Организатор (планер) на свадби - Да или не?

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.188
Поени од реакции
23.692
Зошто зетот би бил само декор? Не ли е возможно и он да има исти размислувања и ставови за заедничката им свадба?
Возможно е не велам не, но во овој случај него никој не го прашал дали се согласува пошто нели таа оддамна решила дека ке се мажи во тајност без разлика што би мислел идниот зет.
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Кај нас под Организатор на свадба се подразбира ателје за китенки, бомбони и декорации.
Да ви објаснам накратко како дојдов до идеата некој да се замера место мене : Си почнав да си ја организирам свадбата година дена однапред. И 10 месеци пред свадба ме заебаа од ресторанот, ни го дале терминот без да не контактираат. И кога после тоа имаш 2 пеколни ненаспани недели шетајќи ги скопските ресторани за свадби, и кога слушаш тетки, баби, стрини како тогаш почнуваат да те „просветлуваат“ ќе плачеш за професионалец. И кога згора на се и сестра ти ќе најави на 2 месеци разлика од твојата, семејството не знае главата кај му е.
Нашите свадби како што кажавте погоре имаат мнооооогу детали на коишто треба да се мисли. Немојте да ме разберете погрешно, ни мене не ми се фрлаа пари плус, туку заглавени во подготовките, не можевме да уживаме во периодот пред свадбата...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Дали би ангажирале некој да ја „истрча“ вашата свадба? Некој да ви сервира се на послужавник, за мал надомест? Организирајќи ја мојата свадба потрошив многу време и живци и ми текна да побарам некој што ќе се замара со тоа наместо мене. Ама не можев да најдам. Што мислите вие за вакво нешто?
Требаше да прашаш со време :)
Лично, ако до тогаш не најдам подобра (a тешко дека ќе најдам, ептен женава ми прави ќеиф) - Елена Крстевска, а фирмата и се вика Fancy Marriage.
На ФБ има доста од нејзината работа, на идниве младоженци може ќе им биде од корист
http://www.facebook.com/elena.fancymarriage?fref=ts

Инако, едно големо ДА за организаторите на свадби, ако си човек што сака ц-цканици до детали. Јас би сакала тогаш да се фокусирам на други нешта, а не на бонбончињата или салфетките, па сигурно би имала некој да ми се занимава со тоа, секако по мој терк :)
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 02:42 ---
Ај и да ставам неколку сликички што мене ми фаќаат око. Преубави ситници, мераци, уф. Би се мажела едно 20 пати, чисто ради ц-цканици на свадба :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
:pos:

Името на фирмата.
Ме боли Таска како се вика фирмата, се додека добро си ја работи работата.
Може да се вика и Шуто-пром или уште подобро ,,Јас и Братми ДООЕЛ,, , ако се прашувам јас ;)
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Требаше да прашаш со време :)
Лично, ако до тогаш не најдам подобра (a тешко дека ќе најдам, ептен женава ми прави ќеиф) - Елена Крстевска, а фирмата и се вика Fancy Marriage.
На ФБ има доста од нејзината работа, на идниве младоженци може ќе им биде од корист
http://www.facebook.com/elena.fancymarriage?fref=ts

Инако, едно големо ДА за организаторите на свадби, ако си човек што сака ц-цканици до детали. Јас би сакала тогаш да се фокусирам на други нешта, а не на бонбончињата или салфетките, па сигурно би имала некој да ми се занимава со тоа, секако по мој терк :)
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 02:42 ---
Ај и да ставам неколку сликички што мене ми фаќаат око. Преубави ситници, мераци, уф. Би се мажела едно 20 пати, чисто ради ц-цканици на свадба :)
Fancy Marige пак се од оние што се занимаваат со декорации. Јас сега најдов други, Гуржо Планирање и организирање на свадби. За мојата закаснија со отварањето, ама доста помогнаа со организирањето на свадбата на сестра ми. Девојчето се си истрча за нив, дури и дома дојде да ни објасни што-како треба да се прави и само се јавуваше за консултации. Башка што сестра ми е трудна и мораше се експесно да се заврши. Сега само го чекаме денот ние да се изнаиграме :) И што многу се зачудив, поради неа добивме многу попусти, само на венчаницата на сестра ми ни скрати 100евра. За оние кои би зеле планер, топло ги препорачувам :)
https://www.facebook.com/GurzhoWeddingPlanning
 
H

HITCH

Гостин
Јас многу сакам свадби, ама кога ќе ми се наредат за да ме прашаат јас кога сум планирала вака да ги порадувам, па то треба да се убие... Жими се`!
Свадбата и припремите за свадба треба да биде уживање. Никогаш не би викнала „организатор на свадба“, имам интернет, па можам сама да си ја спроведам идејата која ќе ми се допадне. Не е секогаш за парите, туку свадба еднаш се прави!

Зошто немаат нивни слики? Кога се рекламираш, по некоја логика, треба да покажеш што и како си организирал. Изгледа ви ги собрале парите поштено. :pos:
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Јас многу сакам свадби, ама кога ќе ми се наредат за да ме прашаат јас кога сум планирала вака да ги порадувам, па то треба да се убие... Жими се`!
Свадбата и припремите за свадба треба да биде уживање. Никогаш не би викнала „организатор на свадба“, имам интернет, па можам сама да си ја спроведам идејата која ќе ми се допадне. Не есекогаш за парите, туку свадба еднаш се прави!



Зошто немаат нивни слики? Кога се рекламираш, по некоја логика, треба да покажеш што и како си организирал. Изгледа ви ги собрале парите поштено. :pos:
Новички се, затоа немаат слики. Плус они не изработуваат ништо, само организираат, ти се си бираш. Ни донесоа портфолија и мустри од бомбончиња, покани, декорации, ценовници за матично на терен, ни закажаа црква, за венчаницата на сестра ми они закажуваа. Ако од сето тоа стаат слики, и тоа нема да биде нивно. :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.831
Поени од реакции
8.854
Fancy Marige пак се од оние што се занимаваат со декорации. Јас сега најдов други, Гуржо Планирање и организирање на свадби. За мојата закаснија со отварањето, ама доста помогнаа со организирањето на свадбата на сестра ми. Девојчето се си истрча за нив, дури и дома дојде да ни објасни што-како треба да се прави и само се јавуваше за консултации. Башка што сестра ми е трудна и мораше се експесно да се заврши. Сега само го чекаме денот ние да се изнаиграме :) И што многу се зачудив, поради неа добивме многу попусти, само на венчаницата на сестра ми ни скрати 100евра. За оние кои би зеле планер, топло ги препорачувам :)
https://www.facebook.com/GurzhoWeddingPlanning
Да, заборавив да напоменам дека нема баш да направат програма на свадбата :)
Но кога станува збор за китенки, салфетки, цвеќенца итн. за мене се незаменливи, сега за сега, зборувам за Македонија, за надвор од тука... :)
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 17:40 ---
Новички се, затоа немаат слики. Плус они не изработуваат ништо, само организираат, ти се си бираш. Ни донесоа портфолија и мустри од бомбончиња, покани, декорации, ценовници за матично на терен, ни закажаа црква, за венчаницата на сестра ми они закажуваа. Ако од сето тоа стаат слики, и тоа нема да биде нивно. :)
Ај чекаме некоја слика од бонбонче, покани, декорации.. итн да видиме дал ќе ни фатат око :)
Кога е свадбата?

П.С. Дај некоја сликичка и од твојата :)
 
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Да, заборавив да напоменам дека нема баш да направат програма на свадбата :)
Но кога станува збор за китенки, салфетки, цвеќенца итн. за мене се незаменливи, сега за сега, зборувам за Македонија, за надвор од тука... :)
--- надополнето: 22 јануари 2013 во 17:40 ---


Ај чекаме некоја слика од бонбонче, покани, декорации.. итн да видиме дал ќе ни фатат око :)
Кога е свадбата?

П.С. Дај некоја сликичка и од твојата :)
Мојата свадба е во мај, а на сестра ми во март. Сестра ми си одбра покани од Гвендолин, а се останото од Цвеќара Силва. А јас немам одбрано ситници, јас сама ќе си ги правам :)
 
H

HITCH

Гостин
Немој да ме сфатиш погрешно, ама сето ова се прави преку телефон. Начисто ви ги собрале парите... :pos:

Мојата фамилија, фала Богу, е многубројна. Јас сум гледала и сум помагала за домашна свадба да се спремат и за „модерна“ свадба да се спремаат. Верувај ми ако знаеш што сакаш се` можеш да направиш.
Мој втор братучед многу долго немаше дојдено во Македонија и реши да прави домашна свадба со сите адети и траеше цела недела, од понеделник до понеделник. Чинеше поскапо, оти цела недела имаше музика, јадење и многу луѓе, ама верувај ми се` беше под конец. Никој не почувстува замор ниту еден момент, свадбата беше во јули и невестата ни беше малку трудна, седми месец. Требаше да се направат неколку носии и да се најде стариот накит од бабите. Сите братучеди се сеќаваме на оваа свадба. Додека се спремавме ги уигрувавме и повторувавме некои ора и песни, старите си раскажуваа за нивните свадби, младите пукавме сеир. Тоа беше свадба која ќе ја памтам цел живот, оти цела фамилија ми беше на едно место. Повторувам, воопшто не беше проблем за пари.
Не велам дека треба да правите свадба од понеделник до понеделник, но што ќе ти е свадба од која имаш спомени само од хотелот?! Или пак се снимавте додека биравте со кои салфети ќе бидат украсени тањирите у ресторанот? На крајот на краиштата, свадбата не е само за вас! Дедо ми викаше зборот кога се дава меѓу двајца е за семејствата да се провеселат, веридбата е за роднините од двете страни да се провеселат, а свадбата е и за пријателите да се провеселат. Кога ќе ти дојде човек на свадба ти треба да му укажеш чест, инаку зошто би го викнала?!

Јас сум женско, па сметам дека свадбата ако сама не ја организираш, `ко да не си ја правела.
Целата фамилијата се собира за убави работи и за неубави работи. Спомените од убавите моменти треба да ни помогнат да ги пребродиме неубавите работи во животот.
Ова е мое мислење, не значи дека мора да се согласиме.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Возможно е не велам не, но во овој случај него никој не го прашал дали се согласува пошто нели таа оддамна решила дека ке се мажи во тајност без разлика што би мислел идниот зет.
Владе, мојот приватен живот не е тема на шпекулации овде.
Поради тоа што не ме познаваш лично, ниту пак абер имаш со каков маж би била, ќе те замолам да се воздржиш од коментари и да се фокусираш на темата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom