Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.376
M

Muranyi

Гостин
Само Лавица жена или Водолија... другото... НЕ!
Јас би рекол само Лавица и Шкорпија.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 19:09 ---
Колку е само ова точно. Значи судено ми е мене со дете да се расправам цел живот. :(
И за тебе ми е жал:D
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Вечити хороскоп



Овен: ќе бидете арогантни гадови, кои мораат да се прават шефови и главни во се. Причина за ова најверојатно е малиот пенис или цицки.
Бик: ќе бидете самозадоволни мрчатори, досадни како клуб на филателисти.
Близнаци: денеска сте главни одговарачи и трачери, кодоши и превртливи шуги со двојни стандарди и однесување кое се менува на секои 10 до 15 минути.
Рак: во текот на денот ќе бидете посесивни лудаци, спремни да се навредат ако не им рекле "добро утро" со правилна интонација и го менуваат расположението како им дојде.
Лав: ќе бидете арогантни, вечни потценувачи, полни со големи планови за секого, од кои самите ќе имате најголема корист (ама баш ич нема да ви биде гајле за никој друг).
Девица: денеска сте опсесивно - компулсинвни невротици, кои ќе се ослободуваат од стрес со чистење по дома и диплење на алиштата, цепидлаки со милион барања, на кои и премногу не им е доволно.
Вага: ќе бидете нарцисоидни шизофреници, чиј најдобар пријател е огледалото, им треба цела недела за да решат дали ќе пијат Кока-кола или Пепси, толку се мрзливи што е вистинско чудо што стануваат од кревет.
Шкорпија: ќе бидете самосожалувачки деструктивци, кои својата беда не можат сами да ја поднесат па морат со себе да повлечат уште 100 луѓе. Утре да е крајот на светот, не би се шокирале, туку најверојатно последниот ден би го потрошиле на садо-мазо оргии.
Стрелец: денес ќе бидете расипикуќа и коцкар, ќе уживате да солите памет а ентузијазмот ќе ви оди до таму што ќе верувате дека може да оживеете и мртовец. Никогаш нема да признаете дека знаете што е тага (се правите силни и кога не треба).
Јарец: денеска сте вистински серковци, на кои им е потребен авторитет за да знаат каде е лево а каде десно. Слепо ќе верувате во судбината а "прости ми" и "извини" не постојат во вашиот речник и сте во состојба 'гзот да си го продадете за општествен статус.
Водолија: во текот на денот ќе бидете вулгарни и непристојни перверзњаци, кои вечно си го бутаат носот во приватниот живот на другите. Баш заради што и најголемиот број на шпиони во светот се водолии.
Риби: денеска сте досадни до бесвест, и вечно ќе се жалите самите себе си и ќе чекате некој да ве утеши. Не можете ни да се измочате без туѓа помош и најмалата ситница ќе ви изгледа како сензација, па ќе ги гњавите луѓето околу вас. А во ретките моменти на добра волја, ќе се занимавате со туѓи проблеми, по што пак ќе паднете во депресија - и така цело време во круг.
Хороскопов не се очекува да доживее некои значителни промени во текот на вашиот живот.
 
Член од
13 април 2012
Мислења
269
Поени од реакции
292
Водолија
Себична кретенка
Не можете да допрете до неа, ни во добра ни во лоша смисла. Воопшто не и е грижа за вас, што мислите или што зборувате за неа. Причината поради која е со вас е таа што смета дека сте чуден човек и тоа е доволно да бидете високо рангирани во нејзините очи.
Водолија си е водолија!:love:
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Што да им ставите на хороскопските знаци, под елка

Овен
Доколку му подарувате нешто на Овенот, гледајте тоа да биде практично и корисно. Во секој случај, нека биде нешто во врска со него лично или нешто што веќе спомнале дека сакаат да го имаат. Така нема да погрешите.

Бик
Кога станува збор за Биковите, подарете им чоколадо, основно. Доколку личноста е од понежниот пол, можете да и подарите било што за убавина, козметика, шминка или накит, но и добра вечера која сами сте ја подготвиле. Но, и машките припадници на знакот сакаат козметика.

Близнаци
Купете им го омилениот магазин, роковник, тетратка или пенкало. Футролата за мобилен телефон е исто така добра идеја. На тие подароци нема да најдат маани. Ако сте планирале нешто поексклузивно, платете им викенд патување, тоа ќе ги расположи.

Рак
Доколку му купувате подарок на Ракот, тоа треба да биде нешто што ќе може секој ден да го користи. Ракот се врзува за предметите, чува спомени и никогаш нема да се одрече од тоа што му го подариле драгите личности, колку и да не им се допаѓа тоа што го добиле. Албум за слики, перничиња или прекривачи, работи поврзани со домот, се одличен подарок за Раковите. Исто така, сакаат и слатки работи, како торти и колачи, а и некоја модерна друштвена игра е одлична идеја.

Лав
Лавовите сакаат скапи предмети или предмети кои можат да им ги покажуваат на другите. Ако не можат на сите да им кажат што добиле, исто како и да не добиле ништо. Гледајте тоа да биде убаво и модерно, не мора да биде и практично. Обожаваат накит. Пакувањето е многу важно. Лавот мора да види дека сте се потрудиле околу подарокот. Парите се секогаш добра замена за било каков подарок.

Девица
Доколку сте мислеле да и купите подарок на Девицата набрзина, без многу размислување, сте се излажале. Таа, како најпрактичен знак, ќе биде најсреќна ако и подарите книга или нешто што оддамна и треба, како и некоја ситница која може да си ја носи со себе. Не бараат многу, но го бираат тоа што им треба, а не бескорисни работи. Книга, планер, облека или некоја опрема за нивното хоби, нема да погрешите.

Вага
На Вагите можете да им подарите нешто што постојано ви бараат. Не е важно дали станува збор за нешто што не може самата да го најде или енма доволно пари. Доколку тоа и го разубавува изгледот или домот, ќе биде задоволна. Немојте да им подарувате нешто што е кич, затоа што тоа не го поднесуваат. Прескапите и преголемите подароци исто така нема да ги ценат. Уметничките дела се добар подарок. Без претерувања.

Скорпија
Доколку сакате да ја воодушевите Скорпијата, прашајте ја што и треба. Тоа најмногу ќе го цени. Доколку и купите нешто што мислите дека би сакала, а не сте сигурни, тогаш тоа не би било паметно. Бидте оригинални и добро анализирајте, што таа личност би сакала, затоа што е тешко сами да ги изненадите и воодушевите. Невообичаените работи, долната облека, како уникатните работи се полн погодок.

Стрелец
На Стрелците подарете им некоја опрема за пат, добар атлас, евентуално било што за патување. Стрелецот се радува со секој подарок и не е пребирлив. Битно е да се потрудите да го изненадите. Но, доколку нешто бирате, гледајте тоа да биде крупно и луксузно.

Јарец
Антикварни работи, кои ќе траат долго, можете да му ги подарите на Јарецот. Тесакаат вистински вредности, старински накит, уметнички дела кои отсликуваат вистински вредности. Доколку не знаете што да му подарите, доброто вино и бонбониера се одличен избор.

Водолија
Доколку и подарувате нешто на Водолијата, би било паметно да им купите нешто ново, модерно, некоја електронска работа. Било да е додаток за лаптоп, некои игрици, важно да е поврзано со техника. Доколку Водолијата е женски пол, секоја електронска направа би и била добре дојдена.

Риби
На рибите може да им подарите CD со музика, перница, постелнина, домашни папучи. Рибите ги сакаат деталите и работите кои внимателно се одбрани. Но, можете да им донесете неколку добри филмови, флаша вино и пица. Рибите никогаш не се бунат во врска со изборот на подарок, важно е дека сте се сетиле.

 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Што да им ставите на хороскопските знаци, под елка
Скорпија
Доколку сакате да ја воодушевите Скорпијата, прашајте ја што и треба. Тоа најмногу ќе го цени. Доколку и купите нешто што мислите дека би сакала, а не сте сигурни, тогаш тоа не би било паметно. Бидте оригинални и добро анализирајте, што таа личност би сакала, затоа што е тешко сами да ги изненадите и воодушевите. Невообичаените работи, долната облека, како уникатните работи се полн погодок.
за една „супер скорпија „ од форумов ќе се помачам малку , ама ќе успеам и сигурно ќе ја изненадам L- ....ЗНАМ:icon_lol:
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Прашање едно дали мислите дека може да успее врска помеѓу Вага - ( машко ) и водолија ( женско ) ми треба искусно мислење од членови кои се занимаваат доста со астрологија ... :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Не знам за Вага машко, ама од Вага женско бегам. Досега сум имал крајно лоши искуства со Ваги, никако да најдеме заеднички интересни.
Јас сум јарче.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Не знам за Вага машко, ама од Вага женско бегам. Досега сум имал крајно лоши искуства со Ваги, никако да најдеме заеднички интересни.
Јас сум јарче.
Вака според многу мои читања по интернет и онака имам прочитано дека вага и водолија за во врска можат премногу добро да се согласуваат е сега сите реално знаеме дека све што пишува или све што лета не се јаде така да јас прашувам инаку јас ќе ти кажам дека ако вагата ја зафркнеш еднаш верувај дека за тоа ќе ти врати 10 пати :) и тоа без да приметиш бидејќи вагата е најголемиот манипулатор од сите хоропскопски знаци ама значи потенциран дека ако и згрешиш премногу во животот таа тоа ќе ти го врати 10 пати без да приметиш. и затоа можеби ти си имал на некој начин лошо искуство ...
 
H

HoT IcE

Гостин
Абе не знам ја многу околу хороскопот, не се многу замарам, ама знам дека со луѓе кои се Ваги, тешко наоѓам заеднички јазик.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Прашање едно дали мислите дека може да успее врска помеѓу Вага - ( машко ) и водолија ( женско ) ми треба искусно мислење од членови кои се занимаваат доста со астрологија ... :)
Одлично се согласуваат:)(y)
Сепак, за најточна анализа ќе те замолам да ми пратиш податоци по ПП (дата, месец, година на раѓање, време и место за тебе и симпатијата).
--- надополнето: 21 јануари 2013 во 13:40 ---
Не знам за Вага машко, ама од Вага женско бегам. Досега сум имал крајно лоши искуства со Ваги, никако да најдеме заеднички интересни.
Јас сум јарче.
Сам си одговори на прашањето, немате никаков заеднички интерес. Различни енергии сте и тоа е тоа.
Јарците се конзервативни, рационални и практични, секојпат со нозете цврсто на земја, за разлика од шармантната, романтична и префинета Вага;)

Најдобро можеш да се сложиш со останатите земјени и водени знаци. Со огнени и воздушни никако (освен ако не преовладува некој таков елемент во твојата карта, што те прави нетипичен Јарец).
--- надополнето: 21 јануари 2013 во 13:42 ---
Couldn't agree more on this one;)(y)
фајтерка до крај:LOL::LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom