Организатор (планер) на свадби - Да или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата nene88
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 јануари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
207
Локација
Skopje
Дали би ангажирале некој да ја „истрча“ вашата свадба? Некој да ви сервира се на послужавник, за мал надомест? Организирајќи ја мојата свадба потрошив многу време и живци и ми текна да побарам некој што ќе се замара со тоа наместо мене. Ама не можев да најдам. Што мислите вие за вакво нешто?
 
Ако не сакаш да трошиш време и нерви, тогаш ќе потрошиш пари :)
***
Не би платил некој да ми ја организира целосно свадбата, тоа би го препуштил на невестата :) Нејзин дел било :)
 
Нема никогаш да правам свадба (да бидам искрен како што оди работава тешко дека некогаш и ќе се оженам :noze: :D), но ако имам некој ултиматум за тоа или е пак прашање на живот или смрт тогаш би најмил планер на свадби за мал надомест секако.
 
Премногу гледање на амерички филмови и барање на невозможни начини за заработка, демек ај нешто ново ќе праиме и ќе млатиме пари.
Имаше вакво нешто пред некоја година едно немаа муштерии дечките друго и тие три четири што ги организираа во рок од две години не добија пари, сметајќи го македонскиот менталитет тешко дека ќе биде без мана обавезно ќе се најде фалинка на организацијата разбира се поради тоа што “Обавезно“ ќе му ја забеш свадбата нема да ти плати.
Така да боље да си бара работа како шивачка во конфекција или продавачка во маркет личноста што мисли да започнува ваков бизнис.
Не значи ако нема моментална понуда на пазарот дека никогаш ја немало и на никој не му текнало ја нема затоа што е пропалитет идеја, али гледаш еден филм (wedding organizer) и одма си влагаш у филм абре македонче :icon_lol:
ПС Овде сликарите ја организираат и водат свадбата :pos:
 
Македонскиве свадби се замарање пошо многу се пази на глупости, бовчалоци, сватови, кумови, па чекај ги сватовите, па дома кај невестата па ора дома кај невестата, матично, ора кај матичното, цркви па сликање пред цркви и што не. Да се исфрлат глупости ко чеизи и бовчалоци подготовските а и свадбата ќе се полесни.
 
Да бе како после свадбата бабите ќе оговараат за бовчалаците и тоа дека бабата и дедото на зетот му купиле одело од 6000 денари сосе кондурите а на невестата свекрвата и свекорот и купиле венчаница од 40 000 денари :pos:
Како тоа ќе ја зимаат невестата без да им плати зетот на цело мало дечурлана што се собрале кај невестата и не го пуштаат да влезе да ја види дур не пљуне 100 евра санки мислиш тие ја ранеле и поеле цел живот. Без чејз ?????? ЏИЗАС КРАЈСТ не иде тоа така па после може свекрвата да и пребацува дека ништо не донела снаата :pos:
Се знае адетот каков си е оро ваму оро таму, нај лошо е што нема останато адетот сите да им се собираат на младоженците дома после свадба и да им пеат пред врата чекајќи крвави резултати од јуначката битка која се одвива се до рани зори,мислам дека ако се врати овој обичај за него највќе ќе трба организатор и тренери.:)
 
Да бе како после свадбата бабите ќе оговараат за бовчалаците и тоа дека бабата и дедото на зетот му купиле одело од 6000 денари сосе кондурите а на невестата свекрвата и свекорот и купиле венчаница од 40 000 денари :pos:
Како тоа ќе ја зимаат невестата без да им плати зетот на цело мало дечурлана што се собрале кај невестата и не го пуштаат да влезе да ја види дур не пљуне 100 евра санки мислиш тие ја ранеле и поеле цел живот. Без чејз ?????? ЏИЗАС КРАЈСТ не иде тоа така па после може свекрвата да и пребацува дека ништо не донела снаата :pos:
Всушност и тоа е целта на овие работи - прикажување пред комшиите :)
 
Јас мислам дека нашиве македонски свадби се едно големо извештачено малтретирање на невестата и младоженецот (оние кои демек треба да уживаат најмногу на овој ден) и треба да се укинат со закон!
 
Всушност и тоа е целта на овие работи - прикажување пред комшиите :)
Затоа најубаво кај јеховиниве сведоци едно мало бифе, и ај нека ви е со среќа и после ќе си пеат цел ден така на суво (y)
Си знаеш ти што ти објаснувам :pos:
 
Па не знам за планер, ама јас би ангажирала двојничка што ќе биде невеста место мене и ќе ја истера цела свадба со се сите адети додека јас си пијам пиво и си глеам некој филм дома.
 
А као ако најмиш планер ти нема да се замараш? Yeah right. Колку сакаш имај доверба во планерот и во нејзиниот вкус, ама пак се ќе треба ти да видиш и да одобриш.
 
Кај нас тоа нема да помине. Вединг планер....:pos:

Сироти девојчиња. Мислат дека у оваа гомнарска земја можат да го живеат животот од филмовите со Џенифер Лопез.
Не, не, не. единствената опција е да работиш ко вол и да не добиваш плата ко шо треба, а богами и со шефот/газдата да легнеш понекад...
 
финтава е сам да си организираш, еднаш се жени/мажи :D
 
На западот ова е популарна традиција, бидејќи нивните забави ако не бидат исполнети со нешто интересно се досадни.
Кај нас од друга страна не ти треба планер, доволно е што имаш свекрва, мајка или баба.
 
Па не знам за планер, ама јас би ангажирала двојничка што ќе биде невеста место мене и ќе ја истера цела свадба со се сите адети додека јас си пијам пиво и си глеам некој филм дома.

Само да не се заигра двојничката и за после свадбата...

:sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom