love Ejj ама долго напиша, не можам да ти реплицирам, ептен ќе забегаме :). Еве само ова, една многу битна работа пропушташ, а тоа е дека не размислуваат сите како тебе. Не сакаат сите да си го туркаат животот и да си ја гледаат работата, некои сакаат многу, многу повеќе од тоа. Гледај вака на работите: има ден - има ноќ, има лето - има зима, има мир - има војна, има јинг - има јанг, балансот е комплетен.

И еве темава е за самото научното достигнување, спомнуваш просперитет, ова ти е доказ дека човештвото највеќе просперира во војна, затоа што сигурно знаеш дека сите најголеми технолошки и воопшто било какви достигнувања се измислени првенствено за воени потреби, вклучително и Интернетов преку кој се допишуваме. Можеби жално, но вистинито.
 
Одлично ќе се убиваат повеќе луѓе, да не ќе напраат лек за некоја болест? Маме им ебам.
Не ми се веруе дури 50% од членовите го подржуваат изумов...:facepalm:
 
Воената индустрија е двигател на фашистичкиот западен капитализам и неговата црна економија. Оружјето еволуира бидејќи 1 век унапред се знае каде и кога ќе се води битката...
Да не заборавиме... Ако надминиме 10милијарди, ќе изумриме од глад и жед. Епа некој мора да балансира.
 
Постојат многу поефикасни методи за намалување на бројот на луѓе, но не со убивање, како во Кина има закон за 2ро дете така може да се воведе секаде и никој нема да страда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom