Под копитата на сатаната

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838
А што има Исус со копита?
И филмот е ужас, ниско буџетен идиотски филм.
Ако овие од филмот прикажаа љубов, па и спасителска, ја оправивме работата.
Овие се директно под копитата на сатаната.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
А што има Исус со копита?
И филмот е ужас, ниско буџетен идиотски филм.
Ако овие од филмот прикажаа љубов, па и спасителска, ја оправивме работата.
Овие се директно под копитата на сатаната.
Многу просто. Исус имал брада, Гоце имал брк. Гоце коња не јавал, Исуса јавал. Абе духовна логика. Кине.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.790
Поени од реакции
11.838
Многу просто. Исус имал брада, Гоце имал брк. Гоце коња не јавал, Исуса јавал. Абе духовна логика. Кине.
Де де... ти пак како и запна на логиката и рационалното...
Што му се заморуваш :)

Решавај си задачки од Математика 4 и мирна Босна.
Остави го Исус и сите мистичкни патеки на другите. Не секој оди по ист пат :)
Не барај логика таму каде што имаш премногу непознати ;)
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
БОГ ТЕ ПОВИКУВА НА ПОКАЈАНИЕ

Грешникот, кој се одвојува и оддалечува од Бога, него Бог не го остава, туку оди по него и го повикува со татковски глас: „Чедо, каде се оддалечуваш од Мене? Каде ќе најдеш блаженство без Мене и надвор од Мене? Насекаде ќе те сретнуваат неволји”. И така, повикувајќи го, го приближува кон Себе.
Господ Исус Христос ги повикува луѓето преку покајание да се вратат при Него: Зошто ти, грешнику, Ме остави? Зошто се оддалечуваш од Оној, Кој те љуби? Сети се дека Јас зедов обличје на слуга и се изедначив со луѓето и по вид се покажав како човек. Заради тебе бев дете, осиромашив, се понижив, на земјата живеев, плачев, се трудев, претрпев гонење, понижување, навредување, рани, плукања, потсмев и секако страдање. На крајот, умрев со срамна смрт на Крстот. И сето ова го направив заради твоето спасение. Слегов од небото, за тебе на небото да те издигнам; се понижив, за тебе понижениот да те издигнам; осиромашив, за тебе сиромавиот да те обогатам; се предадов на потсмев, за тебе посрамотениот да те прославам; бев ранет, за тебе ранетиот да те исцелам; умрев, за тебе умрениот да те оживеам. Ти згреши, а Јас твојот грев го зедов врз Себе; ти си виновен, а Јас ја претрпев казната; ти си должник, а Јас го платив долгот; ти си осуден на смрт, а Јас умрев за тебе. И на сите овие Мои страдања заради тебе, ништо друго не ме привлече, освен љубовта кон тебе. И зошто сета оваа Моја љубов, подвизи и страдања заради тебе, ти самоволно ги запоставуваш и самиот сакаш да се убиеш? Сети се колкава е и колку скапоцена цената, која е платена за тебе: со Мојата крв и со Мојата смрт си искупен! Сети се на сите овие Мои заслуги, преку кои си стекнал прошка на гревовите и вечен живот и покај се, па така ќе се спасиш. „Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене” (Откр. 3, 20).

Господ Исус Христос нѐ повикува кон Себе и ни ветува пресладок покој за нашите души: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11, 28-30). Со ова Он како да ни рекол: Барате ли добро? Секое добро е во Мене и од Мене извира. Блаженство ли сакате? Го нема никаде надвор од Мене. Слава ли посакувате? Па кој е пославен од Мене? Богатство ли сакате? Во Мене и во Мојата рака сето богатство е нераспадливо. Мудрост ли сакате? Јас сум Божја Премудрост. Пријателство ли сакате? Па кој е пољубезен и поголем пријател од Мене, Кој својата душа за вас ја положи? Барате ли помош и заштита? Па кој може да ви помогне и да ве заштити, освен Мене? Барате ли лекар? Па кој ќе ве излечи освен Мене, Лекарот на душите и телата? Барате ли спокој и мир за себе? Јас сум мир и спокој душевен и никаде нема да најдете такво нешто, надвор од Мене. Светлина ли сакате? Јас сум Светлина на светот, кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот (Јован 8, 12). Не сакате да бидете измамени и заблудени? Јас сум Вистината! Сакате ли да се доближите до Бога? Јас сум Патот! Не сакате да умрете, туку сакате вечно да живеете? Јас сум Животот! Јас сум патот, вистината и животот. (Јован 14, 6). Не смеете ли да Ми пристапите? Сите ги повикувам и сите ги примам – дојдете при Мене! Се плашите ли да Ме замолите? Кому до сега, од оние што молат, Јас сум му ја отфрлил молбата? Напротив, вашите гревови ве одбиваат од Мене. Јас за грешниците, Својата душа ја положив. Ве вознемируваат ли безбројните гревови? Кај Мене има многу повеќе милосрдност и љубов, отколку што има гревови во целиот свет.
ЗАТОА, ДОЈДЕТЕ ПРИ МЕНЕ...
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Можеби, но текстот е за оние луѓе кои ја знаат вистината,
со Христос животот има смисла затоа што преку молитвата
Тој не исполнува со љубов мир радост и милост но пред се љубов
, и потоа таа љубов во нас ја чуствуваат сите околу нас, човек што е верник има живот исполнет со љубов радост здравје, а фанатик е човек што
мисли дека верува во Бог а не ги сака луѓето оти живеат многу грешен живот, но не треба така затоа што ако некој не ги сака твоите деца не те сака ни тебе.

Ако некој е жеден, нека дојде кај Мене и нека пие.
Ова го кажа Исус Христос, од Него ние се исполнуваме со
Божјата љубов.
Ако не пиете од Божјата љубов вие сте празни, и што и да имате неможете да бидете вистински живи.

Разговорите во оваа тема се наменети за оние кои се свесни дека Господ постои,
и сатаната и демоните. Оние што мислат дека се хемиски процес тие се
успешно заведени од сатаната.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
.............
Разговорите во оваа тема се наменети за оние кои се свесни дека Господ постои,
и сатаната и демоните. Оние што мислат дека се хемиски процес тие се
успешно заведени од сатаната.
Врска немаш што зборуваш момче. Таков кој е свесен дека бог постои (онаков како твојата вера ти раскажува) не постои. Постојат кои веруваат или не веруваат. Никаква врска нема со никакви сатани. Сум го кажал милион пати. Лошиот човек ниедна вера, ниедна религија, ниедна света книга нема да го направи добар. Ако тебе верувањето во бог ти брка работа, верувај си, твоја работа. Не им го пикај под нос ѓаволот на оние кои не веруваат во тоа што ти веруваш. Со тоа само покажуваш нетолерантност и омраза кон различните од тебе. Исус не велел да ги мразите останатите.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Во мојот текс нема ниту омраза ниту лага ниту навреда кон некого.
Само вистината, и љубовта, ти ме навредуваш со навредите во твојот текст поради вистината,
затоа што сатаната те убеди дека Господ не постои, со тоа
не постојат демони ниту сатаната ниту Бог за тебе.
сатаната те убедил дека немаш душа и дека Господ не те сака
дека си ништо само хемиски процес а Господ те создал и дувнал живот во тебе, душа и тело имаш драг човеку
 
Момче ме навредуваш и тоа како. Твојот бог и твојот ѓавол, чувај си ги за тебе. Јас немам ништо ни со едниот ни со другиот. Ако си имаш проблем со ѓаволот бори си се сам. Не очекувај твоите битки друг да ти ги води.
Ако ти мислиш дека некој однадвор ти дал душа и тело, нека ти биде. Не наметнувај твое верување како вистинито.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Врска немаш што зборуваш момче. Таков кој е свесен дека бог постои (онаков како твојата вера ти раскажува) не постои. Постојат кои веруваат или не веруваат. Никаква врска нема со никакви сатани. Сум го кажал милион пати. Лошиот човек ниедна вера, ниедна религија, ниедна света книга нема да го направи добар. Ако тебе верувањето во бог ти брка работа, верувај си, твоја работа. Не им го пикај под нос ѓаволот на оние кои не веруваат во тоа што ти веруваш. Со тоа само покажуваш нетолерантност и омраза кон различните од тебе. Исус не велел да ги мразите останатите.
Абе кај Ти зборуваш за свест...заспан еден.
Требе да си свесен дека Бог постои...ама ти си заспан и не можеш да го видиш.
А тоа атеистите покажувате нетолерантност и омраза према сите религии, било која...пусти комунизам.
Сите свети книги прават само добри луѓе, тоа атеистите сте насилници....што може да се види на форумов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom