ЕУ ги принудува на приватизирање на водата

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Се’ повеќе и повеќе ЕУ си го покажува вистинското лице :pos:

no-water-2.jpg


Оваа нова добро осмислена будалаштина на ЕУ вознемири многу политичари, граѓани и претпријатија.Таа бара ПРИНУДНА ПРИВАТИЗАЦИЈА на водоснабдувањето– а кон што води тоа освен поскапување на водата и пад на квалитетот на истата- познато ви е.
Евро комесарот Michel Barnier им предлага претпријатијата да распишат конкурси на кои ќе смеат да се јавуваат фирми ширум Европа - хахахаа

После забраната за користење сијалици со влакно од волфрам , сега ЕУ им ги затвара и славините за вода..Можеше и да се очекува дека од „нејзината славина “нема да потеече чиста вода .За новиве лудории надлежен им е горе споменатиот Мишел кој на оваа позиција за еврокомесар за заеднички пазар го протурка никој друг ами Саркози. А истиот тој французите го протераа од Елисејската палата поради политиката за либерализација .
Постојаните притисоци на Гејлада и Португалија да ги приватизираат- продадат водоснабдителните системи покажува јасно која им е целта на овие во ЕУ

Во Велика Британија Маргарет Тачер ја продаде водата , а последиците од тој потег се осеќаат најдобро со сетилото за вкус- водата не може да се пие .Но затоа пак профитот е и те како добар.Не е ни чудо а ни случајно што во тој бизнис сега влегува и кинескиот државен фонд Инвестмент корпорејшн ..........
Стравување постои кај државите членки, и тоа оправдано.Во игра се моќни играчи покрај ЕУ тројката.

лаааги http://ec.europa.eu/commission_2010-2014/barnier/headlines/news/2013/01/20130124_en.htm
http://www.dw.de/snabdevanje-vodom-se-privatizuje/a-16550079
http://www.nordbayern.de/region/wird-bayerns-wasserversorgung-privatisiert-1.2642051?searched=true
 
Кф банката зошто му даде кредит на водоводот наш, тоа следува и кај нас и јас сум свесен за тоа. Мислам во ред е нова управна зграда смена на водоводни цевки, ама ќе биде како стихот од песната на Студени нозе: Кога дојде наплата само шо не заплака.....
 
Цела ќе ја испиеме ама нема да ја дадеме.(y)

Си продолжува проектот "Светска Влада",кој слушнал, знае.:coffee:
 
Позади сите овие организации како ЕУ стојат големи корпорации на кои им е битен само профит $$$
Затоа на сите држави кои сакаат да влезат во ЕУ им се наложува да приватизираат скоро се што е во државна сопственост. Кога ке те купат и ке почнат да ти даваат “спасоносни“ кредити буквално владеат со таа држава.
Така Африка е осиромашена, само многу малце се збори за тоа (речиси ништо). Им давале порано ефтини кредити, граделе патишта, водоводи исл. после одкако неможеле да ги вратат се било приватизирано и цените на се пораснале.
Имаше еден пример во Еквадор во некое градче го приватизираат водоводот, после 3-4 месеци цената на водата се зголемила за 30 пати.. Сурова реалност за која сите молчат.
 
Кај нас нема шанси.Водовод во Македонија ти е центар за регрутирање на партиски гласачи без разлика кој и да е на власт.
 
Ќе треба да одиме на курсеви по отпор во Кочабамба, третиот најголем град во Боливија, кој бил подложен на ваков терор во втората половина на 1990-те години, кој резултирал со зголемување на цената на водата за 35%, наплаќање дури и за вода од дождови, па дури и 10 пати поскапа цена на флашираната вода за тие кои не сакале да користат вода од водовод.

Но на кочабамбанците им дошло преку глава од ваквиот терор, поради што во 2000 година одржале масовни протести и нереди низ цела Боливија, приватниот сопственик на водата во Кочабамба избегал од градот за време на протестите и нередите, војската и полицијата кренале раце бидејќи им станало јасно дека не можат да се борат против народот, па дури и гувернерот на провинцијата си поднел оставка.

После овие масовни протести и нереди низ Боливија, боливиската влада го раскинала договорот со приватниот инвеститор за приватизација на водата во Кочабамба, приватизација која патем, претходно била форсирана од страна на Светската Банка, по што водата во Кочабамба, до денешен ден е во сопственост на државата, која му припаѓа на народот, а не на приватните инвеститори.

Истовремено треба да се додаде и дека Ево Моралес, актуелниот претседател на Боливија, е социјалист, исто како и актуелниот претседател на Еквадор, Рафаел Кореа, и актуелниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, и неговиот заменик Николас Мадуро кој во моментов е на власт во Венецуела додека Чавез е на боледување.

Сиромаштијата и тероризирањето на народот со ограничувања на најосновните човекови слободи и права, во овие јужноамерикански држави донесоа на власт социјалистички влади кои не се баш пријателски настроени кон капитализмот, односно кон слободната пазарна економија, кои всушност и го предизвикаа истиот хаос кој ги предизвика сиромаштијата и тероризирањето на народот, кои придонесоа за доаѓање на власт на истите тие социјалистички влади во истите тие јужноамерикански држави.
 
за да се намали потрошувачката на месо Шведска предлага данок на месо и сметаат дека истиот треба да се воведе во сите држави на ЕУ
сосила ги тераат да станат вегетаријанци:pos:

http://www.b92.net/biz/vesti/svet.php?yyyy=2013&mm=01&dd=25&nav_id=680591
 
Во Велика Британија Маргарет Тачер ја продаде водата , а последиците од тој потег се осеќаат најдобро со сетилото за вкус- водата не може да се пие.

Ова е проверено или? Има некои истражувања на "новата" вода напраено? Сумњам дека концесионериве некако ќе го намалат квалитетот на водата, али за цените и уште побитно РЕГУЛАЦИИТЕ кои ќе следат сум скоро сигурен дека ќе бидат болни. Додека да се навикнеме нели.
 
Се побетер фикс идеи им идат на психопативе и се во служба за профит на мала група педера, а уште побетер од нив се тие со желба за нивно друштво.
 
бугарите - знаат дека водата е драгоцена
смислиле решение :pos:

24978_thumb.jpg


24977_thumb.jpg
 
Право на вода - граѓаните против Европската комисија


22. март е Меѓународен ден на водата. Таа не е грижа само на луѓето во „третиот свет“, туку и граѓаните на ЕУ мора да го бранат водоснабдувањето од алчноста на „инвеститорите“ и приватизацијата по желба на ЕК.
Дали водата е стока, како чевлите или автомобилите? Всушност, во економски смисол водата едвај се разликува од продажбата на чакал или какво било рудно богатство. И во едниот и во другиот случај се потребни инвестиции за доаѓање до подземното богатство и негова испорака до оние на кои им е потребно. Затоа и Европската комисија, во општите напори и мерки за штедење, на крајот на минатата година предложи „смерници за доделување концесии за услужни дејности“ на општините, каде локалната управа всушност се тера на „отворање на пазарот“, со други зборови, на приватизација. А тоа значи приватизација на градските водоводи.
Тешко е да се каже дека бирократите во Брисел, се‘уште заслепени од неолибералните економски принципи, не го знаат познатиот факт: приватизацијата на водоводите никогаш, а тука едноставно нема исклучоци, не довела до поевтина и подобра вода за граѓаните.

Водата поскапела четири пати!
Тоа го потврдува и Умберто Брито од португалското градче Пасос де Фереире. И таа општина го „отвори пазарот“ за своето водоснабдување и го приватизираше својот водовод. Резултатот е вистинска катастрофа: водата за кратко време поскапе за 400 проценти, се‘ поголеми сметки стигнуваат секоја година, сведочи Брито.
Велика Британија исто така, во своевремената поплава на приватизации во времето на конзервативните влади, го приватизираше водоснабдувањето. Најголемиот водоснабдувачки систем, Темс Вотер, кој ја снабдува и метрополата Лондон, му припадна на германскиот ЕрВеЕ. Тоа не му служи многу на чест, зашто водата во Лондон поскапе за речиси 150 проценти, а целата приказна заврши со повторно враќање на водоводот во јавна сопственост. Зашто, иако ЕрВеЕ извлекуваше милионски профит, водоводниот систем стана толку дотраен, што беше загрозено и самото водоснабдување.
Зошто тогаш Брисел опстојува на плановите за приватизација? Без сомнение, под маската на мерки за штедење, тука се провлекуваат сосем јасни интереси на меѓународните концерни, кои во тоа гледаат сјајна прилика за сигурна заработувачка. Така и во „Нестле“ се залагаат за приватизација на водоводите за „граѓаните да ја увидат вредноста на водата која ја пијат“.:eek::pos:


Монополот останува монопол
Треба да се потсети дека ваквите концерни располагаат со средства поголеми од буџетите на некои од земјите на ЕУ (ЕрВеЕ остварува 153 милијарди евра промет, „Нестле“ - 68 милијарди евра, „Веолиа“ - 34 милијарди евра...), а и на ниво на основните економски правила таквата приватизација е чиста глупост и само алчност на одредени интересни групи. Точно е, навистина, дека секој монопол нема причини да ги спушта своите цени, а водата била и останува монопол, па дури и кога е приватизирана.
Зашто, во домовите не може да постојат различни славини, па да имате избор од која ќе пуштате вода зашто е поевтина. Со приватизацијата не се постигнува пазарна конкуренција, туку еден монопол, оној на државата или општината, се заменува со друг, на некој концерн или финансиски инвеститор. Додека државата и општината, пак, било тоа само од пристојност или страв од граѓанско незадоволство, евентуалната добивка ја вложуваат во самиот систем на водоснабдување, концерните и приватниците, според природата на работите, ја ставаат во својот џеб!
Значи, и „Нестле“ мора да сфати дека водата не е чоколадо, туку основна потреба, дури и право на секој човек, како и на воздух или сончева светлина.
Затоа оваа иницијатива на ЕК предизвика вистинска поплава од незадоволство и првпат во историјата се случи да биде веќе исполнет потребниот број граѓани кои со петиција се спротиставија на приватизацијата на водата.

„Рајт 2 вотер“
Иако, тоа е прилично тешко: во Европа за успех на петиција треба да се соберат еден милион потписи од барем седум држави, сепак, иницијативата „Рајт 2 вотер“ за само неколку месеци собра милион и триста илјади потписи од речиси сите држави на ЕУ. Барањата на оваа граѓанска иницијатива се сосем едноставни: тие се темелат на водата како основно човеково право, се бара од ЕУ сите граѓани да уживаат во благодетите на чиста вода, таа да не стане предмет на трговија и пазар и да биде исклучена од либерализацијата.

Ваквата иницијатива ја поддржуваат и бројни припадници на јавниот живот, естрадата, па и благородништвото, како холандскиот престолонаследник Вилхелм Александар, еден од најгласните приврзеници на основното право на вода.
Ваквата бура незадоволство сепак стигна и до ушите на бирократите во Брисел, па еврокомесарот Мишел Барние објави промена на предлогот. Така, од приватизација би „можеле да бидат“ изземени системите за водоснабдување кои 80 проценти од своите води ја нудат на само еден град и 20 проценти на околината.

Брисел едноставно-лаже!
Проблемот е, како што откри германскиот телевизиски магазин „Монитор“, што отстапката на Брисел е чисто фрлање прашина в очи на граѓаните на Европа. Така, и претставничката на Европскиот парламент Хајде Риле предупредува-промената во основа не се разликува од смерниците, и ЕК и натаму упорно заговара приватизација на услугите за водоснабдување.
Значи, и натаму останува предизвикот за граѓанската иницијатива против приватизацијата на водата.
 
Кај нас нема шанси.Водовод во Македонија ти е центар за регрутирање на партиски гласачи без разлика кој и да е на власт.


mozno e se kaj nas, pred dva meseca slusnav deka vo zapadna makedonija ke se gradi fabrika za flasiranje voda i deka izvorot so voda od koj sto se snabduvaat nekoi sela i gradot debar e "prodaden".
 
Nestlé CEO explains that water is a foodstuff that should be privatised, not a human right.
What an asshole!

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom