Што им се случи на државите по влезот во ЕУ

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
не ама ќе имаме за живот, а ако немаме кој сака ќе се обиде надвор од Македонија, ќе нема барем да се вадат бугарски пасоши за кола или работна дозвола и да се билда нивниот број во Македонија преку тие пасоши.
Плус ќе излегуваме на море.
И сега можеш надвор да се обидеш, колку гастејбајтери има надвор од Македонија, бројот не им се знае. И ќе имаме помалку за живот, бидејќи бирократите од Брисел ќе бараат да се изедначат цените :(
Еве може сум и грешка, ама кажи како ќе имаме за живот, ќе се отворат нови фабрики, ќе се качат платите .....
само напамет да се прави муабет
 
не ама ќе имаме за живот, а ако немаме кој сака ќе се обиде надвор од Македонија, ќе нема барем да се вадат бугарски пасоши за кола или работна дозвола и да се билда нивниот број во Македонија преку тие пасоши.
Плус ќе излегуваме на море.

Сосема се согласувам, барем на еден сигурен начин, Македонците ќе можат да ја докажуваат својата пазарна вредност во конкуренција на сите останати без неопходни 300 докумети и дозволи и шетања по милиции за странци.

Не може да се споредуваат ефектите од приклучувањето на малите земји со поголемите, бидејќи реално малите не нудат некаква конкурентност на заедничкиот пазар, немаат ниту доволен производствен капацитет, туку служат како потрошувачки пазар, а индустријата ќе ја адаптираат за потребите на големите ЕУ членки во производство на полуготови производи и делови.

Најлошо е што вистинските професионалци од сите струки како по непишано правило ги напуштаат своите земји за 10 пати поголеми плати во УК или Германија.

Македонија би требало да инвестира најмногу што може во компјутерски технологии, техничко знање, програмирање, јазици и максимално развивање на еколошко чисто земјоделие.
 
Да потсетам дека насловот на темата не е “Што и се случи на Бугарија по влезот во ЕУ“.

За останатите сугестија да намалат со тролањето Уаа ЕУ - Да живее ЕУ туку да пишуваат како на зададена тема.

Ако имате некакви податоци, статистики, извадоци од новини, изјави и споредби на цени, куповна моќ, степен на странски капитал и оценка на стандардот тогаш повелете со аргументирана дискусија да ги браните ставовите.

Предлагам да дискутираме во одредени рамки, односно да дискутираме за проширувањето од 2000 година навака, за да избегнеме споредби од типот како се живеело за време на Тито, пред 2 СВ.В. и слични муабети кои не овозможуваат реална оцена и водат кон офтопичарење.

Државите кои се приклучија на ЕУ после 2000 година се следниве:
Бидејќи сега сме 2013 година, како релеватен период за споредба ги земаме последните 20 години, што ја дава 1993 година.

Значи ве молам за аргументирање на ставовите и валидни споредби во периодот од 1993 до 2004/2007 и од 2004/07 до 2013.
 
како да избегнеме споредби кога споредбите се неизбежни, за да дознаеме екс земјите од СССР кои влегоа во ЕУ што добија а што загубија мора да направиме споредба.........пред да бришеш мислења размисли или консултирај се со шефот,уништуваш теми без потреба
 
Пред да постираш прочитај ја темата за да избегнеме да ти објаснуваме секој пат кога одиш оф топик.

Несериозно па и малоумно е да се прави споредбата на 6 години членство во ЕУ со систем на уредување кој завршил 15 години пред тоа членство.

Не само во економската наука, секогаш се подразбира дека изминатиот период кој го споредуваш треба да одговара на еднаков период што следувал после дадена пресвртна точка, а во нашиот случај моментот на зачленување.

Затоа кога се прават споредби за на пр. за Бугарија, нелогично е да се споредува стандардот од 1980 година со стандардот денес. Бидејќи без оглед на членството, разликата ќе биде драстична и кога ќе ја земеш 2006 година.
 
Доста ми кажувате како да живеам!

Мојот живот си е моја работа!

Доста е веќе! ЕУ вечно ли ќе ми кажува што да правам, а јас не ги избрав , ниту пак можам да им кажам да се макнат. Сакам и за во иднина да си ја имам слободата да се рашетувам ноќе по гората, иако тоа може и да е опасно. Сакам да одам дома и по обични волнени чорапи, иако опасноста од потклизнување постои. Си ја сакам слободата да лудувам, три ноќи по ред да танцувам, сеедно дали ќе добиам инфаркт.
Сакам да пушам, сакам да си поткаснам мрсничко и благичко , Сакам да живеам така, како што јас сметам дека е добро за мене . Без ЕУ да ме командува!

http://www.dw.de/стига-сте-ми-казвали-как-да-живеја/a-16538533
 
Незнам коj што командва, знам дека платата ми се сголеми со 66% благодарение на ЕУ, па вие си лалаjте.
Цените ке се дигат с или без ЕУ, важно е и платите да раснат.
 
Незнам коj што командва, знам дека платата ми се сголеми со 66% благодарение на ЕУ, па вие си лалаjте.
Цените ке се дигат с или без ЕУ, важно е и платите да раснат.

Сакаш да кажеш дека месец дена после влезот во ЕУ доби повисока плата за 66%?
 
Сакаш да кажеш дека месец дена после влезот во ЕУ доби повисока плата за 66%?
Не, сакам да кажам дека фирмата што радим извозува без мито на ЕУ, сакам да кажам дека фирмата е субсидирана по програма по ЕУ фонд, поради што се сголеми производството/извозот/печалбата и респективно платите. ЕУ аутоматски не дава ништо, но с квалитетно раководенjе и добра организациjа сичко станува.

П.С. Братот jа сум сметководител во Софиjа(ако некоj го интересира)во фирма со 90-100 човека.
 
Од твојот пост добив впечаток дека автоматски по влезот во ЕУ си добил покачување на плата.

Што сакаше да кажеш со тие 66%, како сметководител, бидејќи сега не ми е јасно дали мислеше од влезот во ЕУ во 2007 платата до 2013 ти пораснала за 66%?

Како ги пресмета тие 66%?
 
Незнам коj што командва, знам дека платата ми се сголеми со 66% благодарение на ЕУ, па вие си лалаjте.
Цените ке се дигат с или без ЕУ, важно е и платите да раснат.

и за тебе и за fmi и за сите останати
Бугарија и апсурдот во кои живеете

Нема по апсурдна држава од Бугарија Како е возможно минималната плата да е по ниска од држави, кај што луѓето немаат што да облечат:eek:

Како е возможно да земаш:eek: 310 лева плата од кои 70 лева да се удр'жки:eek: кој по ѓаволите ќе ми објасни зашто ми е на мене втор пензиски фонд кога по 40 години (кога би требало да се пензионирам) тие пари и тој фонд отдавна ќе исчезнат

http://www.dnes.bg/blogini/2013/01/23/bylgariia-ili-absurdyr-v-koito-jiveem.178337
 
Некако тешко иде пресметката на Марекот :)

Ајде во меѓувреме некој доброволец да го пресмета зголемување на просечната нето плата во Македонија од 2006(13.255) со 2012 (21.031) година?

http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=40
 
А кој ја зема таа плата во Македонија,тие се од администрација,додека грото вработените,земаат минимална плата од 8050 ден,некои достигнуваат 12000ден.
 
Од твојот пост добив впечаток дека автоматски по влезот во ЕУ си добил покачување на плата.

Што сакаше да кажеш со тие 66%, како сметководител, бидејќи сега не ми е јасно дали мислеше од влезот во ЕУ во 2007 платата до 2013 ти пораснала за 66%?

Како ги пресмета тие 66%?
Само за периодот 2011-2012 сголемуванjето е 66%, зошто почнавме изнесуванjе на европски пазари без мито. Пред това покачуванjето беше по-малце, зошто реализиравме стока само на внатрешниот пазар. Но поради ова дека сме во ЕУ почнавме да изнесуваме без мито/царина во Европски земи и имаме повеке печалба. Повеке печалба, по-големи плати за лугето во фирмата.
--- надополнето: 23 јануари 2013 во 21:26 ---
и за тебе и за fmi и за сите останати
Бугарија и апсурдот во кои живеете

Нема по апсурдна држава од Бугарија Како е возможно минималната плата да е по ниска од држави, кај што луѓето немаат што да облечат:eek:

Како е возможно да земаш:eek: 310 лева плата од кои 70 лева да се удр'жки:eek: кој по ѓаволите ќе ми објасни зашто ми е на мене втор пензиски фонд кога по 40 години (кога би требало да се пензионирам) тие пари и тој фонд отдавна ќе исчезнат

http://www.dnes.bg/blogini/2013/01/23/bylgariia-ili-absurdyr-v-koito-jiveem.178337
Нема абсурди, ама нешто ми личи имаш голема омраза кон Бугариja па неможеш да видиш многу работи. Проблемот овде е дека сите са добро плакjани, али се осигуруват на минималце ниво.
Моj много добар приjател е електричар, зима около 1000 евро на месец, али се осигурува на минималце- 270лв. По овоj начин има повеке пари во jебот. И вака е во цела Бугaриjа.
Братучет ми во Дупница зима 400 евро и па се осигурува на минимум, жена му исто така.
Ова ни е правилно, ама е вистината.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom